Виртуелни инструменти

  • Креатор на темата Креатор на темата VIRTUAL
  • Време на започнување Време на започнување

VIRTUAL

knowledge is power
Член од
4 мај 2006
Мислења
327
Поени од реакции
2
Возраст
38
Веб-сајт
www.gajtan-apartments.com
tapani.jpg
Замислата му е доста интересна, мене многу ми се допадна а се надевам... Овде треба да дојдете само доколку сакате да лупате на тапани, а таква вистинска прилика во животот се уште не ви се случила...


Се работи за Macromedia Flash проект кој по вчитувањето веднаш е подготвен да полета. Комплетната музичка опрема е пред вас, а од компјутерската, потребно ви е само глувчето. Звуците се создаваат со поминување на mouse-от врз инструментите, што по малку е непрактично, но сепак ова се само виртуелни тапани. Извесно олеснување претставува можноста за одбележување на иснтрументите со букви кои одговараат на соодветните копчиња од тастатурата. На овој начин, наместо со глувчето можете да творите со тастатурата. Ова е, во секој случај, подобра варијанта.

Доколку сакате уште малку да се позанимавате со сајтов, кликнете на миксетата за да се запознаете со опремата и за да слушнете како звучи еден sample зад кој стои креаторот на сајтов. Вентилаторот ќе ве одведе до неколку корисни линкови, а столчето ја крие историјата на господинот виртуелни тапани. Веројатно ова последново нема да ве интересира, затоа запамтете го само сајтот кој вечерва треба да го посетите за да си направите сопствена свирка по дома.

АЈДЕ НА ЛУПАЊЕ!:zlo:
http://www.kenbrashear.com/
 
многу добра флеш програма морам да признаам.
 
Треа Куло да го викнам за вакфа работа....
 
Гижо напиша:
за ова ми требаат два мауси :)))))

Можеш да тропаш на тастатура секој сегмент од тапанот може да го маваш на различна буква!:tapp: :vozbud:
 
законннннннннннн

show key hints-на ова да кликнам за да тропам на тастатура?кликам ама не можам пак на тастатура!зш?:toe:

а ок е сега знам како
:pos2:
 
законннннннннннн

show key hints-на ова да кликнам за да тропам на тастатура?кликам ама не можам пак на тастатура!зш?:toe:

а ок е сега знам како
:pos2:


Намали малку сите ќе ги разбудиш :pos2:
 
Идејата за оваа тема ми произлезе од Кајгана порталот. Ќе го копирам текстот:

piano-455.jpg


Сакате да научите да свирите клавир, но не можете да платите еден куп пари за вистински инструмент? Имаме нешто за вас: добар виртуелен клавир на кој ќе свирите со помош на тастатурата. Ако умеете „слепо“ да пишувате, вие веќе сте Симон Трпчески во случајов :)

Досега сме виделе секакви верзии на виртуелни инструменти направени во флеш, но оваа клавијатура е најдобрата на која сме свиреле.

Секоја буква и бројка на тастатурата одговара на одреден клавиш од клавирот. Можете и да се снимате како свирите :)

Се е океј, ама не знаете што би свиреле? Обидете се со примерите на врвот на апликацијата или погледнете ги композициите од останатите виртуелни маестра на официјалната Фејсбук група.

Виртуелниот клавир ве чека овде.

А ние, бидејќи сме добри, ви подготвивме и нешто за свирење, колку да го скршите мразот. Лесна песничка, ќе ја препознаете веднаш откако ќе ја „речете“ на клавирот :)

tuio, op, as; sf, dsasdspo; pio pio p, oiu, ooiutyu, yt



Извонредно е ова. Многу добро аранжирано, и лесен распоред на нотите за прстите. Изгледа покрај гитарист и пијанист ќе станам.

На темава сакам да поставувате ваши песни т.е. `ноти` од познати песни изкажани со букви!:helou:
 
Ова е одлична работа! Поставувајте ноти, баш е интересно. :)
 
Закон ствар!
Кога веќе почнуваме со лесни песни, еве една од мене:

Ода на радоста:
f f g h h g f d s s d f f d d
f f g h h g f d s s d f d s s
d d f s d f g f s d f g f d s d
f f g h h g f d s s d f d s s
 
Ејјј, ова е супер! Фала ти многу Хендрикс :back:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom