Вино

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум некој експерт за вина ама сум приметил дека од едно до друго вино има огромни разлики ... некои вина дури и во помали количини да ги пиеш ќе ти се слоши, некои вина пак и во поголеми количини да ги пиеш скоро ништо негативно нема да осетиш ... секако зависи и количината и типот на храна кои ги внесуваш за време на конзумирањето на виното !
Во Кам-Маркет има едни италијански вина едното се вика Volli Brut, а другото Festa Spumante и доста се добри ... ок и нашиве македонски вина се добри како на пр. Аlexandria, T'ga za Jug, Vranec, Traminec и.т.н. но сепак италијанските вина особено тоа Festa ми оставија доста добар впечаток !
Нормално дека сите вина се различни, таа твоја различност е таква поради повеќе причини. Вингорјето, стилот на виното, јачината на алкохолот..
Скоро сите винарии во Македонија имаат солидни вина, прам муабет за црвените, за белите сме далеку од светот.
 
Независно на тоа дали се домашни или странски повеќе ми се допаѓаат црвените вина плус и ги сакам благи да се ... киселите вина не ги сакам многу без разлика дали се црвени или бели штознам некои пак луѓе ги сакаат повеќе киселите вина, а не благите, кој како !
 
Ако сакаш благо пиј си сокче. Вино треба да реже малце.
 
Бовин произведува уште или се распродава рестото што остана?
 
Што дали произведува? Како мислиш се распродава?
 
Што дали произведува? Како мислиш се распродава?

Во повеќе маркети сум бил, и поголеми како Веро, но слабо вино од Бовин чат пат по некоје бело од 2015та берба. Затоа се прашувам што е работата односно каде може да се најде цел сортиман.
 
Во повеќе маркети сум бил, и поголеми како Веро, но слабо вино од Бовин чат пат по некоје бело од 2015та берба. Затоа се прашувам што е работата односно каде може да се најде цел сортиман.
Ги има во скоро сите маркети, јас сум од Охрид, ги има во сите поголеми тука, берба 2017/18 белите и црвени и постари нормално.
 
Една препорака за добра Темјаника - http://www.terroir.mk/weinherz/venec-temjanika-koria-2017

Искрено, како човек што е повеќе по пивото, а виното обично го конзумирам зимски месеци, строго со храна - последниов период ми станаа интересни и беливе вина, умерено....посебно освежителни ми се убаво разладени Траминец и Темјаника.
Ова по мене влегуе у некоја „средно“ скапа (за македонски услови) категорија. Околу 500 денари е, а ја има само во Библиотека.
 
Ризлинг добар со повисоки вкупни киселини разладен на 8 степени му е мајката за летово, јебеш пиво:D
 
Ризлинг добар со повисоки вкупни киселини разладен на 8 степени му е мајката за летово, јебеш пиво:D
Истава винарија има. Баш се мислам деновиве да го пробам, па ќе споделам.

Инаку, добро пиво е незаменливо со ништо. Виното не можам да го конзумирам без храна, за разлика од пивото кое не бара многу ќерефетлуци.
 
Слаби сме реално со ризлинзите, али се наоѓа по некој добар.. Ако доаѓаш према Охрид, јави се ќе ти дадам јас добар ;) Ма какво пиво, пијачка за мочковци. Ризлингот ите како се пие како аперитив, па и Совињонот.
 
Ризлинг е германска сорта по мои оскудни сознанија, а тоа би значело повлажно и постудено време (веројатно и друг тип почва).
 
Да да, германските и австриските се најдобри, кога бев во Штутгард на саем, пробував и со по 8 вкупни киселини, устата да ти се собере колку беа кисели.
 
Дечки, пошо не се разбирам многу од квалитет и такви ствари од нашиве вина, сакам да ми препорачате некое баш баш добро наше македонско бело вино и од каде можам да го купам(во Скопје). Цената не ми е битна, ми доаѓаат луѓе од надвор, па сакам да ги изненадам. Фала !
 
Пошто сме слаби со белите вина, Special Selection Temjanika на Тиквеш околу 450 денари е, гледај да е исклучиво 2018 година на берба.
Автоматски споено мислење:

Друга опција ти е на Камник Темјаниката око 600 денари, ако не сте по мускатни сорти( Темјаника и Траминец) тогаш Аccacia на Стоби не е лоша исто околу 600 денари е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom