Ај за она првото да не коментирам, вкусовите се различни, но втората констатација некако не ти држи вода.
Прво од самата личност ке стартуваме.
Кој е Дејвид Бекам, а која е Викторија (или кловновски ник Posh Spice)?
Човекот е БРЕНД, сам за себе. Се што има постигнато е со неспорниот фудбалски талент, и со многу работа. Успешен и во Манчестер и капитен на Англиската репрезентација, човекот е у некоја рака заедно со уште пар имиња синоним за фудбалската игра.
А за што е синоним Викторија?
Смешна пеачка!
Не е ниту нешто посебно згодна, ниту пак има некој стил на кој што треба да му се одаде почит. Таа е само уште една од милион тетици што имаат пари, и беа на вистинското место во вистинското време. Ништо повеќе!
Дејвид Бекам е нешто сосема друго. Прво по муабет ке видиш дека е сто пати поинтелигентен од неа, од секогаш имаше револуционерни решениа, како на теренот, така и вон него. Едноставно човекот има харизма за разлика од бледункавата ладна Англичанка во облик на Викторија.
И ај бидеме поштени, не ли прва асоцијација на Викторија е сопруга на Дејвид Бекам?