Вицеви без наслов 2 дел

Грчки крадци, влегле во 3 - 4 куќи во Рожден, и украле злато и пари...
Граничната полиција ги фаќа и го викаат Блажо како преведувач...
Командирот на патролата му вика на Блажо:
- Преведи му на виа Грчиштата, ако не кажат кај ги скрија златото и парите, че скапат у затворот...
Блажо му преведуе, и Гркот вика:
- Ги скриме по зад последната куќа у Рожден, на три метри од стариот орај...

И командирот го прашуе Блажо:
- Шо вика, шо вика, кажи бре?
- Вика, дека не го страв ни од вас, ни од затворот...


:D
 
Стара баба носи во поликлиника тегла со урина за испитување. А вработените таму и велат:
– Бабо, не си донела урина, туку зејтин.
– А јас пак се чудам зошто ми изгореа мекиците…
 
На сите пријатели припадници на летното сметање на времето - среќно преместување на саатот нанапред!
Саатот се помести - навистина се помести!
 
- Ало, дали е тоа Канал77 радио?
- Да, во програма сте.
- Сите ме слушаат?
- Да, да, госпоѓо.
- И тие во колите?
- Да, да.
- И тие во продавниците?
- Секако госпоѓо.
- Перо не зимај млеко, брат ти земал!!!
 
Фаќа Сашо Мијалков златна рипка и ја враќа во водата.
Рипката му вика- а три желби?
И Сашо Мијалков: добро ааај, кажи што сакаш!
 
Оди еден маж кај оџата:
– Жена ми се однесува многу лошо со мене, не ме почитува, не ме слуша, ме зафркава пред луѓето… Дајте ми совет како да постапам.
– Разведи се.
– Ама, ја сакам!
– Епа тогаш не се разведувај.
– Ама не можам да живеам повеќе вака…
– Тогаш разведи се.
– И без неа нема да можам да живеам…
– Смени си ја тогаш верата.
– Тоа ќе ми помогне ли?
– Се сомневам, ама барем ќе се за*баваш со попот, не со мене…
 
Си седел малиот Трпе пред зграда, кога оттука поминал еден сосед и го прашал:
- Што мислиш Трпенце, колку години имам јас?
- 50.
- Браво, како погоди?
- Па, во нашата зграда живее еден полу-кретен, многу ми личи на вас, а има околу 25 години.
 
Cинoт: aмa мaмo, нe бeв тoлкy пиjaн! -.-
Мajкaтa: cинe, гo зeдe хрчaкoт, гo фрли и рeчe "Пикaчy, тe oдбирaм тeбe!"
 
Двајца студенти полагаат испит. Влегол првиот и еве ги прашањата:
1) Кога почнало Илинденското востание?
- 1903!
2) Кој ја напишал глаголицата?
- Почнал Кирил, а ја завршил Методиј.
3) Дали постојат вонземјани?
- Се верува, но не е докажано.
Сите прашања се точни. Ти положи.
Потоа првиот се му кажал на другиот и овој оди:
1) Кога си роден.
- 1903.
2) Навистина? А кој те направил?
- Почнал Кирил, а завршил Методиј.
3) Абе ти да не си луд?
- Се верува, но не е докажано!

:D
 
Двајца студенти полагаат испит. Влегол првиот и еве ги прашањата:
1) Кога почнало Илинденското востание?
- 1903!
2) Кој ја напишал глаголицата?
- Почнал Кирил, а ја завршил Методиј.
3) Дали постојат вонземјани?
- Се верува, но не е докажано.
Сите прашања се точни. Ти положи.
Потоа првиот се му кажал на другиот и овој оди:
1) Кога си роден.
- 1903.
2) Навистина? А кој те направил?
- Почнал Кирил, а завршил Методиј.
3) Абе ти да не си луд?
- Се верува, но не е докажано!

:D

вицов беше актуелен пред 10 години, веќе не е ни толку смешен, освен на некој 10 годишњак..

да не бидам оф-топик

Се среќаваат двајца алкохоличари и едниот се жали:
-Толку почнаа да ми се тресат рацете што вчера неможев ниту една чашка да испијам а да не истурам!
-Голема работа! И мене ми се тресат! Вчера кога мочав два пати свршив!
 
Криминалци киднапирале еден Македонец и го одвеле во некоја шума до едно езеро. Му ја потопиле главата во водата и го прашале:
– Злато, пари, дијаманти?
Му ја извадиле главата, а тој рекол:
– Не!
Пак му ја нурнале главата и повторно:
– Пари, дијаманти, злато?
Пак му ја извадиле главата од водата, а тој:
– Аман бе луѓе! Многу брзо ме вадите, ништо не можам да видам…
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom