humanoid напиша:
Памтам имаше македонска една веб страна на која беше многу убаво објаснето зошто имаме проблеми со визите и како би можело да се реши тоа.
Мислам дека знам за која страна зборуваш. Пробав и не успеав да го најдам линкот, али затоа ја имам снимено уште на времето 2003-2004(??) :wink:
Исто е убаво да се прочита и ова од "Вечер":
http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=6021
Следи copy-paste од стариот текст (во оргиналот ја нема точката број 10, од 9 оди на 11):
=========================================
1. Зошто ни бараат шенген визи?
Затоа што сеуште немаме потпишано Договори за реадмисија со сите 15 земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги Норвешка и Исланд кои се во Шенген, а не се членки на ЕУ. Тоа е процес кој трае најмалку една година, што всушност е времето потребно на усогласувањето на текстот на секој договор со секоја земја. Со некои имаме договор, со повеќето немаме.
2. Што е тоа Договор за реадмисија?
Тоа е Договор за преземање, со кој две држави билатерално се согласуваат, без посебни формалности, да ги преземат сите свои државјани кои нелегално престојуваат во таа земја. Исто така, земјите се согласуваат да ги преземат и државјаните на трети земји, кои притоа транзитирале низ било која од нив. Сите држави во Европа кои меѓусебно немаат визи, ги имаат потпишано овие договори. Значи, не измислуваме ништо ново, тоа е долгогодишна пракса во Европа.
Исто така, нема никаква опасност од масовно враќање на наши државјани што се во други држави, бидејќи сите тие во изминативе години (од 1991 па наваму) досега го исполниле условот за стекнување државјанство на земјата каде живеат, што значи тие се наши по род, а не и по државјанство.
Пример како тоа функционира во пракса:
Договор за реадмисија помеѓу Италија и Македонија:
· Италија би побарала од Македонија да си преземе, на пример, тројца свои државјани на кои им истекол тримесечниот престој без виза. Македонија во рок од неколку денови испраќа допис во кој се согласува на реадмисијата.
· Патните трошоци за депортацијата од Италија во Македонија паѓаат на товар на Италија, како барател.
Или
· Македонија бара од Италија да си ги преземе назад своите, на пример, седум државјани кои немаат веќе право на престој во Македонија затоа што им изминале 90-те денови безвизен режим за престој во Македонија. Италија во рок од неколку денови испраќа допис во кој се согласува на реадмисијата
· Патните трошоци за депортацијата од Македонија во Италија паѓаат на товар на Македонија, како барател.
Или
· Италија бара од Македонија да преземе тројца државјани на Мароко, кои пред да пристигнат во Италија транзитирале низ Македонија. Македонија се согласува, а патните трошоци паѓаат на товар на Италија. Кога ќе дојдат тука, во нивните пасоши се гледа низ кои земји поминале. На пример, поминале низ Бугарија. Бидејќи имаме договор за реадмисија со Бугарија, ги враќаме во Бугарија, а пак таа ги проследува понатаму.
3. Со кои држави имаме договори за реадмисија? (податоци од април 2002)
1. Италија (Сл. весник на РМ бр.34/97) во сила од 23.10.1997 година
2. Швајцарија (Сл. весник на РМ бр. 27/98) во сила од 22.07.1998 година
3. Словенија (Сл.весник на РМ бр.21/98) во сила од 01.02.1999 година
4. Франција (Сл. весник на РМ бр.13/99) во сила од 17.07.1999 година
4. Со кои држави сме во постапка за склучување на договори за реадмисија? (податоци од април 2002)
1. СР Германија од мај 1998 година
2. Унгарија - склучен во септември 2001, не е ратификуван, објавен и не е влезен во сила
3. Украина - текстот е усогласен 2001 и чека на потпишување
4. Романија - март 2000 година
5. Бенелукс - март 2000 година
6. Словачка - склучен 05.05.2000 година, не е ратификуван, објавен и не е влезен во сила
7. Хрватска - склучен во септември 2001, не е ратификуван, објавен и не е влезен во сила
8. Данска - август 2000 година
9. Албанија - текстот е усогласен 2001 и чека на потпишување
10. Бугарија - декември 2000, не е ратификуван, објавен и не е влезен во сила
11. Чешка - февруари 2001 година.
5. Со кои држави треба допрва да ги започнеме преговорите за договор за реадмисија?
Како приоритетни треба да бидат: Шпанија, Португалија, Велика Британија, Ирска, Шведска, Норвешка, Финска, Исланд и Грција.
Како второстепени, кои се надвор од шенгенскиот систем, но земји со кои исто така е потребен реадмисионен договор, се: Полска, Турција, Литванија, Латвија, Естонија, Белорусија, Русија и Албанија.
6. Но, договор за реадмисија имаме со Словенија, па пак ни требаат визи за таму?
Точно така, а тие ќе бидат отстранети истиот ден кога ќе ја урнеме Шенгенската завеса.
Значи, откако нема да ни требаат шенген визи, веќе наредните денови за нас ќе бидат отворени границите на Романија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Словенија, Литванија, Латвија, Естонија, Швајцарија и така со ред.
ВАЖНО:
Склучувањето на договори за реадмисија не е во надлежност на Министерството за надворешни работи. Тоа е прашање од областа правдата, имиграцијата, граничната контрола и внатрешни работи, и затоа нив ги склучува нашето Министерство за внатрешни работи со своите соодветни колеги од овие земји.
7. Што е следно што треба МНР да го направи во насока на укинување на шенген визите?
Тука имаме две можности:
· МНР да се обрати со официјално барање до МВР каде што ќе објасни дека е во наш интерес што е можно завршувањето на веќе почнатите преговорите за реадмисија, и уште побрзо започнување на преговори за склучување договор за реадмисија со горенаведените држави, целата постапка да се брои во денови, а не во недели или месеци.
Или
· МНР да упати официјално барање до Владата на Република Македонија со препорака, заради укинување на визниот режим, таа (Владата) на својата наредна седница веднаш да го задолжи МВР да започне итна постапка за склучување договори за реадмисија со сите земји-членки на шенген и ЕУ.
Доколку сакаме да трае пократко, што ќе рече да не си го губиме времето во нови преговори, тогаш треба да побараме обновување на старите договори за реадмисија кои СФРЈ ги има склучено со тие земји. Ако нема со сите, со оние со кои имала.
Конкретно:
· Словенија сеуште го користи бившиот договор за реадмисија на бивша СФРЈ со Шпанија, во догледно време нема да потпишуваат нов договор. Тука Словенците побарале обновување, иако првобитната намера на Шпанија била да не се обнови и само поради Шпанија на Словенците ќе им требаа Шенген визи. Исто го користат и стариот договор на СФРЈ со Велика Британија.
· Хрватска ги има обновено старите договори за реадмисија на бивша СФРЈ со Бугарија и Турција, согласно дописот помеѓу мене и госпоѓа Снежана Новак, раководител во Министерството за надворешни работи на Хрватска, каде таа информира дека сегашниот безвизен режим на Хрватска во 80% случаи се должи на обновените договори со бивша СФРЈ.
· Јапонија сеуште се држи до стариот договор со СФРЈ и го применува на сите бивши ЈУ републики.
· Куба сеуште го почитува стариот договор со СФРЈ и тој важи сите бивши ЈУ републики.
· Еквадор и Тунис исто така... Да не набројувам понатаму.
Всушност, тие може да ги укинат старите СФРЈ договори, но ние треба да побараме пак да се обноват. Едноставно а во исто време во голема мерка ефикасно.
8. Што правиме со пасошите?
Сегашните мора да се сменат и да имаме тнр. machine readable passports. Добро што многу бргу може да очекуваме напредок во таа насока. Во меѓувреме, од огромна важност е реадмисијата, процес што паралелно да го тераме до крај.
9. Ама кај нас имаше воени судири, ем многу сакаат да си одат од Македонија и да живеат во странство, а кога ќе нема визи сите ќе се отселат.
· Хрватска ги укине шенгенските визи токму во најголемите воени виори што ја погодија (1995 година), кога оваа земја војуваше за ослободување на јужните краишта
· Латвија ги укина шенген визите а акутен проблем на таа земја е иселувањето на младите во странство (звучи познати, нели?). Повеќе за ова прочитајте во весникот Baltic Times (
http://www.baltictimes.com/ и потоа се бира во archive) во бројот од 16 март 2001 година и само обрнете на статистиките колку млади од 20 до 35 годишна возраст заминале од државата. Всушност, ова е акутен проблем на сите балтички земји.
· Естонија има 40% руско малцинство, а без визи патуваат во Канада, Австралија и Европа.
· Латвија има 35% руско малцинство.
· Економската ситуација во Полска не е нималку розова, а во интерес на просторот тука ќе се воздржам од давање конкретни податоци.
11. Но во овие земји стандардот за живеење е многу поголем отколку кај нас.
Апсолутно неточно.
· Бугарија економски е многу посиромашна од нас, без разлика на воените судири што ги имавме.
· Латвија е на потполно исто ниво со нас, како по висината на просечната плата, така и по висината на цените и редица други земји.
· Романија исто така е земја со висок степен на сиромаштија и лоши економски услови. Згора на тоа Романија има 22 мил. жители
=========================================