peter
Петар Пан...
- Член од
- 6 септември 2005
- Мислења
- 636
- Поени од реакции
- 165
На денешната конференција за печат Вип оператор претстави уште една новина во својата понуда. Новата понуда наречена Vip2All, наменета за сите припејд корисници, нуди единствена цена за разговори кон сите национални мрежи. Припејд корисниците на Вип од 10 март оваа година, ќе можат да зборуваат за само 2 денaри по минута (2,36 денари со вклучен ДДВ) кон сите мрежи, во текот на 24 часа без ограничување. Воспоставувањето на повик ќе се наплатува по 3 денари (3,54 со вклучен ДДВ). За добивање на новата тарифа новите припејд корисници треба да пратат СМС на телефонскиот број 144110, а постојните припејд корисници ќе можат да ја користат услугата со надополнување на својата Вип припејд сметка од најмалку 300 денари, при што ќе треба да пратат СМС на истиот број. Новата тарифа корисниците ќе можат да ја користат во период се додека надополнуваат по 300 денари месечно кумулативно.
Што мислите за оваа понуда?
Што мислите за оваа понуда?