Вие сте менаџер, сега што?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Тим - Милан
Асистент - Од следна сезона Паоло Малдини
Капитен - Џенаро Гатузо

По доаѓањето во Миланело и по состанокот со Берлускони и Галијани при што потпишувам договор за 2 години како менаџер во Милан се состанувам со играчите. Прв контакт го правам со легендата и капитенот Малдини со кого низ пријатен разговор добивам информации за играчкиот погон на Милан. Потоа низ неколку тренинзи веќе имам јасна слика за тимот. Некои играчи не заслужуваат да бидат во тимот. На трансфер листа ги ставам Емерсон, Фавали, Калач, Шевченко, Сидорф и уште неколку помлади играчи кои се во вториот тим но никогаш не добиле шанса. Прво добивам понуда за Емерсон од Портсмут каде што бараат играч во дефанзивата во средниот ред како замена за Диара. Го продавам за 3 милиони евра. Понуда за Калач од Атлетико Мадрид како втор голман. Прифатена понуда од 2 милиони евра. Шевченко добива шут од кај мене и се враќа во Челзи каде што добива отказ и се враќа назад во Украина во Динамо Киев. Фавали иако не сака да си оди од првин, по понудата од Рома, која го има новиот менаџер Анчелоти, прифаќа пониска плата за да се спои со неговиот пријател. Цена на трансферот - 3 милиони. Сидорф по малиот инцидент со Бекам под тушевите е притиснат да си оди од соиграчите и го продавам за 10 милиони во Ајакс кои собираат тим на ветерани од нивниот погон по продажбата на Хунтелар. Се на се вредноста изнесува - 18 милиони евра. Без размислување тие пари плус дел од парите од рекламите од Бекам ги купувам Агер и Сантакроче како млади дефанзивци. Го враќам Гуркуф во Милан а Бекам го враќам во Америка заради рехабилитација по инцидентот со Сидорф каде што си продолжува со Галакси. Понуда нудам за Хандановиќ од Удинезе, замена со Абиати и таа е прифатена. Зимскиот период завршува и завршувам со шопингот и го сумирам тимот. Конечно изгледа вака првиот тим на Милан.


---------------------Хандановиќ-----------------------
Сантакроче------Агер---------Малдини(c)----Замброта
---------------Фламини---------Пирло-----------------
Роналдињо------------Кака-------------------Гуркуф--
---------------------- Пато----------------------------

Ги чекам да се вратат од повреди Неста, Гатузо и Бориело. Неста би играл во прв тим место Малдини, Гатузо место Фламини и при тоа станува капитен а Бориело е прва замена за Пато. Поход кон титулата почнува.....
 
И така овој преоден рок го продавам Бензема, и го зимам Кун Агуеро :)
Не ме прашуваш дали јас ќе ти го продадам Агуеро ај кажи колку нудиш па ќе се договориме:pos2::pos2:
 
Би направил неколку измени како на пример би го продал О'Ши,невил и сколс во пензија идат и Кушчак го шиткам,го купувам С.Рамос.Така да би изгледал составот вака
------Фостер-------
Рамос-----Фердинанд----Видич----Евра

Роналдо----Керик-----Андерсон----Нани

-------------Руни---------Тевез

Во измените
Амос
Рафаел
Тошиќ
Љајиќ
Еванс
Велбек
Посебон

Со тоа што Рамос и Рафаел ке се мењаат цело време :)

Асистент менаџер: Гигс :pipi:
 
Би направил неколку измени како на пример би го продал О'Ши,невил и сколс во пензија идат и Кушчак го шиткам,го купувам С.Рамос.Така да би изгледал составот вака
------Фостер-------
Рамос-----Фердинанд----Видич----Евра

Роналдо----Керик-----Андерсон----Нани

-------------Руни---------Тевез

Во измените
Амос
Рафаел
Тошиќ
Љајиќ
Еванс
Велбек
Посебон

Со тоа што Рамос и Рафаел ке се мењаат цело време :)

Асистент менаџер: Гигс :pipi:
А Бербатов:
1.Го продаваш
2.Во замена
 
Па после доаѓањето во Реал како помошник менаџер би го земал Зидан потоа би испратил скаути низ повеќето земји за да ме известат каде има добро млади играчи кои би ги купил и би направил одлична младинска академија:helou:
на трансфер листа одат салгадо,савиола,гути,руд ван......
Би ги купил Пандев,мика ричардс....
би играл формација 4-4-2 со офанзивни крила
тимот би бил овој
Касиљас
Пепе
Рамос
Мика Ричардс
Марсело
Снајдер
Пандев
Ван дер варт
Робен
Раул
Игуаин(пандев)
резерви
гаго
парехо
Буено
дудек
диара
канаваро
Би им предложил на Касиљас,Рамос и на Раул да потпишат доживотни договори додека сакаат да играат а потоа да продолжат како тренери....
Пред почетокот на сезоната би направил турнеа во МАКЕДОНИЈА
ОД младите би ги купил
Хенри Саивет,Балотели,Керлон,Герет Бејл,Ди мариа,Аду,Тони Крос,Пачехо... а и други кои ќе ми ги предложат скаутите
 
Интересна тема мора да признаам , со оглед дека сум фан на Интер у тимот би го направил следново :

- Фиго , Виеира , Андријано би ги продал , првите двајца се нула во споредба на она што беа во нивните најдобри времиња и се едни од најплатените во Интер , Андријано би го шитнал ради тоа што одсекогаш сум обожавал игра со еден класичен шпиц во нападот така да Ибра и Адри у еден тим нема шанса , ке треба да се форсира 4-4-2 формација што за Интер би било неекслоатирање на средината мал посед на топката .
Никако во тим од Италија , или Шпанија или Англија и му типувам одлична иднина каде и да иде .

- Би форсирал игра како онаа на Барселона , т.е. 4-3-3 или 4-3-2-1 формација , со споро градење на играта ( како Арсенал против Милан ) со што поголем посед на топката и максимално искористување на десниот и левиот бек од одбраната , значи у средината не би имал некое карактеристично крило .

------------------Цезар-------------------
Маикон ---Матераци---- Киву(Кордоба) --- Максвел

------ Занети---Камбиа---Диего------

---Станкович----------Кварезма-------
-
---------------Ибра--------------

* И Кваресма и Станкович би биле поставени што по централно во средината, нешто ко AMRLC/FC ( да се ослободи простор за Максвел и Маикон ) и би им ги ротирал позициите , истото важи и за средниот ред , што поцентрално кога се напаѓа , а у одбрана малце по развлечено , со јак пресинг и повлекување на двата полушпица као помош у средината , алтернатива за Кварезма би бил Бен Арфа од Лион ( значи у случај Кварезма да не дојде ) , го имаат Хименез така да имаат алтернатива и во средината и на позициите на Санкович и Кварезма/Бен Арфа, на клупата имаме одлични алтернативи , Маниче , Кордоба , Хименез , Ривас , Пеле , Балотели , Круз , така да тимот со состав како оној погоре би бил комплетен .

Ова и би бил составот кој би сакал да го видам во Интер од наредна сезона , истото важи и за начинот на игра што не верувам дека Манчио би го преферирал затоа и напнав со Мурињо или у краен случај Рајкард доколку Мурињо иде во Барса .
интересно интересно
 
А ке ве слушат ли играчите шо им кажувате, ке изиграаат намерно лоши 7-8 натпревари, и ке ве избркат од клуб:pos2::pos2:
 
Најпрво што ке го направам е тоа дека Денилсон и Сонг ке ги ставам на клупа и ке ги пуштам во куповите повеќе а и може во премиер лигашки дуел да ги играм некаде 75/80 минута колку да има мало освежување во средината.
Потоа би го продал Адебајор, и со тие пари би го земал Санта круз.
Би доставил кам-бек понуда за Фламини што би го пополнил местото ДМ каде што сега е слабина во Арсенал.
Значи би купил вкупно три играчи за не толку многу пари, со се овој што сега ке го спомнам.
Одма би испратил понуда за Гарднер од Болтон.
Дечкото игра десен бек со офанзивни улоги, сегде го има на терен.
За овие играчи дали 20 милиона ке се потрошат, али според мене ке бидат корисни за тимот и ке има доста успех.
Клиши ке го ставам на клупа а на местото негово би го вратил уштеовој преоден рок Арманд Траоре и би му загарантирал првотимски статус до крај на сезона.
Диаби, Сонг, Денилсон и Вела би ги дал на Лоан

Формацијата ке ја поставам 4-1-3-2
-----------Алмуниа

Сања - Туре - Галас - Траоре

-----------Фламини----------

Аршавин - Фабрегас - Насри

---Ван Перси-Санта круз----

Резерви: Бентнер, Едуардо, Џуру, Гарднер, Фабиански, Ебуе, Росицки, Волкот, Клиши.
Едноставно би внесол голем и квалитетен играчки кадар со јака клупа.
Џуру би бил добра замена ако некој од двајцата централни ми се повредат а и Гарднер иако игра како десен бек сегде го има на терен и мислам дека комплетно може да се снајде таму.
Ебуе/Волкот ке бидат замена за Аршавин и автоматски со нив ке можам да ротирам и кога ке сум во негатива, Ке го ставам Насри централен играч како плејмејкер Ебуе десно Росицки лево и формација 4-3-3 со напаѓачи Волкот - Ван Перси- Санта круз. Не мора тоа да значи, може да се заменат со еден од Бентнер или Едуардо.
Клиши одлична замена за Траоре.
И за голманот не кажав ... углавно ке има соодветна замена за Алмуниа.

пс. Браво за темава Фантом_ох.
 
Уф...темава...:pipi:
* Тим...Арсенал
Како про би купил одма голман, Камени, Гордон а и по можност од тимот а и од условите и све би го зел најдобриот Касиљас...:pipi:
Потоа би го продал обавезно Галас и за тоа време додека купим некој играч на таја позиција т.е Мика Ричардс, Компани или ако падне од небо паре и имам огромна среќа би го зел Тери а за тоа време дур не дојде никој ќе игра Џуру.
Само би купил играчи на овие две позиции.
- би играл со формација 4 - 1 - 2 -1 - 2

---Камени/Гордон/Касиљас---
--Сања--Туре-Џуру--Клиши--
------------Сонг--------------
Волкот------------------Насри
-----------Фабрегас----------
--------РвП---Аде-------------

Замена:
1.Алмунија(додека не го продадем)
2.Силвестер
3.Денилсон
4.Бентнер
5.Вела
6.Диаби
7.Ебуе
(ова рачунам ако ми са свите играчи здави)
А Аршавин ќе игра на местото на Волкот додека тој не се опорави и тогаш ќе игра до 50-60мин откако ќе му остапува место на Волкот или на Насри или на некој од нападот а тоа зависност од резултатот.
Можда и ќе треба да купум некој добар играч на позицијата ДМ ама пак имам верба во Сонг а и во Денилсон и Диаби кој можат исто така да изиграат на таја позиција (иако Венгер го става мн офанзивно Диаби, но тој може исто така да изигра и подефанзивно) , а и Рамзи за брзо време ќе влезе во првиот тим и ќе нема потреба од др играчи во средниот ред.
Би играл како што и Арсенал знае да игра со кратки пасови и доста тимска игра но пак нема да форсирам толку игра преку крила бидејќи само Аде знае со глава да игра и не може тој сам против цела одбрата и повеќе нападите да одат преку Фабрегас и преку средината со ниски топки.
Слободни Фабрегас изведуе oсвен од десна страна преку која изведуа РвП, корнери Фабрегас и Насри зависност од страната и други фактори а РвП во никој случај да изведуе.
Капитен Фабрегас а заменик Туре...:pipi:
 
Да надополнам тоа што сум изоставил.
Ремзи on loan.
Силвестер на клупа и замена на централните дефанзивци заедно со Џуру.
 
Тим-АРСЕНАЛ
Како прво би потрошил цело богадство за засилувања,но наскоро тиа пари што би ги потрошил ќе се дуплираа.Уште одма би ги продал Силвестре,Диаби,Бендер и секако Роситцки кои никогаш нема да се врати во форма.Сања,Клиши,Денилсон би ги седнал на клупата.Најпрвен би го купил најдобриот играч во моментов во ЕПЛ Ешли Јанг за кого би дал ако треба и 50 милиони фунти,потоа Лсекот,Аршавин,Фламини и Крањчар.Па составот би требало да изгледа вака

-----------------Алмунија

-----Ебуе---Туре---Галас---Лескот

-----Волкот---Цеск(c)---Фламини---Насри
------------------------Ешли Јанг
----------------Ван Перси

Резерва би биле:
Фабијански
Клиши
Џуру
Сања
Сонг
Аршавин
Денилсон
Ремзи
Крањчар
Вела
Аде
Едуардо

Мислам дека само со вакви играчи АРСЕНАЛ ќе се врате на старите победнички патеки :toe:.Со вакви играчи би биле конкуренти за сите 4 трофеи
 
Тим:Челзи
Би ги продал:Фереира,Карваљо,Малуда и Деко
Би ги земал:Лисандро Лопез,Снајдер,Серхио Рамос
Прв состав би изгледало нешто вака:
----------------------Чех-------------------------
----Серхио Рамос----Тери----Иванович----Е.Кол--
---Снајдер-----Есиен------Лампард-----Балак----
----------Дрогба(Анелка)--Л.Лопез---------------
 
Тим Звезда, форнација (4-4-2)

Стаменковиќ

Игњатијевиќ
Вилотиќ
Ѓорѓевиќ
Нинков (би го задржал)

Исах
Јеремиќ
Богдановиќ
Лазетиќ (капитен)

Перовиќ
Лекиќ

замени :
Павловиќ
Савиќ
Б.Ѓорѓевиќ
Микиќ
Савио
Каду
Блажиќ
Мугоша
Јевтиќ
Трифуновиќ
 
Уфф одлична тема....како порачана.
Тим:Интер
Би ги продал:Грешко..се зезам..би ги продал Мунтари и Кварезма,би ги стаил на клупа Занети,Станкович и Милито(остареа,доста им е)и би ги купил Јаја Туре,Хесус Навас и Таиво.
*промениве од наредната сезона,оваа добра е за со играчите што ги имаме

Вака би изгледал составот:

--------------------------Julio Cesar-------------------------

---Maicon---------Lucio-----------------Chivu-------Taiwo---

------------------Yaya Toure------Cambiasso----------------

--Jesus Navas--------------Sneijder---------------Pandev----

----------------------------Eto'o----------------------------

Со овој тим гарантирам ЛШ финале.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom