Влада на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Darling
  • Време на започнување Време на започнување
Решено е.
Грците не блокираа, го дадовме името.
Сега бугарите не блокираат, ќе им го дадеме јазикот.
Албанија кога ќе не блокира ќе им дадеме територија.
И Србија кога ќе не блокира, ќе им дадеме црква.
 
И ја не знам што запна со бугариве, голем кур ако прифати се што бараат. Буквално сите историски личности ги призна дека не се наши сеа за гоце делчев ќе се натегаме. Тие што им била битна историјата одамна кренаа раце од државава, а на подржувачите негови не им мења и све до 1945 да отпишеме. Никаква логика нема ради ова со бугарите да не добиеме датум.
Зашо уште датумот остана да ни крене у животот.
 
Работата е што ние нашиот идентитет во глобала го темелиме врз историските настани и личности од XIX и XX век, се до АСНОМ. Пост асномски секоја идентитетска наобразба, секое културно и литературно творештво, образовен процес, политичко делување ни почива врз тој период. Избриши го илинден и асном и добиваш лабораториски креирана нација, вештачка што би рекле бугарите. Тие секако неможат да го оспорат правото на самоопределување, меѓутоа тоа ним не им е многу ни важно. Слично како овие со бугарските пасоши. Дал изјава дека е бугар, однел документ црно на бело од претци дека се бугари, со изјавата де факто го потврдил тоа и после кога ќе добие пасош повторно си се идентификува како македонец, никој тоа право не му го спори, ти биди и марсовец ама во реалноста твојата бугарштина е документирана со твој потпис. Ти останува уште духовно да се тешиш оти си нешто таму недефинирано, а уствари си се претворил во табула раса врз која што друг ќе ти диктира кој си и што си.
За мене барем овој спор е идентитетски многу поопасен од оној со грците. Нема овде компромиси, секој договор би значел компромитација на нашиот идентитет.
Нема никакви разлики помеѓу грчките барања и бугарските. Нас историјата и идентитетот ни го дефинираа античките македонци од кога знам за себе, можда било историска грешка ама народот се идентификуваше со тоа. Грујо само поише го експонираше. Сеа ние се откажавме од тој дел од идентитетот не дека некој историчар ни докажа дека неаме врска со нив, туку под притисок од Грција и Еу. Во превод свесно го прежаливме тој дел од историјата за да добиеме датум.

Сега се наоѓаме иста ситауција само со друга земја, каде пак треба да се откажеме од друг дел од индентитетот и историјата за добиеме датум. Значи двете одстапки се подеднакво болни, ама ако не ги прифатиш двете едната си ја направил буквално за џабе :)
 
Зашо уште датумот остана да ни крене у животот.
Не ми е поентата дали вреди датумот или не, туку коа си тргнал по тој пат смешно е да се откажеш на последните 100 метра.
 
. Никаква логика нема ради ова со бугарите да не добиеме датум.

Можно е и да они во некоја луда теорија уствари ја уценуваат ЕУ за датум, со неспроведување на договорите и ставање на постоењето на земјата под прашалник ради неинтеграцијата. Демек грижа на совест да набијат некому, као ги заболе курот нив :D

Озбилно, не ме чуди вака да размислуваат, не се тоа мали кретени.
 
Не ми е поентата дали вреди датумот или не, туку коа си тргнал по тој пат смешно е да се откажеш на последните 100 метра.
Кои последни 100 метри бе другар? Ние не сме тргнале уште.Нешто си ги измешал брзините
 
Датум веќе имаме добиено, и тоа неколку пати досега. Не знам кој ви е филмот со тоа датумот датумот.

1.png


qHKrfxb.png


H2KIHxz.png


 
Кои последни 100 метри бе другар? Ние не сме тргнале уште.Нешто си ги измешал брзините
Последните 100 метра од историјата. Моментално сите историски личности пред 19ти век се отпишани од наша страна, значи од Александар до Самоил, се со цел да го добиеме тој датум за преговори. И сеа нема да го добијат тој датум поради последното спорно прашање. Неам ништо измешано. Демек ај од Александар се откажавме ама Гоце ни е црвената линија?

Сите околни земји основата на својата нација ја темелат на илјада години историја, во нивни очи дали сме создадени во 19ти век или 20ти е небитно. Ме сваќаш?
Овде некој нешто дрибла, или ќе го представат договорот како некаква победа или разбрале дека нема никаков датум у план.
 
Нема никакви разлики помеѓу грчките барања и бугарските. Нас историјата и идентитетот ни го дефинираа античките македонци од кога знам за себе, можда било историска грешка ама народот се идентификуваше со тоа. Грујо само поише го експонираше. Сеа ние се откажавме од тој дел од идентитетот не дека некој историчар ни докажа дека неаме врска со нив, туку под притисок од Грција и Еу. Во превод свесно го прежаливме тој дел од историјата за да добиеме датум.

Сега се наоѓаме иста ситауција само со друга земја, каде пак треба да се откажеме од друг дел од индентитетот и историјата за добиеме датум. Значи двете одстапки се подеднакво болни, ама ако не ги прифатиш двете едната си ја направил буквално за џабе :)
Антиката веќе беше монополизирана од страна на грците, тие тој историски период го брендираа како нивни уште пред нас. Кулминација доживеа во текот на 90тите. Тој историски период се изучува како грчки веќе низ светската литература, независно од историските податоци. Антиката е ептен магловита историска етапа подложна на различни толкувања од разно-разни научни кругови за разни туѓи интереси, не може точно да се прецизира, има многу малку пишани докази за разлика од периодот на 19ти и 20ти век кој што е релативно нов, до вчера имаше живи сведоци, постојат куп документи и архивски податоци и има огромен простор да се спори и докажува во однос на бугарските тези. Впрочем тука настанува целиот апсурд.

Нам за нашиот идентитет ни е поважен тој период, кој што во суштина е период на национално будење на овие простори, создавање на нации и држави пост пет вековното турско владеење. Главни темели врз кои што почива нашиот идентитет се пред и пост илинденскиот период, заедно со АСНОМ каде што беше втемелена нашата државност врз основа на таа илинденска национална борба, заедно со антифашистичката. Бугарите сакаат до го избришат целиот тој период до 45та и целото тоа национално будење да го прикажат како бугарско. Борбата за национална самостојна држава да ја прикажат како борба за присоединување кон Бугарија на наводното бугарско население. Илинденското востание да биде бугарско востание, а антифашистичката борба како граѓанска војна. Тоа значи бришење на АСНОМ а со тоа и создавање на вештачки народ, вештачка нација со бугарски елементи во нејзиното постоење.
 
Секој што се разбира барем малце од политика јасно му е дека Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ. Не исполнуваме критериуми за членство во ЕУ, со вработување партиски ботови во администрација, со корумпирано судство, со партиски реваншизам, со местење тендери, без реформи во образование нема што да бараме во ЕУ. Во ситуација кога В. Британија ја напушти унијата, а расте евроскептицизмот кај другите држави, пред се мислам на Италија, Шпанија и Португалија последно нешто што му треба на ЕУ е да направи нова грешка како пред 13 години кога ги примија Романија и Бугарија.

Не направија ниту една суштествена реформа за три години владеење. Името никогаш не беше главна пречка за започнување на преговори со ЕУ, ако Македонија одеше по прогресивниот пат (оној вистинскиот, а не оној на куртоните од твитер ) притисокот ќе одеше на страната на Грците. Но, Македонија не направи никаков прогрес на ниту едно поле 30 години после осамостојувањето и затоа не заслужува и нема да добие датум за преговори. Сега кога спорот со името е решен, ЕУ го користи џокерот Бугарија како нов изговор за недавање на датум. Само што сега изгледа на идиотиве им е дадено дознаење дека никогаш нема да станеме члеки, па затоа сега ќе имаме имаме вакви патриотски излети од Димитров и Заев отакако со гордост и ентузијазам ги рушеа таблите со името Република Македонија и брусеја шакти со знамето на Вергина.
 
Нема врска дека ЕУ ги користела бугарите за да не' одбие. Баш напротив, татарите ја користат ЕУ за некои нереални барања да се откажеме од јазикот, правото на самоопределување и уште тон глупости. А дали сме или не за ЕУ е дискутабилно. Сигурно дека сме моментално едно 100 пати подобри од своевремено Романија и Бугарија, како и пример Грција кога тие стапиле во унијата, само како што се напомена погоре климата денес е драматично изменета, а и исламофобијата во Европа е на највисоко ниво во поново време, што е реално проблем, со оглед на тоа дека треба да стапиме во унијата со Албанија и големо муслиманско малцинство(кое во меѓувреме се ближи кон мнозинство). Не дека Франција пример не е дувло на исламизмот или пак Германија, туку така функционира политиката, а посебно во овие бурни времиња. Како и да е, никој не знае што ќе биде во иднина. Можно е да има некој потрес и великотурцизам па на брзина да не пикнат во унијата како штит против Турците, а можно е и пример да си останеме надвор и приказната да заврши со мини-шенген. Ќе видиме, но факт е дека очајно ни треба некаков патронат, зашто едноставно немаме ни знаење ни почит кон државата за да станеме нов Израел. Бугарија и Романија со милион фаули стигнаа до некој левел, кој без ЕУ можеа да го сонуваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom