Владата ги малтретира граѓаните?

  • Креатор на темата Креатор на темата Станоја
  • Време на започнување Време на започнување
Па од кога ќе чекаш два месеци за регистрација на фирма, ќе посетиш неколку десетици шалтери.....а на реклама гледаш дека грујо ти се фали секој ден со едношалтерски системи и регистрации за 5 дена.
Реален, тебе барем те сметам за посериозен член на форумов. Немој со вакви лаги.

Било кој што се занимава со регистрирање фирми во државава со цела документација, сметка во банка и печати ти ја комплетира за максимум 7 дена.

Ако имаш време да тркнеш сам до централен регистар, до банка и да вадиш печати, ја имаш и побргу.
 
Реален, тебе барем те сметам за посериозен член на форумов. Немој со вакви лаги.

Било кој што се занимава со регистрирање фирми во државава со цела документација, сметка во банка и печати ти ја комплетира за максимум 7 дена.

Ако имаш време да тркнеш сам до централен регистар, до банка и да вадиш печати, ја имаш и побргу.

toa mue rabota ,da pisuva seriozni lagi a pecatot na firmata glasi sdsm:smir:
 
toa mue rabota ,da pisuva seriozni lagi a pecatot na firmata glasi sdsm:smir:
Aj без инволвирање партии.

Се обидуваме да дојдеме до вистината во дебатава, партиите се сосема небитни.
 
Малтретираат.
- Оди да чекаш дозвола за извоз (дозвола за извоз еј! секоја држава сака да има извоз, тоа носи пари - кај нас ќе те дупат со денови, ако си среќен)
- Пробај да извадиш документи за да почнеш да градиш нешто, особено ако е во некоја „елитна“ (пффф) населба
- Малтретирање е кога тебе те дупат со давачките за да се покачуваат плати на вработените во државни институции...

Доста е?

Или пробај да застанеш на шалтер. Ти одбери кој.
 
Poarno kje beshe nishto da ne napraeja odkolku ova shto go napravija
Вистина. Колку само глупи и матни закони се донесоа и се преќутеа тоа е нешто неверојатно. Како за пример би го посочил еден закон, прилично глуп... Знаете ли дека за „шлепање“ на возила, и тој што шлепа и тој што го шлепаат, ако ги фати полиција, треба да платат по 200 еура? А?
Сигурно некоја нова кола нема да се расипе, туку ќе се расипе таа постарата, на тој што нема доволно за да си дозволи нова кола! И тој треба сеа да вика влечна служба и да даде 1200-1500 денари, незнам точно (а и неќам да дознаам)за да му ја однесат колата до мајстор...
За тоа многу се нервирам, зашто удираат по џебот на тие што немаат, а такви се многу! Тоа е гревот на оваа влада!
 
Aj без инволвирање партии.

Се обидуваме да дојдеме до вистината во дебатава, партиите се сосема небитни.

taka e samo vistinata tesko da iskoci na povrsina,ne sum privrzanik na ni edna partija a nema ni da bidam ama ednostavno covek ne moze da precuti na komentari od ludje na koi nikogas nisto ne im cini i samo placat i kukaat....ne vikam da ne se kritikuva vladata ama kaj se faktite
 
Гломазната администрација си го зема својот “данок“,јас барем не познавам земја во која има 150 000 административци,за кој владата издвојува по 10 000 евра бруто плата годишно,додека просекот на плата изнесува 2500 евра годишно итоа само за малиот број вработени.Како резултат на вака димензионираниот буџет,бесмислен и парадоксален,се јавува потреба од зафаќања кај народот кој се манифестираат во вид на бесмислени казни за кивање на јавно место,за паркирање во близина на контињер......па се јавуваат перверзни такси во вид на оџачарина,бунарина,драстично се зголемени давачките за вода и други комунални давачки иако во нормалните западни демократии тие се сведени на минимум само за да не изгледа дека нивните влади ги малтретираат сопствените граѓани.Би го напоменал случајот со водата која во Исланд или Финска воопшто не се плаќа,а во Прилеп е 48 денари од кубен метар,иако пред оваа влада беше 8 денари,сличен е случајот и со таксата за собирање смет само што таму донекаде е оправдано затоа што има поголеми трошоци кај енергенсите за возилата кој се користат за таа намена.Згора на се,ригорозните закони кој се донесоа со катастрофални последици за посиромашниот слој на граѓани имаат исто така голем придонес во реалноста да изгледа така како што навистина е,дека оваа влада ги малтретира сопствените граѓани.Во тој контекст би навел само неколку:
-Оваа влада 10 пати ја зголеми цената за плаќање на сопствените дворови кој веќе еднаш ги купиле граѓаните,доколку сакаат истите да останат сопственици на сопствените дворни места.Така во Прилеп таксата за откуп на сопствениот двор се движи од 5-15 евра во зависност од класата на дворното место односно од далечината од центарот на општината.Впрочем секого би го иритирал фактот кога за 300 метри квадратни дворно место со платени комунални давачки пред изградбата,корисникот на земјиштето сега мора да доплати уште 1500 до 4500 евра,доколку сака дворот да остане во негова сопственост.
-Оваа влада донесе закон за работничките права со кој на работниците им ги сведе правата како на робови,нешто за што всушност ни во феудализмот не се ни помислувало,дојде време да се реализира во практика.
-Оваа влада донесе административен буџет со кој се задоволува само еден дел од граѓаните,итоа оние кој и реално не беа толку засегнати да обезбедат гола егзистенција и да ги платат основните давачки.
Објаснувањата од типот дека законите се по Европски терк,не држат вода,зошто и покрај воспоставеното ГЕТО во оваа држава,има доста печалбари кој укажуваат дека сите овие непопуларни погоренаведени мерки кој го иритираат просечниот народ во Македонија,не кореспондираат со Европските закони и со рамномерноста според нивните примања кој се 10 пати повисоки во однос на нашите а згора на се и невработеноста таму за разлика од Македонија изнесува дури и 10 пати повеќе кај нас одколку во ЕУ.:toe:
 
AБЦ, искрено, ама најискрено, си аплицирал ти за работа во јавна администрација па те одбиле? :)
 
AБЦ, искрено, ама најискрено, си аплицирал ти за работа во јавна администрација па те одбиле? :)

Никогаш не сум ни помислил,од својата 18та година сопствениот леб го вадам со сопствени раце,верувај дека мирно спијам иако 3-4 саати во последно време,ама секому можам да му погледнам во очи и да не ја наведнам главата како да се срамам што му сум зел макар и еден денар настрана од она кое сум си го заработил.Верувај дека немам апсолутно никаква аверзија или чувство на освета против администрацијата,ама ова е претеризам ебаго,сум ја поминал цела Европа но вакво нешто не сум ни помислил дека некому може да му се случи,да страда од сопствената влада.:toe:
 
Симптоматично е што секој пљука по влада, по режим, по администрација, по избори, по политика, секој знае дека вака не ја бива...но на крај, ВМРО победија со дури 61 пратеници...кој ги гласаше, чудо едно. Или сами се гласаа, или па народот ги гласал.

Тражили сте гледајте? Така се викаше?
 
Симптоматично е што секој пљука по влада, по режим, по администрација, по избори, по политика, секој знае дека вака не ја бива...но на крај, ВМРО победија со дури 61 пратеници...кој ги гласаше, чудо едно. Или сами се гласаа, или па народот ги гласал.

Тражили сте гледајте? Така се викаше?

Па ваљда ни овој народ нема да биде толку глуп да падне два пати на “сентиментална“ патриотска финта,окулу смена на она што никој жив не може да го смени како името на пример.Или мислиш дека има сеуште блентава опозиција која би се самоубила во обид да продаде “Грчка тан-алва“ кај луѓе кој се алергични на сусам од кој се прави танот?:toe:
 
Од досегашниве муабети на 4 страни досега не видов дека владата ме малтретира. Ај кажете аман кај тоа стварно ме малтретира (осим плукање за исхрана на птици). Ако пак регистрирате фирма секој месец тогаш тоа е нешто друго. Како не бе, претходната влада ти даваше дозвола за фирма за 1 ден. Ее, колку мучки со извозни дозволи под рака и со мито, колку незаконски пререгистрации на фирми, колку крадење на земјиште (и сега не се знае кој работи со голем дел од пасиштата), колку зезанции имаше у катастар од претходните (вклучувајќи ги апсолутно сите претходни влади), па то чудо едно.
Мене ме малтретира матичниот лекар, наставниците кога идам на родителски, ама владата :toe:
Башка па истите би ги гласал, шо да не, периодот 1992-2006 и не е така далеку за да се заборави така брзо.
 
Симптоматично е што секој пљука по влада, по режим, по администрација, по избори, по политика, секој знае дека вака не ја бива...но на крај, ВМРО победија со дури 61 пратеници...кој ги гласаше, чудо едно. Или сами се гласаа, или па народот ги гласал.

Тражили сте гледајте? Така се викаше?

Јас не ги гласав. Имам право фа плукам? Башка овде не казнуваат за плукање по улица, не се секирам за пари ;)
 
:) pljuckanje na javno mesto, registriranje firma..toa se be egzoticni raboti i, ako nekoj ne saka ne mora da gi upraznjava..:)
.....no IZDRZUVANJE NA OGROMNA administracija koja kancerogeno raste, a pri toa e se po nekvalitena, plakanjeto na ojlevci,dojlevci, ONA heroi,federalisti i iredentisti od site proviniencii i slicno so debeli pari, trosenjeto pari na nepotrebna reklama i propaganda.....e veke MALTRETIRANJE... :) perfidno i mazohisticko....
.............no za najdolnite evropski MIVKI nisto ne e dovolno loso...ke smislat vladetelive i poveke...:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom