Вицеви без наслов 2 дел

Купува попот Мерцедес, и одма после него и оџата купува Мерцедес...
Еден ден попов зема си го мие Мерцедесот и оџава го видел тоа и оди оџава другиот ден го сече ауспухот на Мерцедесот.
Попот го гледа и му вика:
- Што правиш бе ?
И овој му одговара:
- Па кога можеш ти да го крстиш, зошто јас да не му направам сунет?

:pos:
 
Боки прави концерт во државна болница. Откако завршува со пеење се врти кон пациентите и им вели:
– Довидување. Ви посакувам поскоро да оздравите!
Пациентите:
– Благодариме, исто и ти!
 
Си биле Македонец, Германец и Французин имале презентација на апчиња за зголемување на машкиот полов орган. Прв излегол Германецот:
- Ние измисливме апче кога мажот ќе се напие да му се зголеми 5 цм.
- Како, во должина или обем?
- Ние со обемот немаме проблем, така да во должина. - рекол Германецот.
Публиката ракоплескала. Втор излегол Французинот:
- Ние измисливме апче кога мажот ќе се напие да му се зголеми за 10цм.
- Како во должина или обем? - прашала публиката.
- Во должина, ние со обемот немаме проблем.
Публиката посилно ракоплескала. Последен излегол Македонецот.
- Ние измисливме апче мажот кога ќе се напие да му стане како тиква.
- Како? Во обем или должина? - ракоплескајќи извикувала публиката.
- Ние немаме проблем ни со должината ни со обемот... НА ВКУС. :pos:
 
Се возеле двајца дечки во автобус, па и викаат на една згодна плавуша:
- Мала, ај покажи ни го папокот, ќе ти дадеме 50 евра.
- Дајте ми вие 100 евра ќе ви покажам и кај ми е оперирано слепото црево.
- Еве ти ги парите, ајде сега соблекувај се!
Автобусот застанал на автобуската станица кај болницата, а таа им вели:
- Ја гледате зградана десно...
- Ја гледаме.
- Епа таму ме оперираа од слепо црево...
 
Си бил некој човек кој пател од слаба ерекција... Побарал совет од лекар, овој му препишал вијагра. Човекот среќен испил 2-3 апчиња одеднаш и нон стоп му бил дигнат. Среќен така е*ел се што стигнал, жена , комшии сите селани по ред све живо по*бал... Сега пак проблем било да го симне. Се појавува пак кај докторот.
- Колку апчиња испи?
- 2-3.
- А ууууу... си претерал. Сега пробај дома со струја некако пецни го па треба да се спушти.
Видел невидел човеков отишол дома, во дворот нашол акумулатор го поврзал и го пецкал... Го видел некој соселанец, сиот исплашен се растрчал низ селото и на цел глас викал:
- Бегајте луѓеееее ... Овој пак го полнииии. :pos:[DOUBLEPOST=1423268669][/DOUBLEPOST]Блажо и Мара на нивата работат, и на Блажо му иде СМС од швалерката:
---Брзо иди, сама сум..
Блажо се мисле како да се изваде, и вика на Мара:
---Леле Маре, тетинот умрел, че одам таму да видам, ако требе нешто да се помогне, ти остани на нивата и поработи уште троа....
Оде Блажо кај швалерката, и после некое време си иде дома, и вика:
---Нема да верујш Мариче, одам таму он жив и здрав, ај седнаме по една да мааниме, абе не можам да веруам, дека човеците се заебават за такви работи...
---Леле Блажо да ти кажуам, ти како шо замина поминаа двујца пијани, и ми рекоа, или да му пеам или че ме ебеле...
---Аууу, и ти шо направи, коа му а запеа.....
---Море Блажо како да пеам, а тетинот умрет... :pos:
 
Полицаец запрел возач и го прашал:
- Што имате во багажникот?
- Пола теле.
- А живо ли е?

Мујо и Хасо остарени, си седеле пред куќата, и Мујо го прашал Хасо:
- Си за сладолед? Јас ќе земам чоколаден, ти?
- Со ванила. И те молам, запиши затоа што стари сме, забораваме.
- Какво заборавање, трафиката е зад аголот.
По некое време Мујо доаѓа со два сендвичи со виршла. Хасо го гледа и го прашува:
- А сенф?
- Леле, заборавив.
- Па нели ти реков? Запиши си, се заборава.

Касно вечерта. Звони звончето.
- Кој е?
- Полиција.
- Нема никој дома.
- А кој збори?
- Ви се причинува.
- А зашто свети светлото?
- Чекај, сега ќе го изгаснам.

Влегува Цветко во ресторан, и седнува на една слободна маса. Доаѓа келнерот, го прашува што сака, а Цветко му вика:
- Го сакам тоа што го јаде, е оној господин.
По неколку минути се враќа келнерот со модринка на едното око, и му вика:
- Жалам, не го дава.

Седат Ивица и Марица со баба им, и ја прашуваат:
- Бабо, како сме дојдени на свет ние?
- Па штркот ве донесе.
Се врти Марица, и му вика на Ивица:
- Да и кажеме, или да ја оставиме да умре глупа?

Што прават младенците на првата брачна вечер?
Едниот ги брои парите од свадбата, а другиот прикачува фотографии на Facebook.
 
Двајца полицајци разгледуваат сообраќајна несреќа.
Првиот прашува:
- Каде е ногата?
Другиот одговара:
- В нива.
- А каде е раката?
- В нива.
- А главата?
- На асвалтот.
- Се пишува "асвалт" или "асфалт"?
Другиот ја шутнал главата и рекол:
- В нива.

:eek::sick::pos:
 
Маж влегува во аптека и вели:
- Еден куртон!
Аптекарката му одговара:
- Господине, почекајте на ред и измислете некој по цензуриран начин за да ми објасните што точно сакате.
Дошол редот на мажот. Тој ги откопчал панталоните, го извадил и рекол:
- Извини госпоѓо, може ли да ми дадете еден костум за овој џентлмен? :pos:
 
- Ало, како си?
- Не можам да зборам во гужва сум?
- Што правиш?
- Ја исполнувам брачната должност.
- Ама ти не си женет!?
- Менувам еден пријател.
 
Последно уредено:
Како плавуша решава крстозбор?

1. Женско дете ( 5 букви ) ИВОНА
2. Телефонски повик (3 букви) ЗВР
3. Не е гладен (3 букви) ПУН
4. Види слика (5 букви) ВИДОВ
5. Припадник на полиција ( 8 букви ) ДОБРОМИР
6. Врста на метал (4 букви) ПЛЕХ
7. Неопходен зачин (2 букви) ЦЕ
8. Дел од прибор за јадење (3 букви) ЗАБ
9. Најмал троцифрен број (3 букви) ООО
10. Основен пијалок (4 букви) ПИВО
11. Болест која не се лекува (4 букви) СМРТ


:D
 
Како плавуша решава крстозбор?

1. Женско дете ( 5 букви ) ИВОНА
2. Телефонски повик (3 букви) ЗВР
3. Не е гладен (3 букви) ПУН
4. Види слика (5 букви) ВИДОВ
5. Припадник на полиција ( 8 букви ) ДОБРОМИР
6. Врста на метал (4 букви) ПЛЕХ
7. Неопходен зачин (2 букви) ЦЕ
8. Дел од прибор за јадење (3 букви) ЗАБ
9. Најмал троцифрен број (3 букви) ООО
10. Основен пијалок (4 букви) ПИВО
11. Болест која не се лекува (4 букви) СМРТ


:D
орган за варење - тенџере
 
Како плавуша решава крстозбор?

1. Женско дете ( 5 букви ) ИВОНА
2. Телефонски повик (3 букви) ЗВР
3. Не е гладен (3 букви) ПУН
4. Види слика (5 букви) ВИДОВ
5. Припадник на полиција ( 8 букви ) ДОБРОМИР
6. Врста на метал (4 букви) ПЛЕХ
7. Неопходен зачин (2 букви) ЦЕ
8. Дел од прибор за јадење (3 букви) ЗАБ
9. Најмал троцифрен број (3 букви) ООО
10. Основен пијалок (4 букви) ПИВО
11. Болест која не се лекува (4 букви) СМРТ


:D
орган за варење - тенџере
 
Професор:Зошто касниш на школо
Ученик:Биди срекен и што дојдов

Влага Цветко во црква и му вика на попот:
- Попе, има ли овде ви-фи?
А попот се крсти и вика:
- Боже помогни!
А Цветко враќа:
- Што е тоа? Име на мрежата или лозинката?

Се разболел Ерџан и оди на доктор.
Докторот му го проверува стомакот и го прашува:
- Каква ти е големата нужда?
- Голема, брате, многу голема, да не беше немаше ни да дојдам.
- Не те прашувам тоа, туку каква ти е столицата?
- Дрвена, а и стара, пропадната е скроз.
- Ама, човече ме разбираш ли ти мене, колку пати одиш по надвор?
- Од кога се раздени и не се прибирам дома до вечерта.
- Гомното Ерџане, какво ти е гомното?
- Еее, господине докторе уште не сум го пробал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom