Вистинскиот ‘морал‘ на религиите

  • Креатор на темата Креатор на темата IgorChete
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Едно милион пати не имаат учено и имаме слушнато како религиите се извор на моралот и етиката, како не учат да живееме правилно, но колку се навистина морални религиите?
Според Христијанството, ако некој човек изврши злосторство, силување, убиство или било кој од библиските гревови, тој има шанса да се покае, да го прифати Исус како негов господар и спасител и гревот ќе му биде простен.
Епа, каков е тој морал кој кажува дека човек може да силува или да изврши убиство и да биде награден со вечен живот во рајот ако се покае и го прифати Исус, додека друг човек може да проживее сосема нормален и продуктивен живот, без гревови и без злосторства, но истиот човек ќе гори вечно во пеколот ако не верува во Господ?
Каков е тој морален код?
Каков е тој семоќен Господ кој ги суди луѓето не според тоа што прават, туку според тоа што веруваат?
Ајде малце да ја дисектираме Библијата.
Во Стариот Завет има закон кој гласи ‘Ако човек силува жена, тој ќе мора да ја земе таа жена за своја сопруга‘. Дали е потребно да потенцирам колку е неморален овој библиски закон?
Значи, според Библијата, ако јас сакам некоја жена, а таа мене не ме сака, јас можам да си ја остварам својата цел и да се оженам со неа така што ќе ја силувам. И ако жена е силувана, наместо Библијата да го казни злосторникот, Господ повторно ја казнува жртвата со тоа што ќе ја натера да се омажи за својот силувач.
Во Библијата исто така се спомнувани и дозволувани геноциди врз народи кои не се од иста религија.
Библијата исто така дозволува робовладетелство, постојат 2 различни закони.
Едниот закон вели дека било кој Евреин може да земе за роб човек од друга религија и со тоа што ќе му го пирсира увото, тој човек станува негова сопственост. Библијата исто така кажува дека робовите може да бидат тепани, но само до тој степен до кој нема да умрат во рок од 3 дена. Значи ако го претепаш робот и тој умре за 4 дена, не си ти крив.
Истите овие закони верувам дека ги има и во Куранот.

Па, кажете ми верници, како можете сеуште да тврдите дека Библијата е извор на моралот и етиката?
 
Сериозно бараш логика у религијата?
Одамна престанав да барам логика во религијата.
Се обидувам да најдам барем трошка логика во верниците кои се длабоко уверени дека нивната религија е перфектен морален систем.
 
Верувај ако сакаш НО ако не веруваш немој да плукаш по она во кое другите веруваат .

Ова ти е исто како да бараш дефиниција од ова:
што било прво, јајцето или кокошката.

Толку од мене во темава.
 
Верувај ако сакаш НО ако не веруваш немој да плукаш по она во кое другите веруваат .

Ова ти е исто како да бараш дефиниција од ова:
што било прво, јајцето или кокошката.

Толку од мене во темава.
Не ми одговори на ниту едно прашање поставено во првиот пост.
Каква врска има кокошката и јајцето со фактот што Библијата дозволува робовладетелство и силување?
Не се обидувај намерно да ја смениш дискусијата на темава, не сум ти ја форумџија од вчера.
Како да не плукам по нешто што е толку блатантно погрешно, а за некои е основа на моралните и животни вредности.

По истата твоја логика според твојата прва реченица можеме да кажеме не убивај ако не сакаш, но не ги казнувај тие што убиваат. Епа не иде така.

И ако немаш нисто конструктивно да кажеш на темава се надевам дека ќе биде толку од тебе.
 
Религиите уствари најмалку ги занима моралот, етиката и однесувањето, нив им се битни вербалните изјави на верување - догматиката и нормално ритуалите. Религијата е збир на догми и ритуали.
 
Верувај ако сакаш НО ако не веруваш немој да плукаш по она во кое другите веруваат .

Ова ти е исто како да бараш дефиниција од ова:
што било прво, јајцето или кокошката.

Толку од мене во темава.
Не знам зошто мислиш дека немам право да си кажам што ми пречи.
Навистина немам право да се мешам во индивидуалното верување или неверување на поединецот, ама таа толеранција и игнорирање завршува тука.

Имам право да си го кажам моето мислење и да делувам против се она што тие верници или неверници како резултат на тоа што не ми се допаѓа во системот на нивното верување или неверување имаат ефект врз мене, мојот живот и моите блиски.

Не можам, всушност не смеам да замижувам пред нивното замижување.

Што ако денешните обични, просечни верници во Македонија во целата нивна игнорантност навистина ги следат сите овие правила напишани погоре како што ги следат останатите обичаи и ритуали без воопшто да се прашуваат за нивната целисходност?
Тогаш пак ќе немав право да „плукам“ против оној кој ќе земе некој мој близок за роб (значи не роб во преносна смисла, какви што можеби сме сите денес, туку во најбуквална смисла, роб) или ќе ја силува сестра ми и ќе и нанесе страдање и не што ќе остане неказнет туку и ќе ја земе за жена?
 
Не ми одговори на ниту едно прашање поставено во првиот пост.
A што сакаш ти уствари да слушнеш т.е прочиташ.?
Не се обидувај намерно да ја смениш дискусијата на темава, не сум ти ја форумџија од вчера.
Без гајле не сум ни ја форумџија од вчера, доволно долго сум по форумиве.
Не знам зошто мислиш дека немам право да си кажам што ми пречи.
Тебе не ти пречи религијата, тоа што ти пречи е поголемо од религијата, пред да одговориш на темава, застани пред огледало и пробај да се најдеш себеси.
 
Верувај ако сакаш НО ако не веруваш немој да плукаш по она во кое другите веруваат .

Ова ти е исто како да бараш дефиниција од ова:
што било прво, јајцето или кокошката.

Толку од мене во темава.

Технички и мало дете го зна одговорот на ова прашање, под услов да ја земе предвид теоријата на еволуцијата, ако ја земе за референтна точка религијата, си ибал мамето , макар што 99 % би одговориле, господ и гожјата волја herrp derrp.
Единствена врска помеѓу моралот и религијата е ралигијата како метод на десиминација на посакуваниот морал.
До пред 50-ина година во Нова Каледонија уште имаше канибали, баш таа нивна религија им дозволуваше да си ги јадат децата.
Вакви слични срања се провлекуваат во секоја религија, буквално секоја без разлика колку е истата "мироволна"
Е сега кој во што сака нека си верува, ваше си е.
 
Не постои вистински морал, што би рекол
Стариот Мајстор само неморални луѓе зборуваат
за морал.
Можеш да бидеш "морален" и ни еден грев да не направиш.
Можеш да бидеш и "не морален" да бидеш најголем грешник.....се исти курац е ако тоа што ќе бидеш зависи од тоа кај си роден, односно кои ти се родителите.
Тури му пепел на тој морал.
 
Темава не е општо за морали туку за определен систем на морали, то ест моралниот систем на религиите.
Види, доволно сме интелигентни за да можеме да разликуваме морално од неморално, посебно ако тоа неморалното се учи и проповеда како универзален вселенски закон.
 
Твојата цел на темава е да го нападнеш христијанското
учење за моралот. Можеби ти смета некако книгата на
законот, можеби има некој страв од пеколот и можеби
се манифестира на овој начин......само можеби.
 
Едно милион пати не имаат учено и имаме слушнато како религиите се извор на моралот и етиката, како не учат да живееме правилно, но колку се навистина морални религиите?
Според Христијанството, ако некој човек изврши злосторство, силување, убиство или било кој од библиските гревови, тој има шанса да се покае, да го прифати Исус како негов господар и спасител и гревот ќе му биде простен.
Епа, каков е тој морал кој кажува дека човек може да силува или да изврши убиство и да биде награден со вечен живот во рајот ако се покае и го прифати Исус, додека друг човек може да проживее сосема нормален и продуктивен живот, без гревови и без злосторства, но истиот човек ќе гори вечно во пеколот ако не верува во Господ?
Каков е тој морален код?
Каков е тој семоќен Господ кој ги суди луѓето не според тоа што прават, туку според тоа што веруваат?
Ајде малце да ја дисектираме Библијата.
Во Стариот Завет има закон кој гласи ‘Ако човек силува жена, тој ќе мора да ја земе таа жена за своја сопруга‘. Дали е потребно да потенцирам колку е неморален овој библиски закон?
Значи, според Библијата, ако јас сакам некоја жена, а таа мене не ме сака, јас можам да си ја остварам својата цел и да се оженам со неа така што ќе ја силувам. И ако жена е силувана, наместо Библијата да го казни злосторникот, Господ повторно ја казнува жртвата со тоа што ќе ја натера да се омажи за својот силувач.
Во Библијата исто така се спомнувани и дозволувани геноциди врз народи кои не се од иста религија.
Библијата исто така дозволува робовладетелство, постојат 2 различни закони.
Едниот закон вели дека било кој Евреин може да земе за роб човек од друга религија и со тоа што ќе му го пирсира увото, тој човек станува негова сопственост. Библијата исто така кажува дека робовите може да бидат тепани, но само до тој степен до кој нема да умрат во рок од 3 дена. Значи ако го претепаш робот и тој умре за 4 дена, не си ти крив.
Истите овие закони верувам дека ги има и во Куранот.

Па, кажете ми верници, како можете сеуште да тврдите дека Библијата е извор на моралот и етиката?
Абе брате сите знаат дека историјата е пишувана од победниците па така и библијата е пишувана како што им одговара на некои поединци.
Јас верувам во господ ,но не следам ниедна религија туку си имам своја.

За мене секој човек како Исус или мајка Тереза кои ширеле безусловна љубов се светци(барем така пишува во историјата колку е точно не е битно).

Во нивните проповедања жените се еднакви на мажите и воопшто сите имаме еднакви права центарот на нивните зборови е љубовта .

Сакај го ближниот ,сакај го непријателот.
На омраза враќај со добрина.
Прашање:Што да направам за да придонесам за мир во светот
Мајка Тереза: Оди дома и сакај си го семејството.

Можам уште многу да редам ,но само идиотите или верските фанатици земаат се здраво за готово што ќе прочитаат .

И на крај да ти одговорам
Да за тој што знае да прочита и разбере ,Не за горе наведените поединци.

И тоа е тоа неможеш ништо да земеш како целина ништо не е црно или бело ,
сите ние ги знаеме моралните норми и кодови ,но тие што ги разбираат за жал се малку,
уште помалку оние што ги практикуваат.
 
Твојата цел на темава е да го нападнеш христијанското
учење за моралот. Можеби ти смета некако книгата на
законот, можеби има некој страв од пеколот и можеби
се манифестира на овој начин......само можеби.
Да, во право си, и јас мислам дека целта на темава е да се нападне христијанството.
И, јас се согласувам со поставеноста на темата.

Мене воопшто не ми пречи книгата на законот, му пречи на денешниот систем на поставеност на работите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom