Вие и форумот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
Кога прв пат го видов форумот имав некоја чудна претпоставка за него, дека се е на заебанција дека нема ништо корисно, но тоа ми беше во глава дур не свртев 2-3 страни на одредена тема во Љубов и Секс, Здравје, тогаш сфатив дека на форумов може многу да се научи и дека има доста сериозни ликови кои размислуваат на навистина поинаков начин, на начин на кој се пронаоѓаш самиот, изнесуваат свои ставови кои ти помагаат и ти да создадеш некој свој став.
Потоа следеше моја регистрација на форумов, и малку посериозно гледав спрема него, увидов колку многу може да научиш од тука, има доста интересни теми на кои можеш да оставиш мислење без да бидеш осуден на предрасуди, место каде што можеш да провоцираш фанови на други клубови, и така форумот стана мое секојдневие исто како и фејсбук.
Се на се, форумов е многу корисен кој знае да го користи, тука можеш да најдеш се што ти е потребно, помага при решавање на одредени проблеми, создавање на својот карактер, свои ставови.
 
Jaс и форумов.

Шо знам, не знам. Има фини луѓе, има фини луѓе кои слушаат горе долу иста музика, има фини луѓе кои гледаат горе долу исти филмови, има фини луѓе кои знаат некои работи многу повеќе од мене па мило ми е да ги прочитам, но има и фини луѓе кои не знаат некои работи повеќе од мене и се свесни, има и фини луѓе кои не знаат а мислат дека знаат. Има атеисти, има и верници, има приземни, има и опнати. На крајот на краиштата сите се луѓе, крв месо и се фини на свој начин освен тие шо не се.

ФорумО е место кај шо чоек преку дискусија можи да се подопамети, да созрева, освен ако е фул тврдоглав, полн со предрасуди и самобендисаност. Треба и да е отворен, но не максимално во стилот како ја перцал девојката на кровот од двокатната куќа, веднаш до левиот оџак (веројатно тоа така оти форсирам некоја приватност).

Напишав порано едно мислење, каде го замислив како мало местенце со повеќе улички и кафулиња(читај биртии), каде во една ќе ги најдиш дружината од подфорумот музика, во друга филмомани, во треба религиски фанатици, четврта спорт и така натака.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom