Виртуелен другар/другарка

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
Мсн или не, виртуелните другари можат многу да помогнат, ги имам неколку и си ги сакам многу, а најмногу Alexe од Романија и Ray од Карибите... Другите виртуелни другарчиња кога тогаш ќе ги запознаам .. :vozbud::pipi:
 
да имам:pipi: и мн си го засакав,се зближив иако не го знам
 
Да, иам бајаги сајбер пријатели, најчесто се тоа странци, луѓе од далечна америка, египет, луѓе шо сум ги запознал по форуми и онлајн игри.
Со нив си иам најубави муабети, неисрцпни, секогаш имаме тема на разговор, имаат чудни ставови, различен живот..Ми се случило и да заплачам пред пц, ми се случило и да паднам од стол [ буквално ] од смеа :)
 
Имам виртуелна девојка од Штип :pipi:

А и имам и многу сајбер пријатели од цел свет претежно преку Скајп.
 
Да, иам бајаги сајбер пријатели, најчесто се тоа странци, луѓе од далечна америка, египет, луѓе шо сум ги запознал по форуми и онлајн игри.
Со нив си иам најубави муабети, неисрцпни, секогаш имаме тема на разговор, имаат чудни ставови, различен живот..Ми се случило и да заплачам пред пц, ми се случило и да паднам од стол [ буквално ] од смеа :)
Исто и јас (освен плачењето :) ) а паѓањето од стол ми стана редовна работа, посебно ко ќе зборам на Вентрило со некој шо звучи на Боб Марли.
 
Ретко ги имам..
по мсн прилично ми се само тие шо ги знам така да ретко давам мсн и такви работи:pipi:
 
Да,имам и тоа од различни држави и континенти :) И навистина знаат да бидат добри другари..во некои случаи помагаат повеќе од оние што се околу тебе...Чатот со нив никогаш нее досаден :) Секогаш има некоја интересна тема ...
 
Имам една виртуелна другарка, и ако ви се верува Канаѓанка е родена во Маурициус а живее во Катар.

Па ова нема ни у Малме драги гледачи:pos2:
 
Имам една виртуелна другарка, и ако ви се верува Канаѓанка е родена во Маурициус а живее во Катар.

Па ова нема ни у Малме драги гледачи:pos2:

Хаха, таратур ја направила работата таа:)
Јас имав неколку сајбер пријатели, сега за жал не комуницирам со нив веќе, се оддалечивме.Имав од Египет, Норвешка, САД, Франција..Имав и еден од Чиле:)
 
имам една од Перу Лаура се вика и си збориме цело време и кажувам за Македонија цело време, ја интересира
 
Мене најзабеган ако се гледам местото ми беше од Гана и се викаше Морис.
 
т.н. ,,виртуелна другарка" ми е story of my life...
пишиме веке кузнај колку време... од скопје е...
и се гледаме ко ке одам јас скопје...
и од ко почнавме да се гледаме уште толку ја засакав...
мислам дека најголемата љубов досега ми е... :pos2:
без мајтап... ја сакам премногу... само тешко ни е зошто ретко се гледаме...
 
како и повеќето и јас имам виртуелен другар. Муабетите со него не знам од каде ама само извираат, нема прекин. Си зборуваме ама буквално за се, сум приметила дека имаме слични ставови. Тој е еден од ретките луѓе што знаат буквално да ме натераат да се подмочам од смеење :icon_lol: И да, некогаш кога не е онлајн ми недостига. Се надевам дека набрзо ќе се запознаеме.:smir:
 
Имам, да. Машки, женски. Форум, герјмер(к)и. Од државава, надвор. Што се немам на месенџерот.
Сум бил близок со повеќето. Но се губи контакт..
They all suck, big time.
 
Немам.Имам контакти,но не можам да ги наречам другари или другарки,само тие што ми се во приватниот живот,тие ги имам и за виртуелни пријателчиња...Скептична сум премногу во однос према луѓето,и виртуелно не сум многу комуникативна личност,кога станува збор за нови познанства..Па така си останувам на мојот добар и потесен круг на другари,кои прво ги имам прифатено и запознаено тет а тет,а потоа следува и дружењето,виртуелно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom