Лол, лол, лоооол
Крв е сторијава.
Мечка изгуби спор во Основниот суд во Битола. Осудена е да плати отштета од 140.000 денари, бидејќи во 2006 година на пчеларот Зоран Киселоски од прилепското село Кривогаштани му крадела мед и му уништила 16 сандаци со пчели.
Сега мечката Киселоски го направи еден од најславните луѓе во светот. Веста стана хит и со најголема заинтересираност ја проследија сите светски медиуми.
Но, каде е сега мечката?
„Сега, нормално, мечката си живее, си шета. Се водеше и спорот. Спорот беше против државата, оној што ја заштитува мечката со закон“, рече Зоран Киселоски, пчелар од село Кривогаштани.
Бидејќи Киселоски месец дена не бил отиден во демирхисарското дело Церово, каде биле пчелите, мечката континуирано, секој ден уништувала по еден сандак.
Откако селаните му кажале што се случило, се обидел да ја избрка мечката на различни начини. Палел оган и пуштал гласен турбо фолк од радио коешто го поставил кај сандаците.
Но, во еден момент снемало струја. Радиото се исклучило, а мечката охрабрена од тоа се вратила и ги доуништила останатите пчели.
„Инсталиравме струја некаде 150 метри до првата куќа, наместивме и радио, музика пуштивме и ламби. Прво нападна кога немаше музика, кога немаше ништо“, изјави Киселоски.
„Си го пронашла местото и тука си уништувала од пчелните друштва. После, откога снема струја, ноќта, се случило некогаш два дена да нема струја таму, пак влегла, уште две имаше турнато. Прво 14, па после со тие две 16“, додаде Зоран Киселоски.
Сега се надева дека државата ќе му ги исплати парите што поскоро, за да може да ги обнови пчелните семејства. Киселоски очекува пресудата да стане правосилна. А државниот правобранител, пак, ја обжали пресудата.
Во меѓувреме, од страв од мечката, пчелите ги преместил во соседното село Вирово, поблиску до населените места.