Од кај го препиша ова, кажи си сеа?
Иначе не знам која е ВИСТИНСКАТА жена, најверојатно се работи за различен вкус, но можам да ти кажам како до нејзино срце. Ќе ризикувам, затоа што после овде ќе ме "растепаат" со цитирања како не биле такви.
Битно е да имаш пари, а и не мора да и даваш. Доволно е неколкупати да излезите чаршија, а ти во скапа облека и да биде од познат бренд. Го вадиш кожениот новчаник, којшто е направен од најстариот и најиздржливиот носорог во Африка. Додека ти се мислиш дали да платиш со картица или пари, таа го "мерка". Си вели... - Овој наскоро ќе биде мој!
Следен чекор, ја покануваш дома кај тебе, а истовремено таа ќе го разгледа домот. Гледа гооолема куќа каде што можете да играте брканица и мижи-тата-ра, па оти да не биди и твоја жена во идно време?
-Ти пак не мора да и даваш директно пари.
Ја покануваш на вечера во познат ресторан, и го викаш најдобриот виолинист во градот да свири пред неа. После некое време и подаруваш прстен со незнам ти колку карати (не се разбирам многу многу во тоа), и ја прашуваш ДАЛИ ЌЕ СЕ ОМАЖИШ ЗА МЕНЕ?
-Која девојка би рекла не?