Како се вика Абортус на старословенски?
Исправение курово згрешение.
Оди човек на доктор да ги земе резултатите од испитувањата и докторот му вели дека има една добра и една лоша вест.
Пациентот: прво да ја чујам лошата.
Докторот: имате рак.
Пациентот: а добрата?
Докторот: фатив во кладилница.
За време на посета на психијатриска болница, новинар го прашува директорот на болницата врз основа на што одлучуваат кого ќе примат во болница на лечење...
- Многу едноставно, ќе го ставиме пред када наполнета со вода, ќе му дадеме лажица, чаша и кофа, па ќе му кажеме да ја испразни водата на најбрзиот начин.
- Аха, разбирам... - одговара новинарот. Значи, оној што е нормален ќе почне да вади вода со кофата?
- Не, тој што е нормален ќе ја извади затката од дното на кадата. Сакате соба со балкон или без?
Богаташ во смртна постела им вели на своите три сина:
- Ќе му го оставам целото богатство на оној од вас кој е најмрзлив. - Нека дојде кај мене најстариот син.
- Замисли си ја следната ситуација: пред тебе се тркала банкнота од 100 евра, што ќе направиш?
Најстариот син:
- Ништо, ќе ја испратам со погледот и толку.
- Добро, нека дојде кај мене средниот син.
- Замисли си ја оваа ситуација: пред тебе лежи гола девојка подготвена на се. Што ќе направиш?
Средниот син:
- Ништо, ќе ја игнорирам, секако не ми се сака...
- Добро, нека дојде кај мене најмалиот син...
Најмалиот син:
- Ти дојди!