- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 156
- Поени од реакции
- 0
ДПА ја напушта владата - изјава на М.Тачи

Скопје /27/05/ 09:51
Демократската партија на Албанците (ДПА) ја напушта владината коалиција - изјави доцна синоќа за електронските медиуми потпретседателот Мендух Тачи.
Тој ја обвини владеачката ВМРО ДПМНЕ за неисполнување на договореното и за, како што рече, ниското ниво на комуникација.
Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, кој е надвор од државата, не е информиран за одлуката, изјави Мендух Тачи. Тој соопшти дека во петокот имал повеќе телефонски контакти со премиерот.
Одлуката ДПА да ја напушти владината коалиција е дефинитивна и усогласена со лидерот на партијата Арбен Џафери, рече Тачи. Според него, најдоцна во понеделник одлуката формално ќе биде потврдена од највисокото раководство на партијата.
ДПА ја напушта владината коалиција, откако владеачката ВМРО - ДПМНЕ и Демократската унија за интеграција (ДУИ), која е надвор од парламентот, најавија дека се пред постигнување согласност.
Една од забелешките на Мендух Тачи е дека ВМРО ДПМНЕ постигна согласност со ДУИ, а не ги отвори прашањата кои според договорот со ДПА требало да се решаваат. Тачи не прецизираше за кои прашања станува збор.
Непосреден повод ДПА да ја напушти владината коалиција се оставките на четворица високи функционери на Министерството за внатрешни работи (МВР) од оваа партија.
Оставка најнапред поднесе заменик министерот Рефет Елмази, а денеска му се придружија и замениците директори во Јавната безбедност и во УБК Васфи Доко и Ремзи Салиху, како и шефот на Одделот на МВР за цивилни работи Нафи Доко.
Повод е неодамнешната акција на специјалните сили на полицијата во Танушевци
за која има различни видувања. /крај/ р