Власта го продава ЕЛЕМ за "безпари"

  • Креатор на темата Креатор на темата nj9x
  • Време на започнување Време на започнување
Ако е преку докапитализација, добро е за сите. Ама дури не се случи, јас скептик сум.
Ова е ветено лани на избори.
Зголемување на капиталот на ЕЛЕМ
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот четиригодишен период направи многу за финансиско зајакнување и зголе-
мување на инвестициите во најголемата енергетска компанија во земјата – Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Денес,
од финансиски и технички аспект, ЕЛЕМ е една од најсилните компании и најголем инвеститор во земјата.
И во претстојниот четиригодишен период, Владата на ВМРО-ДПМНЕ активно ќе работи на финансиско зајакнување
на ЕЛЕМ, со крајна цел да се обезбедат долгорочни средства за инвестиции и зголемување на домашното производ-
ство на електрична енергија.
Во таа насока, во следниот четиригодишен мандат, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира активности за привле-
кување на домашни и странски инвеститори кои ќе го зголемат капиталот на ЕЛЕМ преку купување на нови акции и
приватизација на најмногу до 49% од сопственоста во ЕЛЕМ. Проектот ќе биде воден од светски реномирани консул-
тантски куќи, во целосно транспарентна постапка, со меѓународен јавен повик до потенцијалните инвеститори (со
објава во реномирани странски и домашни весници). Рок за завршување на докапитализацијата е декември 2013
година.
Со тоа, ќе биде задржана доминантна државна сопственост над ЕЛЕМ, а ќе биде обезбеден доволен капитал за
реализација на сите планирани и идни проекти на ЕЛЕМ. На тој начин ќе го зголемиме домашното производство на
електрична енергија и ќе овозможиме поголемо учество на ЕЛЕМ на регионалниот Балкански енергетски пазар.
Овој процес на докапитализација ќе го реализираме само доколку условите под кои инвеститорите се подготвени да
вложат во ЕЛЕМ се поволни за граѓаните на Република Македонија. Во спротивен случај, ќе изнајдеме алтернативни
начини на финансирање на планираните проекти.

Настрана политичките просерување што ги има во текстот, поентата е дека нема да го продадат управувачкиот пакет на акции. Не смеат да променат ниту збор од ова што го ветиле, за нивно добро.
 
Како прво планот е да докапитализира што нема врска со продажба, ако проценките се дека елем вреди околу 1 милијарда евра некој треба да инвестира 980 милиони евра за да добие 49% од елем што вредоноста на елем после докапиализацијата ке изнесува речиси 2 милијарди евра а тие 980 милиони евра ке се искористат да се изградат енергетски капицитети без едно евро елем да се задолжи што позитивно ке лијае на економијата и притоа пак владата ке има 51% сопственост врз елем што е многу битно за разлика од тоа ако продадат пола од елем само пари ке добијат околу 500 милиони евра и ке завршат како парите од телекомот или од есм ке потрошат за глупости ништо повеке, така да моделот за докапитализација е одличен модел нека се најде стратешки инвеститор што ке учествувува во неа и бенефит сите страни ке видат од неа. Докапитализација е многу корисна работа во економијата а тоа е една од работите кој највеке ни фалат во македонија,кај нас само Tobaco направи IPO и комерцијална банка да го зголеми капиталот направи SPO со странски инвестициски фонд во последните 2 или 3 години и тоа им одлични потези.
 
Власта не го продава ЕЛЕМ народот го продава ЕЛЕМ зошто?
Власта ќе го продаде Елем за да ја плати превработената администрација, бидеќи сите сакаат да бидат партиски војници и да нишаат врата и земаат плата, а никој неки да почни со сопствен бизнис и чесно да ги заработва парите.
Ако повеќето(од мали воспитани за работа) работеа во свои бизниси немаше да има превработена администрација и Елем ке останеше државен исто така и окта и телекомот и тие фирми што доправа ќе се продадат, бидеќи некој треба да ја плати администрацијата која и побројна од администрацијата на шветска, и после Груевски е крив Бранко е крив, целиот македонски народ е самиот за себе крив никој друг.
 
Back
На врв Bottom