Епа вака значи.
Прво треба да имаш систем на подредување. Да можат игрите да се подредат по азбучен ред, по датум на излегување, по популарност и најважно по случаен избор. Тоа последното немора сите да ги излиста ама барем 20тина и да можи и по категорија и од сите категории собрано.
И тоа случајното ќе ти биди ко главен приказ а за останатите листања ќе треба да се кликни додатно.
Друго, добро е да имаш систем игра/и на денот/неделата, и по категории и општо од сите заедно.
Трето некои од тие игри да добиваат повисок статус на избрани игри (featured games). Таму ќе одат подобри и покреативни игри, игри на некој попознат дизајнер, па некој ќе си платат за таму, некои други со гласање од играчите. Ама ова за последно остави го оти треба добро да се осмисли. Инаку и во оваа листа ќе ги имаш тие 4те можни начини на подредување.