Видео технологија во фудбалот

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за воведување на видео технологија во фудбалот?

  • Да

  • Не

Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.839
Поени од реакции
60.396
Пошто дискусиите за видео технологијата се рашири во неколку теми низ форумов, еве една наменета само за неа.

После технологијата на гол линијата кој се покажа како успешен проект, во тест фаза е и така наречениот ВАР (Video assistant referee), кој ќе прегледува забавени снимки од спорни ситуации како што се црвени картони, голови, пенали, погрешно идентификување на играч...

Функционира едноставно.
Прво судијата го информира ВАР или ВАР го информира судијата дека ситуацијата треба да се прегледа. По прегледувањето му јавуваат на судијата што виделе и каква е нивната одлука во однос на таа ситуација. На тоа главниот судија носи одлука дали ќе ја прифати сугестијата од ВАР или сака и тој да ја погледне забавената снимка.

Веќе бевме сведоци на промени на одлуки по консултација со ВАР. Од следната сезона се почесто ќе се применува оваа технологија во големите лиги. Некои се во план за целосно имплементирање, а некои само во тест фаза.

Па тие дајвови и слични работи може многу лесно да се неутрализираат, се е до критериумот на судијата. Јаките тимови се заштитени ко бели мечки, нарочито главните играчи на тимовите. Нека го заострат критериумот и ќе видиш дали ќе има дајвање во иднина. Во ПЛ од следната сезона мислам дека ќе се дава жолт картон за секој одглумен пенал, без разлика дали играчот имал жолт во моментот или не, едноставно нема прогледување низ прсти.

Не знам како да ти објаснам а да не ме сфатиш погрешно, фудбалот се состои и од прљава игра, имаш копачки екипи, играчи копачи, имаш глумци, имаш дајвери, имаш милион врсти на играчи. Не знам како може да го окривувате Рамос за она во финалето, тука единствен кој треба да се окриви е Квадрадо кој наседна како мало дете на една најобична провокација. Мислиш дека ако видеше снимка судијата немаше да му покаже црвен на Квадрадо? Единствено можеби реакцијата на Рамос беше претеатрална али ете сепак се исплатеше на крајот.
Ај ќе те префрлам овде и мислам најдобро е вака. Голема благодарност до Дани.

Не ми е јасно како може дајвови и тие слични работи лесно да се неутрализираат ако судијата не успее добро да ја види ситуацијата? Како ќе неутрализираш ситуација каде заради дајв судијата досудил пенал? Или исклучил играч или уште полошо - што често се случува - и двете?
Значи, не се проблем правилата во фудбалот туку капацитетот на судиите да ги имплементираат. Џабе ако ФА во ПЛ имаат правило што за секој дајв ќе се дава жолт картон ако судиите погрешно ги проценуваат ситуациите.
 
Па тие дајвови и слични работи може многу лесно да се неутрализираат, се е до критериумот на судијата. Јаките тимови се заштитени ко бели мечки, нарочито главните играчи на тимовите. Нека го заострат критериумот и ќе видиш дали ќе има дајвање во иднина. Во ПЛ од следната сезона мислам дека ќе се дава жолт картон за секој одглумен пенал, без разлика дали играчот имал жолт во моментот или не, едноставно нема прогледување низ прсти.

Не знам како да ти објаснам а да не ме сфатиш погрешно, фудбалот се состои и од прљава игра, имаш копачки екипи, играчи копачи, имаш глумци, имаш дајвери, имаш милион врсти на играчи. Не знам како може да го окривувате Рамос за она во финалето, тука единствен кој треба да се окриви е Квадрадо кој наседна како мало дете на една најобична провокација. Мислиш дека ако видеше снимка судијата немаше да му покаже црвен на Квадрадо? Единствено можеби реакцијата на Рамос беше претеатрална али ете сепак се исплатеше на крајот.

Сметај дека ова е прво такмичење и сеуште е ново, за неколку сезони ќе оди побрзо и ќе се навикнат сите, и играчите и гледачите. И ТВ преносиве од Русија се (пот)просечни за жал.
Прљавоста нека си ја остават во соблекувална, пример морони како Суарез и Нејмар ќе бидат најпогодени од оваа технологија. Ако одиме по таа логика, пример имаш дома камера и некој ти влегува да краде, после може да биде уапсен бидејќи е снимен и ти си велиш - оставете го, кражба е составен дел од животот. :)
 
Гласав за ДА затоа што сметам дека треба да се воведе технологија али само за на гол линија, не и целосно како што се планира. Ова е мој личен став, објаснив низ темиве и да не се повторувам по 100 пати.
 
Неколку примери на ВАР во пракса.

За глупи судии џабе и ВАР.
Прегледуваше снимка и пак на погрешен играч даде црвен картон судијава на Камерун-Германија :D
 
Тренерот на Мексико доби црвен затоа што бараше прегледување на снимката.

Треба да им се даде право на тренерот или капитенот барем еднаш да можат да побараат прегледување во текот на натпреварот.
 
Тренерот на Мексико доби црвен затоа што бараше прегледување на снимката.

Треба да им се даде право на тренерот или капитенот барем еднаш да можат да побараат прегледување во текот на натпреварот.

Тренерот на Мексико доби исклучување поради недоличното однесување а не дека бараше прегледување.
 
Па тоа недоличното однесување беше последица на тоа.

Ова не е НБА па кога ќе му текни нив да има видео проверка,додуша целиот систем со видео технологијата според мене е глупост невидена,ако сакаат грешките да ги доведат до минимум тогаш нека нема помошници,посекако одлуките ќе се проверуваат на секоја спорна ситуација и тие ќе бидат занемарени..нека има за гол линијата и доста е,можеби за некој судија не е некоја ситуација пенал,или црвен или жолт или било што...секој судија си има различен критериум а овие како да сакаат механички фудбалот да го направат со оваа видеотехнологијата..глупости според мене
 
Џони... и сам знаеш колку спорни пенали се досудија, колку голови од офсајд паднаа што значително влијаеја на исходот од натпреварот.

Технологијава не одзема многу време... во многу случаи истото време го троши во расправии со играчите. Ефикасно решение е за спорните ситуации и ми се допаѓа што конечно почна да се воведува на поголемите натпреварувања.

Но, како што реков треба да им се даде шанса на тимовите барем еднаш да може да побарат прегледување, кога веќе судијата не побарал.
Кој знае подобро од играчот директно инволвиран во прекршокот дали бил фаулиран или не?

Генерално придобивките од ВАР се поголеми од загубите.
Не сакате фудбалот да стане НБА, тенис или НФЛ, а плачете по секои фудбалски грешки.
Епа еве решение да се намалат.
 
Погледнете, судијата вели не за пенал, Феенорд прават контра одма и постигнуваат гол за 2:0. Судијата прегледува, поништува голот за 2:0 и свири пенал за Витезе и израмнуваат 1:1. Така и заврши натпреварот. На пенали победиле Феенорд во Супер Купот. И после ќе рече некој не била добра таа видео технологија. Уште во 55-та минута ќе се решеше натпреварот со тие 2:0 за Феенорд со погрешна судиска одлука.
 
Лелелелееле па од ова подебилно има ли бе? 2560 минути поминаа од спорната ситуација овој зема после тоа го врати спорниот момент.................. Дното допрено, подебилна работа нема и нема ни да има, 1000 пати објаснив зошто го мислам тоа ама џабе е сеа ќе ме цитираат 15 души и пак ќе кружиме ко киша око Крагујевац. :D Фудбалот е игра на МАРГИНИ, не е ко кошарка, ракомет или тенис, во кошарка кога има спорен момент играта е под дифолт запрена и времето уштопано, вака тука ем тече време ем поминува скоро минута и уз пат паѓа гол и на овој му текнува да проверува дали било пенал или не. Ако веќе се става видео технологија сместа нека го прекине натпреварот и нека иде да провери, а не Феенорд дава гол па овој после тоа иде и гледа снимка. ХК пу од правило, све у пичка да ти ебам ФИФА, УЕФА ватева.
 
Ако веќе се става видео технологија сместа нека го прекине натпреварот и нека иде да провери, а не Феенорд дава гол па овој после тоа иде и гледа снимка. ХК пу од правило, све у пичка да ти ебам ФИФА, УЕФА ватева.

И ако нема пенал ќе се плаче дека ги прекинал Феенорд на контра :D
 
И ако нема пенал ќе се плаче дека ги прекинал Феенорд на контра :D
Да си ми жив и здрав, затоа велам дека е дебилно ова со технологијава и треба да постои само за гол линија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom