Виша сила?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Виша сила, па што знам има али не сум размислувал баш за тоа. Може да кажам дека е нешто во форма на ветер, али може да се каже и дека е нешто неопишливо што знам, еј ме стаи темава у мисла сега. Нешто невидливо и необично не секојдневно
 
Верувам во највишата од сите сили, природата, и во моќта на материјата околу нас, која постојано ја користиме несвесно и сме во голем процент моќни да ја контролираме, иако не претпочитаме да се помачиме со тоа туку чекаме да ни падне чудо од божествата.
 
Вишата сила постои и јас мислам дека е од Господ...
 
Виша сила е кога се враќам во пет саат сабајле дома и ќе ми се појави пуштен од ланец ротфајлерот на комшијата и коа ќе го видам на сред паркинг :cuc: е тоа е виша сила:):)
 
Во англискиот јазик, за виша сила - друг правен термин, покрај Force Majeure, кој се употребува е „Act of God” ...

Незнам дали го имате гледано филмот The Man Who Sued God. Пред се комедија, но има една интересна приказна која се поврзува со темава.

Стив (Били Коноли), е рибар. Живее на брод, за кој заработувал цел живот, продал се што имал, и сега освен рибарската намена, бродот му е и дом и се што има! Еден ден, од невреме, му се уништува.... Оди во осигурителната компанија и тие му одговараат, тука не можеме ништо, тоа е „Act of God”. Прашува и адвокати, и пријатели, од сите го добива тој одговор... Така решен, да дојде до правдата, решава да го тужи Господ, односно неговиот застапник, црквата...

Steve Meyers:
So if God does exist, the Churches must be liable.
Anna Redmond: And the churches can only win the case if they prove God does not exist.
Steve Meyers: Do you want to tell them?
 
мора да се помирете со фактот дека виша сила не постои!
 
јас не верувам во господ, верувам дека се се случило случајно, од настанокот на универзиумот до најсложеното животно
 
Мистичен напиша:
Повод да ја отворам темава ми се луѓето кои велат "Не верувам во Господ, но верувам во некоја виша сила". Која е таа виша сила? Како си ја замислувате? Што, како, од каде, или воопшто не сте размислувале за тоа?
По долга дебата со себе, сметам дека тоа е истата сила. Оние кои се верници таа виша сила ја викаат “Господ“, а ние серковците кои сакаме да бидеме различни :bip: ја викаме виша сила. Пре извесно време постирав на темата докази за постоењето на бог, во ист стил. Бог (Вишата сила) е мисловна именка. Идеја. проект на нашата свест и потсвест...
Goddes of Chaos напиша:
Верувам во највишата од сите сили, природата, и во моќта на материјата околу нас, која постојано ја користиме несвесно и сме во голем процент моќни да ја контролираме, иако не претпочитаме да се помачиме со тоа туку чекаме да ни падне чудо од божествата.
Ова е тоа што сакам да кажам горе-долу...
 
Абе кажете виша сила или господ, тоа е само потреба на луѓето да дадат одговор на нешто што не можат да си го објаснат (и во минатото и денес). Јас "верувам" во природата, поточно еволуцијата, бидејќи со милиони години на планетава природата си поигрувала со организмите за да дојде до нас.
 
па незнам баш, можда постои нешто што го викаме виша сила и го поистоветуваме со господ али сепак сметам дека сето тоа има врска нешто со вонземјани.
 
Можно е да постои што викаме виша сила ама ние да не забележуваме мада нешто што мислиме дека неможеме да го напраиме и сме убедени во тоа но кога ке се обидеме тоа нешто да го напраиме сме го напраиле потоа ке се зачудиме како е можно ова како го напраивме ова ке речеме виша сила можно е да е вишата сила:helou:
 
Виша сила: Настан независен од нашата волја чие настапување не можело да се спречи или предвиди.
 
и јас сметам дека виша сила и господ е едно исто, тоа за кого како, а дали постои, па да има некоја енергија која ние ја нарекуваме виша сила али некако необјаснива .
 
Ziti se, kako go povrzavte Bog so poimot Visa sila?Kakva visa sila e Bog be? I Biblijata li e visa sila?
 
Библијата е книга...а Бог (како што ти е познат тебе еци) е уствари силата, енергијата околу нас итаканатаму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom