Столе Глупавиот се жали на доктор:
- Докторе, жена ми скроз се мрднала. Чува 20 мачки дома, смрди ко да умрел накој.
- Па, добро, проветрувајте почесто!
- Ма немој, па да ми избегаат гулабите.
Мајка и татко го гледаат синчето како спие, таткото целиот горд вели на мајката: жено, каков ќе биде синот кога ќе порасне?
Исти ти му одговара жена му, повеќе сака шише од цицка.
Влегува кфор-овец во продавница и прашува:
- Имате крема за чевли бр. 42? Продавачот одговара:
- Имаме крема за сите чевли. Војникот упорен:
- Ама јас сакам крема за чевли бр. 42!
Се карале тие така додека на крај војникот не си отишол.
Утредента доаѓа командирот и продавачот му вика:
- Леле, што глупи војници имате, ми бараат крема за чевли бр. 42.
- Остави ги, тие се глупави, него дај ми ти мене игла за бел конец.
* * *
Оди жена во книжарница и му вели на продавачот:
- Дали ја имате книгата "Жената господар на куќата"?
- Штандот за научна фантастика, госпоѓо, е од другата страна.
* * *
Кој ја измислил модата?
- Грдите жени, ... а убавите биле доволно глупи за да ја прифатат.
- Зошто жените сакаат да одат кај постари гинеколози?
- Зашто им се тресат рацете.
* * *
Шетаат дедо и внук покрај нечиј двор и внукот прашува:
- Дедо, дедо, што е она?
- Модра слива.
- А зошто е црвена?
- Затоа што е зелена.
* * *
- Тато, тато, зошто мама трча цик-цак?
- Ќути сине и пукај!
* * *
Под бандера навечер Трпе бара нешто. Доаѓа Кире и прашува:
- Што бараш бе?
- Клучот. Помагај ако сакаш.
Барале двајцата 15 мин. и на крај Стојан прашува:
- Добро бе, кај точно го изгуби?
- Еее, онаму.
- Па што не го бараш таму?
- Нема светло таму.
Играл некој дечко баскет кога добил удар од топката точно во меѓуножјето и му се свиткал алатот. Оди тој на доктор и му се жали:
- Помагајте докторе, ми го свиткаа Стојко со баскет, а другата недела одам на меден месец со жена која е уште невина и тоа на секој дел од телото.
Докторов го прегледува и му вика:
- Не бери гајле, ќе го имобилизираме со четири штички од страна и ќе го превиеме, за недела-две ќе биде како нов.
Му го превиваат на дечково и тој оди на меден месец. Почнува жена му да се соблака и му ги покажува своите совршени гради со зборовите:
- Ги гледаш овие... ти ќе бидеш првиот што ќе ги допре.
На тоа дечково одговара:
- А го гледаш ти мојов... уште е у амбалажа.
* * *
Жена трудна со прво дете оди на контрола на лекар и после прегледот срамежливо прашува:
- Докторе... маж ми сакаше да ве прашам нешто...
- Нема проблем знам што е, сите тоа ме прашуваат. Можете слободно да имате секс.
- Не е тоа докторе. Сака да знае дали ќе можам да продолжам со кречењето на станот.
Некој лекар работел во мртовечница и вршел преглед на телата пред да бидат погребани или кремирани. Една вечер пред да си оди дома почнал да го прегледува телото на некој си Димитар, кога што ќе види... човеков го имал најголемиот алат што го видел во животот. Се размислил малку лекаров, па си рекол во себе:
- Извини Димитар, али не можам да те пуштам на кремирање со толкав алат. Мора да со сочува за проучување.
И така лекаров му го отсекол на Димитар, го ставил во актовка и среќен го носи дома. Влегол дома и прво ја викнал жена си:
- Жено, ела брзо да видиш нешто, нема да поверуваш...
Ја отворил актовката и жената само што фрлила поглед извикува:
- Леле, боже. Умрел Димитар!
* * *
Влегува човек во кафе бар и на шанкот порачува едно пиво, а шанкерот му одговара:
- Повелете господине. Тоа ќе ве чини 1 денар.
- Колку???
- 1 денар.
- Дај ми тогаш уште едно дупло виски, кока кола и нешто за грицкање.
- Нема проблем, ама тоа ќе ве чини 5 денари.
- Не зезај?! Кој е газда на местово и каде е, сакам да го видам.
- Тој е моментално горе на спрат со жена ми.
- Што прави горе со жена ти?
- Исто што и јас со неговиот бизнис.
Се јавува човек во брза помош и вика:
- Брзо пратете кола, тука еден човек го згази ваљак!
- Добро, кажете ми на која адреса е човекот?
- Па лежи на Партизанска број 33, 34, 35 и 36.
* * *
Одат два фрижидера по улица и среќаваат машина за перење, па едниот му вика на другиот:
- Види ја оваа како меша!
* * *
Една вечер таткото го легнува синчето во кревет. Пет минути подоцна детето се дере:
- Татоо, донеси ми чаша вода.
- Не може, имаше време пред да си легнеш.
Минута подоцна пак:
- Тато, сакам вода!
- Не може ти реков. Уште еднаш ако викнеш, ќе дојдам таму и ќе те исплескам.
После уште една минута:
- Тато, кога ќе дојдеш да ме исплескаш, ќе ми донесеш и чаша вода???
- Зошто плавуши не јадат банани?
- Не можат да го најдат патентот.
* * *
Човек во ресторан на келнерот му порачува две плескавици. Доаѓа келнерот со плескавиците, ги гледа човеков и прашува:
- Абе, зошто се толку мали плескавициве?
- Не бе, така ти се чини. Салатата е многу голема.
* * *
- Во која земја има демократски односи?
- Во САД.
- Зошто?
- Само таму нема Американска амбасада.
* * *
- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.
* * *
Отишле Љубчо и Бранко на гости кај Буш во Америка, ги седнале на голема маса и почнале да принесуваат порцелански чинии. Ги видел Бранко чиниите, грабнал една и ја пикнал под пазуви. Арно ама, го видела тоа жена му на Љубчо и му шепка:
- Абе, Љубчо, види го Бранко здипли чинија, земи и ти една.
Станува Љубчо и вика:
- Ние Македонците сме познати магионичари. Еве јас ќе ставам една чинија под пазуви, а Бранко ќе ја извади.
Ги копирам за да има смех на таа страна не поради друго.