Работата е што ние нашиот идентитет во глобала го темелиме врз историските настани и личности од XIX и XX век, се до АСНОМ. Пост асномски секоја идентитетска наобразба, секое културно и литературно творештво, образовен процес, политичко делување ни почива врз тој период. Избриши го илинден и асном и добиваш лабораториски креирана нација, вештачка што би рекле бугарите. Тие секако неможат да го оспорат правото на самоопределување, меѓутоа тоа ним не им е многу ни важно. Слично како овие со бугарските пасоши. Дал изјава дека е бугар, однел документ црно на бело од претци дека се бугари, со изјавата де факто го потврдил тоа и после кога ќе добие пасош повторно си се идентификува како македонец, никој тоа право не му го спори, ти биди и марсовец ама во реалноста твојата бугарштина е документирана со твој потпис. Ти останува уште духовно да се тешиш оти си нешто таму недефинирано, а уствари си се претворил во табула раса врз која што друг ќе ти диктира кој си и што си.
За мене барем овој спор е идентитетски многу поопасен од оној со грците. Нема овде компромиси, секој договор би значел компромитација на нашиот идентитет.