Знам точно што сакаш да кажеш. И јас сум "баскетџија" у душа, како тебе и уште неколку тука на форумов. Учев у фискултурно и играв баскет и со Иле и Душко Боцевски, Дејан Димов "Африка", Врба ми беше у клас само 3-4 дена, после се префрли у друго школо. Се сеќавам и коа го донесоа Тони Симиќ у школо од Гевгелија ми се чини, беше изгубен у свемир

Уште неколку испити ми останаа на Виша Тренерска, но отидов набрзина у странство 2002 година и го заебав школото. Сакам да ти кажам дека ја познавам кошарката, но сакам онака не-навивачки да давам оценки. Влатко сигурно не е талентиран како да речеме Сани Бечировиќ,Милош Вујаниќ, или клинецот од Јувентуд што го гледав против Партизан на последната утакмица, не ми текнува името сега, но сигурно е играч од задача кој што би го посакал секој тренер. Што се однесува до него треба да се голтне поносот и од една и од друга страна, и да се закопаат секирите. (Не знам вака од странство каков му е статусот сеа у репрезентацијава, Санктимониус вика дека ќе игра!)