Браво за темава Каренинна
Ван Гог... еден од моите омилени лудаци
И еден од најголемите и најценетите сликари во историјата. Не бил нешто ценет и почитуван за време на својот живот,кој си го одзема во 1890,поточно
За неговиот живот најголем извор на информации се неговите писма кои му ги праќал на брат му Тео ван Гог,околу 600 писма и околу 200 писма кои им ги праќал на пријателитe. Бил алкохоличар,обожавал апсинт,пател од анксиозност,халуцинации и одреден период престојувал во душевна болница. Бил пријател со сликарот Гоген со кого најчесто се карале околу уметноста,а во една караница Винсент го нападнал Гоген со жилет. Потоа заминал во некој локален бордел каде со жилетот си пресекол дел од левото уво. Го завиткал во весник и го дал на проститутката Ракел замолувајќи ја да го чува.
Во контекст на УВОТО:
Дали Гоген го пресекол увото на Ван Гог?
Според новата книга напишана од двајца германски историчари на уметноста, Ван Гог не си го пресекол неговото лево уво во напад на лудило и во пијана состојба во 1888-та. Според оваа нова верзија, неговото уво настрадало од мечот на неговиот пријател - уметникот Пол Гоген, во пијана расправа околу една жена со име Рејчели околу вистинската природа на уметноста.
Гоген, кој бил одличен мечувалец, бил во план да ја напушти „Жолтата куќа“ на Ван Гог во Арл, југозападна Франција, после една непријатен престој таму. Тој заминал од куќата со неговиот багаж во едната и неговиот меч во другата рака, но бил следен од изнервираниот Ван Гог, кој претходно фрлил чаша кон него.
Откако тие двајцата се приближиле кон борделот, нивната кавга кулминирала и Гоген го пресекол неговото уво со меч - или во напад на лутина или во самоодбрана. Потоа тој го фрлил оружјето во Рона. Ван Гог и го подарил увото на една од проститутките и се затететравил накај дома, каде полицијата го открила следниот ден, како што тврди оваа нова верзија на двајцата историчари.
Без сомнение е фактот дека Гоген престојувал кај Ван Гог, но многумина експерти веруваат дека тој си заминал оттаму пред инцидентот со увото. Иако германските историчари не нудат цврсти докази за нивнита верзија, тие тврдат дека тоа би било најлогичното толкување на настанот што го објаснува фактот дека последните зборови кои Ван Гог му ги напишал на Гоген биле „Ти си тивок, и јас ќе бидам исто така“.
И ОВА:
Ван Гог си го отсекол увото поради свршувачката на брат му
Винсент ван Гог си го отсекол левото уво зашто неговиот брат Тео, кој му бил многу важен на сликарот, се свршил, така барем тврди историчарот на уметноста Мартин Бејли. Уметникот Ван Гог бил зависен од својот брат и финансиски и емоционално и не можел да ја поднесе неговата свршувачка. Теоријата на Бејли се заснова на анализа на писмата што се гледаат и на сликата „Мртва природа: штица за цртање со кромид“, создадена по самоповредувањето. Сликата ќе биде клучна во поставката во Кралската академија во Лондон, која ќе биде отворена во јануари, а ќе трае до 18 април 2010 година.
На сликата, меѓу свеќата, главиците кромид, тутунот и лулето, прикажан е и коверт што Бејли го проучил со микроскоп и го открил бројот 67 на поштенскиот жиг. Тоа било тогашната службена нумеричка ознака за Плас дес Абес, каде што живеел Тео. На ковертот имало и пригодна марка со новогодишни честитки. Бејли е уверен дека Ван Гог намерно го нацртал ковертот на сликата зашто писмото му било многу важно. Тој смета дека Тео во писмото, што го напишал во Париз 1888 година, ја објавува својата свршувачка и дека тоа целосно го уништило Винсент, кој се плашел дека ќе ја изгуби паричната и емоционална поддршка од братот.
Писмото всушност не му било наменето на Винсент, туку на нивната мајка и во него Тео барал согласност од неа за да се ожени со својата девојка
Многумина нагаѓале и се обидувале да дознаат што му се случило на Ван Гог кога спроти Божик во 1888 година, во миг на емоционално растројство, си го отсекол увото. Можни причини за сакатењето се неговото ментално заболување, потоа труење со оловото од неговите платна, а други пак сметаат дека Ван Гог го дотолчил крахот во односите со Гоген. Двајцата сликари живееле заедно кус период во Арл, заедно работејќи во природа. Набрзо се покажало дека не можат да коегизистираат, па при една расправија навечер, душевно растроениот Ван Гог се обидел да го убие Гоген.
Сечењето на увото се сметало за самоказнување по нападот. Имало тврдења и дека увото му го отсекол Гоген при расправија за проститутката Рашел, но тоа било демантирано од музејот на Ван Гог во Амстердам и од Бејли.
Се нагаѓа дека Ван Гог, меѓу другото, страдал од шизофренија и од манична депресија. Две години откако си го отсекол увото, Винсент почнал да оди на терапија кај д-р Паул Гачет. Некои тврдат дека д-р Гачет лекувал со растението *Дигиталис пурпуреа, односно црвен напрсток, поради кое пациентите гледаат жолтеникаво, па се смета дека тоа растение дејствувало врз Ван Гоговата перцепција на жолтата боја и на неговите последни дела. Лекувањето кај д-р Гачет не дало резултати. Борејќи се со паничното нарушување, 37-годишниот Винсент ван Гог се застрелал среде поле. Шест месеци подоцна починал и Тео ван Гог.
извор: dnevnik.com.mk