Вицеви без наслов 2 дел

Таткото ловец- некако убил мечка. Месото го оставил за себе, крзното го дал на жена си а циркускиот велосипед на синот.
 
Западна Европа. Разговараат двајца џентлмени:
- Сер, јас неодамна бев во Македонија
- И како е таму?
- Неверојатно, Вие нема да поверувате, таму сеуште мажите спијат со жени !
 
– Ало,докторe?

– Да, ве слушам.

– Докторе, јас по вашиот совет купив клизма, а што да правам со неа?

– пикни си ја у газ !

– оооооо докторе, најверојатно сте лошо расположен сега, ај ќе ви се прејавам покасно
 
Дедо Лазо и дедо Пецо:
-Знаеш ли кои се најстрашните болести на XXI век?
-Немам представа!
-СИДА и птичји грип, бе!
-Па боли ме стојко – ни ебам, ни летам!
 
Рано сабајле, иде автобус накуде Скопје, пун с’с радници и од ед’н пут од целу гужву се слуша:
- ДОКТОР! Има ли доктор у автобус?!!
На скроз друг крај од автобус јавља се некој, гура се низ гужву, стиза до кумановца и панично прашуе:
- Што е проблем? Како да ти помогну?
Ов’ј погледнаја у новину и кажаја:
- Болест на грло - 6 букве?
 
Се жени Црногорец, па на прва брачна ноќ си легнуваат со тазе сопругата во спална и зјапаат во таванот.

- Како се чувствуваш, миличок? – прашува типката.

- Уморно, како може да се чувствувам – одговара зетот.

- Што ќе правиме сега? – пак прашува невестата.

- Ќе спиеме, нормално…

- Ама јас сум навикната пред спиење мама малку да ме погали – упорна е девојката.

- Ти луда ли си, во ова време да ја будиме жената?!?!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom