Влада на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Darling
  • Време на започнување Време на започнување
Изјавата на Груби:
Со СДСМ договорени сме за поделбата на позициите на заменици-министрите и државните секретари како и основна поделба на некои од директорските места, што всушност е размена на директорските позиции како на пример, на Пошта со МЕПСО или пак, Фондот за пензиско со ЈПДП. Целта за да бидеме попродуктивни и да дадат подобри резултати.

Како доказ дека е направена фер размена на директорски места, за нов директор на Пошта треба да биде именуван сериозен кадар, на пример г-динот д-р Драги Рашковски. :kafence:
 
Не знам како некој од СДС не го погледнал договоров и рекол дека е лудост и неприфатлив. Не за друго, ништо нема да остане за нив за крадење.
 
- Поефтини цени, попристапна и квалитетна храна за граѓаните
- 10 пати повеќе од она што се дава во вид на субвенции се враќа како девизи во државата
- Царини, такси, даноци на сите работи што се поврзани со земјоделството воопшто да не правам муабет (не се фрлени пари во бунар туку се враќаат)
- И најважно околу 300к фамилии имаат некаков приход од земјоделство, да го немаат веројатно ќе имаат причина плус побрзо да заминат од државата. Еве на пример во моментов тутунот го држи народот во руралните средини, нека ги укинат субвенциите таму и ќе видиш каков демографски потоп ќе има по селата

Најверојатно овие од ЕУ се повеќе паметни од некои други чим ги зголемуваат субвенциите наместо да ги намалуваат според твојата логика оти се џабе
Царина на извоз не се плаќа, се плаќа на увоз нашите субвенци завршуваат како царина на Германија и ја пуниме Бундес касата на Швабите. Нема ДДВ нема земјоделски производи. Сега ќе нема ни персонален данок за земјоделски приходи. Во превод станува Миле од Свирипичино дути фри шоп. Плус се ослободени од данок и има милион поволности за мехнизација, нафта, семиња и ѓубрива. Со секој патлиџан извезен одат македонски даночни пари во уста на Штефан од Дојчланд.
 
Многу просто гледаш на работиве, патлиџанот што го извезуваме од тука ни носи девизен прилив кој тука го трошат земјоделците. Фабриките за преработка извезуваат готови производи, плаќаат даноци и вработуваат луѓе, се плаќа царина на увоз на препарати/материјали/механизација и имаат ддв итн. Плус данокот на приход нема да се укине само ќе се зголеми границата, само оние помалите земјоделци нема да плаќаат данок на приход кои се до 1, 2 милиона денари.
 
Царина на извоз не се плаќа, се плаќа на увоз нашите субвенци завршуваат како царина на Германија и ја пуниме Бундес касата на Швабите. Нема ДДВ нема земјоделски производи. Сега ќе нема ни персонален данок за земјоделски приходи. Во превод станува Миле од Свирипичино дути фри шоп. Плус се ослободени од данок и има милион поволности за мехнизација, нафта, семиња и ѓубрива. Со секој патлиџан извезен одат македонски даночни пари во уста на Штефан од Дојчланд.
Воглавно секаде е субвенционирано и неисплатливо земјоделието од причина што е клучна гранка, а слабо луѓе се нафаќаат на нејзе. Пример во Дојчланд литар млеко Мегле го купува за 0.25 евра, што е крајно неисплатливо, па затоа е дебело субвенционирано. Јбг не можеме без храна.
 
Сами си правиме штета ама ај... Ќе има плачење после ама...
 
За држава што се декларира како аграрна, во која што пред 5-60 години грото од населението живееше во рурални средини и се занимаваше исклучиво со земјоделие и сточарство, која само иронија е да постои толкав анимозитет кон земјоделецот и генерално кон оваа група на граѓани кои што веројатно се едни од последните кои што со труд и пот, чесно си го вадат лебот, наспроти купот криминалци и административни џаболебари, партиски подлизурковци...просто неверојатно.
 
За некој толку голем борец за Македонија, кој е дел од нашата химна....кој е црпнатиот да преговара дали е Македонец или не......болен човек.
 
За држава што се декларира како аграрна, во која што пред 5-60 години грото од населението живееше во рурални средини и се занимаваше исклучиво со земјоделие и сточарство, која само иронија е да постои толкав анимозитет кон земјоделецот и генерално кон оваа група на граѓани кои што веројатно се едни од последните кои што со труд и пот, чесно си го вадат лебот, наспроти купот криминалци и административни џаболебари, партиски подлизурковци...просто неверојатно.
Никој не е будала да избере земјоделие ако може в канцеларија, особено државна работа, да виси на Facebook, а на први плата, која не е помала од земјоделската. Да 'рмба ко коњ, нон-стоп со неплатени сметки, од утро до мрак, ќе добие некоја пара, па со нив што побргу, дали сметки заостанати да плати, дали „репроматеријал“, дали за деца компјутер, облека, храна...
 
Да ама субвенциите ја пропаднаа државата... колку пати сум го слушнал овој муабет и тоа од луѓе што врска немаат од земјоделие, посебно од овие административниве копуци, тоа чудо едно колку неинформиран народ живее на толку мала територија.
Тој што мисли оти ќе се збогати од земјоделие во државава, бујрум, ако има идеја слободно нека проба. Ене му ја Пелагонија, празни орници колку ти душа сака. Нека го продаде кокошарникот во Скопје ќе има доволно да купи цел чифлиг во било кое село и кусур ќе му остане.
Муабетиве ко еден иселеник познаник, ја реновира куќата на село за ко ќе дошол до пензија таму да се врател, пази, од Шведска. Тоа во селото родно двајца без тројца, пат нема, водовод ич...ене го уште се враќа да седи на чардак.
 
Земјоделие е клучна гранка, но исклучително неатрактивна, па затоа неопходно е да се субвенционира, пошто како што кажав без храна не се може. Треба фала да му се каже на секој земјоделец што во ваква криминална и хоштаплерска држава се нафаќа да рмба по цел ден и на крајот во очи да го лажат. А и чим цела Европа го субвенционира и нашите мора, за да бидеме конкурентни.
Е сега единствено во САД од западниот Свет мислам дека нема никакви субвенции, ама таму мексиканци на црно работат за да бидат конкурентни. Барем во граничните градови од држави Н.Мексико.
Во другите делови 'рмбаат едно дупло повеќе од нашите земјоделци, а и има рестрикции на продажни цени, кои воглавно се почитуваат, па затоа им се исплати.
 
Сегашниот прв вицепремиер Артан Груби до Комитите "За вакво однесување нема место во нашето ново општество"
Ама он можел да тепа каури и да руши црква на Кале во први борбени редови
 
Земјоделие е клучна гранка, но исклучително неатрактивна, па затоа неопходно е да се субвенционира, пошто како што кажав без храна не се може. Треба фала да му се каже на секој земјоделец што во ваква криминална и хоштаплерска држава се нафаќа да рмба по цел ден и на крајот во очи да го лажат. А и чим цела Европа го субвенционира и нашите мора, за да бидеме конкурентни.
Е сега единствено во САД од западниот Свет мислам дека нема никакви субвенции, ама таму мексиканци на црно работат за да бидат конкурентни. Барем во граничните градови од држави Н.Мексико.
Во другите делови 'рмбаат едно дупло повеќе од нашите земјоделци, а и има рестрикции на продажни цени, кои воглавно се почитуваат, па затоа им се исплати.
Долга и широка е приказната како македонското земјоделие стигна до ова дереџе. Како причина повеќе би ја навел немањето национална стратегија за развој на земјоделието од ниту една влада од осамостојувањето до денес, особено после распадот на ЈУ и губењето на пласманот.
Кај нас субвенционирањето во земјоделието повеќе би рекол дека е од популистички побуди и социјална мерка, отколку што има за цел да овозможи натамошен развој на оваа традиционална гранка кај нас. Субвенциите се едниствениот механизам преку кој секоја власт допира до земјоделецот во ек на предизборие. Исклучи ги субвенциите и добиваш огромна маса на гласачко тело која што нема ама никаква причина да излезе на избори, не зависи директно од државата по ниту еден основ, оти реално не добива ништо од неа. Вака подели субвенции, пензии, плати за јавната администрација и добиваш избори.
 
Нема да ме изненадат да воведат универзален приход за секого. Кога подминтуваш гласачи со пари на гласачи има генијална пирамидална шема. А гласачи гласаат кој ќе им даде повеќе пари и имаш политичко перперту мобиле.
 
"Демократскиот сојуз предлага Македонија да го задржи пропорционалниот модел, но да биде една изборна единица, со отворени листи и без изборен праг."

Павле легендо, конечно нешто и ти да предложиш, да сработиш. Изглеа од зец изјавата се измотивирал, за 8 саата у канцеларија и да нема работа нешто ќе се сработи.
Иначе супер му е предлогов.
Вака уште позамрсено ќе биде, очи ќе си вадат 100 партии, ќе има сеири.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom