IgorChete
27
- Член од
- 4 февруари 2009
- Мислења
- 7.733
- Поени од реакции
- 7.549
Едно милион пати не имаат учено и имаме слушнато како религиите се извор на моралот и етиката, како не учат да живееме правилно, но колку се навистина морални религиите?
Според Христијанството, ако некој човек изврши злосторство, силување, убиство или било кој од библиските гревови, тој има шанса да се покае, да го прифати Исус како негов господар и спасител и гревот ќе му биде простен.
Епа, каков е тој морал кој кажува дека човек може да силува или да изврши убиство и да биде награден со вечен живот во рајот ако се покае и го прифати Исус, додека друг човек може да проживее сосема нормален и продуктивен живот, без гревови и без злосторства, но истиот човек ќе гори вечно во пеколот ако не верува во Господ?
Каков е тој морален код?
Каков е тој семоќен Господ кој ги суди луѓето не според тоа што прават, туку според тоа што веруваат?
Ајде малце да ја дисектираме Библијата.
Во Стариот Завет има закон кој гласи ‘Ако човек силува жена, тој ќе мора да ја земе таа жена за своја сопруга‘. Дали е потребно да потенцирам колку е неморален овој библиски закон?
Значи, според Библијата, ако јас сакам некоја жена, а таа мене не ме сака, јас можам да си ја остварам својата цел и да се оженам со неа така што ќе ја силувам. И ако жена е силувана, наместо Библијата да го казни злосторникот, Господ повторно ја казнува жртвата со тоа што ќе ја натера да се омажи за својот силувач.
Во Библијата исто така се спомнувани и дозволувани геноциди врз народи кои не се од иста религија.
Библијата исто така дозволува робовладетелство, постојат 2 различни закони.
Едниот закон вели дека било кој Евреин може да земе за роб човек од друга религија и со тоа што ќе му го пирсира увото, тој човек станува негова сопственост. Библијата исто така кажува дека робовите може да бидат тепани, но само до тој степен до кој нема да умрат во рок од 3 дена. Значи ако го претепаш робот и тој умре за 4 дена, не си ти крив.
Истите овие закони верувам дека ги има и во Куранот.
Па, кажете ми верници, како можете сеуште да тврдите дека Библијата е извор на моралот и етиката?