Вицеви без наслов 2 дел

Домаќинот забележал дека неговите гости многу му запнале на виното, а покрај пиењето како и да не планирале да си одат. Затоа, на следното полнење вино од визбата, наместо вино им донел оцет. Едниот од гостите продолжил да пие, како ништо да не се случило, а другиот го прашал:
– А бе, ти не ли осеќаш дека ни стави оцет?
– Колку оцет може да има во една куќа? Шише, две… после пак ќе ни стави вино.

:D
 
Командантот им го објаснува на своите војници поимот асоцијација. Извадил од џебот марама и почнал да мафта со неа.

– Коле! На што помислуваш кога мавтам со марамата?
– На разделба.
– Одлично! Асоцијацијата е разделба… Миле, а ти на што мислиш?
– На оро.
– Браво! Асоцијацијата е оро… Блажо, ти на што мислиш кога мавтам со марамата?
– На секс.
– Како можеш да помислиш на секс кога ти мавтам со марамата?
– Јас цело време мислам на секс, мавтал ти со марамата или не!
 
Oди некој дедо 80 годишен на преглед и докторов му вика:
- Браво бе деде имаш супер крвна слика, притисокот ти е ко на младич, добро се движиш...како бе вака се одржуваш во кондиција?
- Абе види, станувам сабајле рано, ги пуштам тоа патките по дворот и ги бркам цел ден и така вежбам!
- Ех не е до тоа сигурно, од патки бркање не се чува здравјето, сигурно е нешто ген...кажи ми на колку години почина татко ти?
- Кој бе починал скраја да е...жив е човекот!
- Како бе жив?!?!? Колку години има?
- 99
- Жити се, па он како се одржава?
- Исто бе исто, стануваме од сабајле ги пуштам патките и трчаме!
- Абе ти викам неможе од тоа да е...кажи ми дедо ти на колку години почина?
- Ти бе ненормален да не си? Какво умирање...супер си е дедо...120 години има!
- И ДЕДО ИМАШ??? Па добро бе и он ли трча по сабајле со вас?
- Па како, ама денес неможеше пошто ќе се жени па има обврски нешо...
- Ќе се жени?!?!?! Па добро бе што му текнало на 120 години да се жени жити се?
- Абе и он нејќе, ама неговите го тераат....
 
Досадно саботно попладне во дневната соба на досаден брачен пар.
Една мува лета околу двајцата и слетува на мажот. Жената го погледнува, се насмевнува под мустаќ, но ништо не вели. И така неколку пати. Конечно мажот, нервозен од потсмевот во нејзините очи, прашува:
– Што? Да не сакаш да кажеш дека сум лајно?
– Жената може да згреши – одговара жена му, – но мувата НИКОГАШ.
 
Еден човек купил најнов мерцедес и на патот кон дома, на семафорот крај него застанало едно Југо. Човекот од југото отворил прозор и викнал:
– Имаш ли ти ТВ во тој мерцедес?
– Имам, имам.
– А GPS?
– Имам, имам и тоа.
– А кревет?
– Кревет? Немам кревет.
– Е гледаш. Јас имам, хахаха – и продолжил да вози.
Човекот од мерцедесот се изнервирал што нема кревет и нарачал специјално да му се направи.
Му направиле кревет и тој сиот среќен се возел низ цел град и го барал човекот со југото да му се пофали. Најпосле го видел на некој паркинг, а таму сите прозорци биле замаглени. Тропнал на прозорецот, тропал, тропал, на крајот се отворил.
– Што тропаш бе луд?
– Епа и јас имам сега кревет!
– Ех будало една. Ме извади од под туш за да ми го кажеш ова?!
 
Се родило машко бебе. Целото семејство се собрало и сите си фантазираат.
Мајката:
– Ќе порасне и ќе стане научник. Видете какви умни очи има.
Таткото:
– Не, ќе стане воено лице. Видете каков силен, борбен глас има.
Бабата:
– Нема врска. Се познава дека ќе стане политичар.
– Зошто?
– Па видете го бе! Целиот е во лајна, а главата му е гордо крената и се смешка…
 
Знаеш англиски?
- Да.
Ај употреби го come во реченица.
- Во КАМ е најефтино.
 
Маскиран разбојник влегува во банка мавтајќи со пиштол, наредува сите да легнат на земјата и го дава ранцот да му го наполнат пари.
Пред да излезе една храбра жена му ја повлекува маската, откривајќи му го лицето. Разбојникот без размислување ја убива и се врти наоколу за да види дали има други сведоци. Забележува дека една од касиерките исто така го гледа и пука и во неа. Сите други лежат на земјата и не смеат да мрднат, ниту да погледнат. Разбојникот разбеснето вика:
– Кој друг ми го виде лицето?
Од оддалечениот агол се слуша женски глас:
– Еј, апаш… ќе заглавиш во доживотен затвор… свекрва ми те виде многу добро…
 
Доаѓа баба на лекар со нож забиен во колено. Докторов ја прашува:

- Аман бре бабо што ти е тоа ножот, што се случи???

- Ах бе синко, па сакав да се самоубијам.

- Како бе бабо да се самоубиеш, па зар со нож во колено?

- Ееее една пријателка ми кажа дека сигурна смрт е да се прободам 2 прста под градите! :)
 
Рибар уловил златен кит. И китот му вели на рибарот:
- Пушти ме, ќе ти исполнам три желби!
- Абе какви три желби, те носам во златара!
 
Тато, тато ....
Мама вика дека некој умрел !
Ме боли к.р ! А плаче ли ?
Не....
Ааааа умрел некој мој ....
 
Back
На врв Bottom