Visual Basic апликација на Линукс?

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.680
Изводливо е? Некој успеал до сега да го направи? Сум слушнал за неколку симултатори, но сепак, не сум доволно упатен за да можам да стартувам .еxe фајл на Линукс.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Ако не е .NET, не би требало да има проблем да се стартува со wine.

Дигни една виртуелна машина, стави некоја дистрибуција, инсталирај wine и пробај.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.680
Ако не е .NET, не би требало да има проблем да се стартува со wine.

Дигни една виртуелна машина, стави некоја дистрибуција, инсталирај wine и пробај.
Ќе пробам... ме интересира дали е тоа чудо изводливо, или пак дали има некој компајлер за VB за линукс. И такво нешто подразбрав, ама врска неам дали го има и како функционира.

Инаку, се на се идејата потекнува од Android оперативниот и таблетите... Ако се сеќаваш работев на апликација за таблет, е сега поентата е тоа што Android таблет е речиси двојно поевтин од таблет со Windows... а горе долу ја брка истата работа. Java незнам да работам (ниту имам намера да учам за брзо, PHP/ASP и VB знам), па од таму барам решение за идни слични проблематики.

Имаш некој предлог? Или да земам да се позанимавам со rubby, пошто тој јазик ми го кажаа како доста добар за Linux апликации.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
За да нема збунка, Android != (дистрибуција на) Linux.. програмите не им се компатибилни (ARM vs x86). Така да, ако сакаш апликацијата да ти работи и на Android или iOS, ќе треба да ја прекодираш во Java или Objective-C.

Јас лично немам работено, ама ѕирни ги AppInventor и basic4android, може ќе ти се најдат.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Сигурен си за ова? Пошто 99% мислам дека Android е дериват на неуспешниот Google OS кој беше Ubuntu во суштина.
Android's kernel is derived from Linux but has included architecture changes by Google outside the typical Linux kernel development cycle. Android does not have a native X Window System nor does it support the full set of standard GNU libraries, and this makes it difficult to port existing GNU/Linux applications or libraries to Android.
Значи е базиран на Linux кернел, ама Android е многу повеќе од само кернелот, а не ги користи ни стандардните GNU и Java библиотеки.

Не можеш да искодираш апликација која работи на Linux (и/или Windows), па само да ја префрлиш на Android и да работи без проблем.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
8.953
Поени од реакции
8.786
Сигурен си за ова? Пошто 99% мислам дека Android е дериват на неуспешниот Google OS кој беше Ubuntu во суштина.
Ме изнасмеа, со реченицава, прво Chrome OS нема врска со Ubuntu, второ сеуште не е готов, допрва треба да излези :)
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Ме изнасмеа, со реченицава, прво Chrome OS нема врска со Ubuntu, второ сеуште не е готов, допрва треба да излези :)
Chrome OS, во суштина, е Ubuntu-базиран оперативен систем, само со тешки измени. А Android и Chrome OS се сосема различни системи (иако Android работи на модифициран Linux kernel).

@Dzish: Доколку би работел на Ubuntu таблет наместо на Android базиран, 99% сум сигурен дека со Wine не би имал проблем за извршување на VB Windows апликација, дури и да е базирана на .NET фрејмворкот.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.680
Ме изнасмеа, со реченицава, прво Chrome OS нема врска со Ubuntu, второ сеуште не е готов, допрва треба да излези :)
Не сум линуксаш којзнае колкав... не ги пратам многу линуксите, ама имав инсталирано за проба некое срање од Google како оперативен систем. Ваљда некоја верзија на Google OS ќе да беше, не се сеќавам баш добро. Знам дека беше лош за работа, а трошеше ресурси на компјутерот како Vista.

--- надополнето ---

Не можеш да искодираш апликација која работи на Linux (и/или Windows), па само да ја префрлиш на Android и да работи без проблем.
Немам ни намера да го правам тоа, доволно ми е да работи на Linux.

--- надополнето ---

@Dzish: Доколку би работел на Ubuntu таблет наместо на Android базиран, 99% сум сигурен дека со Wine не би имал проблем за извршување на VB Windows апликација, дури и да е базирана на .NET фрејмворкот.
Проблемот е што Android таблетите имаат некој бош ARM процесор... не пали Windows на нив (нема драјвер), инаку ако е изводливо да преинсталирам оперативен, одма ќе го манам по уши Android-oт и ќе инсталирам Windows.
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Проблемот е што Android таблетите имаат некој бош ARM процесор... не пали Windows на нив (нема драјвер), инаку ако е изводливо да преинсталирам оперативен, одма ќе го манам по уши Android-oт и ќе инсталирам Windows.
Постојат повеќе GNU/Linux дистрибуции кои користат кернел искомпајлиран токму за ARM процесорите, од кои и Debian/Ubuntu дистрибуциите, па може да пробаш после преку нив со Wine.
Од друга страна пак, ако не си многу многу по линуските, од Microsoft неодамна најавија дека следниот нивни OS би работел и на ARM, па ако не ти се брза, почекај го Windows 8. :)
 
На врв Bottom