Видео: Ејми Вајнхаус разочара на Калемегдан

  • Креатор на темата Креатор на темата Рудници и
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.215
Поени од реакции
18.327
Локација
с. Издеглавје
Видео: Ејми Вајнхаус разочара на Калемегдан
icon_at_textsize.gif

Британската ѕвезда Ејми Вајнхаус со концертот на Калемегдан ја разочара дваесетилјадната публика, пренесува „Макфакс“, повикувајќи се на информации на белградски „Блиц“.

Со концертот во Белград популарната соул-пејачка ја започна својата нова турнеја, на која тргнува по уште едно закрепнување во болница за одвикнување од зависности.

Настанот на Калемегдан започнал во 19.30 часот со настапот на диџеј Селектор од Венеција. По него се одржале настапите на „Елементал“, „Земја грува“ и „Беј д'Фиш“ со Каролина Гочева.

Во 22 часот голем број музички хедонисти уживале во музиката на групата „Елементал“, но со нетрпение го очекувале појавувањето на соул-пејачката Ејми Вајнхаус. Нејзиниот настап го очекувале околу 20 илјади посетители.

Во 23.10 часот конечно фановите на Калемегдан го дочекуваат појавувањето на контроверзната британска пејачка и почетокот на нејзиниот концерт. Во зелено-црн фустан Ејми се појавила на сцената, се сопнала на влегувањето и делувала малку потпијането. Се очекувало да почне да ја пее песната „Јуст фриенд“, но никако не успевала да почне. Разговарала со групата, но не почнувала со пеењето. Со неа биле два помошни вокала и деветчлена група на сцената. Разочараната публика почнала да ја пее песната „Теарс дрѕ он тхеир оњн“, но пејачката не успевала да се сети ниту на еден збор и одвај стоела на нозете.
По неколку обиди нешто да отпее во 23.35 пејачката паднала, по што ја напуштила сцената во траење од десетина минути. Откако се вратила седнала покрај музичарите од групата. Белградската публика веќе била изнервирана и разочарана, но, сепак, сите се уште се надевале дека до крајот на вечерта ќе присуствуваат на подобро издание на славната пејачка.

На полноќ, Ејми и понатаму е на сцената и ги „пее“ своите популарни стихови, но звучи се полошо. Во обид да ја почне песната „Лове ис лосинг гаме“ не може да се сети на зборовите. Претходната нумера била „Бацк то блацк“, но никој не успеал да ја препознае. Дури во еден момент го отфрлила и микрофонот. Од публиката се слушнало свиркање, и скандирање: „Моби, Моби“.

Настапот на Ејми Вјнхаус српските медиуми го оценија за најлош концерт кој некогаш се одржал во Белград.
© 2011 Ohridnews.com. http://www.ohridnews.com/index.php?mod=3&kat=22&id=32095
 
Оваа е најлошата и најгрдата пејачка воопшто на сцена, Попрво би го слушал Коста Бургов или Драганче одколку оваа, незнам веќе како можи некоја како оваа да биде пејачка, ја личи за продавачка или рецепционерка во некој Хотел каде рецепцијата има помалку работа.....
 
И она разочарана после LuLz.
 
кој ја тркала ејми вајнхаус.............не можам да ја сварам...не па да ја гледам...или да ја слушам
 
Кој може да слуша и да гледа вакво грдо створење,па уште и на концерт да и иде,па уште да ја гледаш издрогирана .. Па барем на цеца силикони ќе гледам ако не слушам музика..а од оваа ругоба ништо бе
 
Amy Drughouse :D хахаха, супер глас имаше а песни уште поубави.

Се упропасти :place:
 
Имат неверојатно добар глас,само ретко да го слушнат на живи настапи.Ако не нешто друго позитивно од концертов ,се виде колку се успешни 'клиниките за одвикнување'...Се е до психата!
 
Само не ми е јасно како на ова лајно му даваат толку пари.
 
Да бидам овде на концерт и да гледам како ми пропаѓаат парите што сум ги дала за карта, а па уше и да сум дошла од друга држава...катастрофа...ќе ми дое да ја испукам!
Иначе има интересни песни, ама, секогаш постои тоа "ама" .
 
па требаше да се очекува вакво нешто:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom