Вицеви без наслов 2 дел

Правилата на голф во спалната соба

Секој играч треба да ги има своите алати, т.е. стапот и две топки. Играта треба да се одобри од сопственикот на игралиштето. За ефективна игра стапот треба да биде цврст. Сопственикот на игралиштето има право на контрола на цврстината на стапот пред почетокот на играта.

Поенот на оваа игра е да се стави стапот во дупка и да се игра додека сопственикот на игралиштето се задоволи и играта заврши. Ако не се игра добро постои опасност да го губиш правото на игра од страна на сопственикот на игралиштето.

Играчите не смеат да разговараат за други игралишта што играле досега.

Исто така играчите не сакаат некој друг да игра во нивното игралиште. Играчите треба да знаат дека не можат да играат секогаш. Игралиштето е затворено неколку дена во месецот за реновирање. Професионалните играчи наоѓаат други алтернативи во овие моменти.

Често пати се бара бавна игра со брзо темпо за кратко време, додека сопственикот на игралиштето не ги задоволи своите потреби.
 
Татко гледа фудбалски натпревар, во собата доаѓа синот и вели:
- Автомобил ја удри мама!!!
Таткото не тргајќи го погледот од телевизорот вели:
- Почни да плачеш, доаѓам веднаш.
 
Si bil spajdermen...se kacil na MTV u Skopje i rekol:"a sega kade?"

Одат два фрижидера по улица и среќаваат машина за перење, па едниот му вика на другиот:
- Види ја оваа како меша!

Tрпе лежи во кревет после секс, пуши цигара и се загледува во една слика на ѕидот.
-Кој ти е оној ма на ѕидот, маж?
-Не.
-Брат?
-Не.
-Швалер?
-Не бе, јас сум, само пред операција!

Две плавуши седат на концерт на пијано.
- Ова да не е Шопен?
- Не сум сигурна, чекај нека се сврти!


Еден постар човек отишол кај волшебникот да побара помош.
-Дали можеш да ми ја симнеш клетвата што ми ја фрлија пред 40 години?- Го прашал.
- Можеби и ќе можам, само треба точно од збор до збор да ми ја кажеш. Му одговорил волшебникот.
Не двоумејќи се човекот рекол:
- А сега ве прогласувам за маж и жена……

Младиот принц решил да се жени и дал оглас во весник дека бара принцеза.
Но, никој не се јавил на огласот и така принцот си живеел среќно до крајот на животот.

Жената му вели на мажот:
- Леле колку сум среќна што се врати!
- Што така?
- Па, на радио рекоа дека некој пијан идиот се удавил во реката.


За време на неодамнешната посета на Никола Груевски на Демир Капија (и Специјалниот завод за лица со интелектуална попреченост), сите штитеници на заводот излегле во двор и со аплауз го пречекале премиерот. Но, на една страна стоеле неколкумина лица кои не аплаудирале. Некој од кабинетот на Груевски го забележал ова, им пришол и ги прашал:
- Зошто вие не го поздравувате премиерот со аплауз?

А овие мирно му одговориле:

- Дечко, ние не сме луди, ние работиме овде :))))

Што е тоа: „Ги има четири во една соба, а само еден работи?“
- Три државни службеници и еден вентилатор!

Зошто петлите први пеат на сабајле?
-Бидејки кога ке станат кокошките ке нема да дојдат на ред!

Кујнски дневник на плавуша:
Се преселивме во новата куќа, многу ми е забавно да му готвам на мојот Перо. Денеска му направив многу убав колач по рецептата: "Одвоено мешајте 12 јајца". Но иако немав доволно садови за мешање морав да позајмам од соседството за да ги изматам сите јајца одвоено. НО на крај сето тоа ми се исплати бидеји колачот испадна супер.

На час по биологија. Ајде деца кој ќе ми каже некое убаво цвеќе.
- Љубичица!
- Браво, многу убаво.
- Нарцис, учителке..
- Браво, многу убаво.
Малиот Трпе.
- Оргазам учителке!
Тоа не е цвеќе Трпе!
- Да учителке ама, многу, многу е убаво!

Умрел другарот Тито. Централниот комитет прогласил 10 дневна жалост. Се јавува Трпе во комитетот за да праша дали може да има секс за време 10 дневната жалост...

- Да, може но само со својата жена, му одговориле од комитетот.
- А зошто само со својата жена?
- За да туга буде веча!

Отишла бабичка на лекар затоа што имала проблеми со срцето. Лекарот:
- Вие, бабичке, сте за ЕКГ!?
- Не синко, јас сум за СДСМ.

Кои се најдобрите школки на светот?
Средношколки!
 
влегува мечокот во дневната соба, гледа накај масата и вика:
- Еј, некој јадел од мојот тањир!
Влегува малото мече во дневната и тоа вика:
- Некој јадел и од мојот тањир.
Влегува мечката во дневната и вика:
- Ај доста дробите, не сум ви турила уште.
 
Се нашле тројца стари пријатели и решиле да си ги мерат!
Влегле во посебни соби, и еве ги, излегуваат по десет минути со резултатите. Првиот вика:
-Мене ми е 17 сантиметри.
Вториот:
- Мене мие 18.
Третиот ги гледа малку чудно и вели:
-А, мене36,5.
Овие двајца го гледаат и не им се верува. Едниот вика;
- Туууу бе! Што зборуваш?! Па со што го мереше ти?!
- Со топломер.
 
Дечко и девојка на првиот состанок се испраќаат пред вратата на девојката. Таа го прегрнува и го бакнува за догледање, а дечкото ја прашува:
- Чекај малце, нема да ме викнеш кај тебе горе?
Девојката изненадена:
- Нема, нормално. Никогаш не викам дечковци дома на првиот состанок.
- А на последниот???
 
Зошто само 10% од жените одат во Рајот?

Затоа што ако појдат сите ќе стане Пекол.
 
Зошто кога сакаат да се сексаат стоногалки, машката умира предвреме од нервоза!
- Не може да ги пронајде двете вистински нозе.
 
во една лудачка болница еден лудак забележал како се дави во реката жена и отишол да ја спаси....потоа отишол кај докторот и му вика :докторе јас сакам да ме пуштите од овде бидејќи направив добро дело, а докторот му вика : е што направи, а лудакот одговара : спасив една жена што се давеше долу кај реката, докторот : a kaде е жената, и лудакот вика:ене ја, ја обесив на дрвото да се суши:pos2:
 
Се враќа маж дома, мртов уморен после работа, седнува на каучот пред телевизорот и и вика на жена си:
- Жено, ај ако сакаш едно пиво додека не почнало.
Жената веднаш му носи пиво. По 15 минути, мажот пак:
- Жено, уште едно, додека не почнало.
Жената без коментар му носи уште едно пиво. По 10 минути мажот повторно:
- Жено, ај ако сакаш уште едно пиво, само што не почнало.
Жената носи пиво и почнува на цел глас:
- Добро бе, ова ли ќе правиш цел ден, ќе седиш пред телевизор, ќе пиеш пиво. Ти не си ништо повеќе од пијаница, мрзлив, никаков....... а мажот коментира:
- Ете, почна...

:pos:
:pos:
:pos:
 
Попален маж излегува од купатилото со чаша вода и 4 аспирина за жена си:
- Еве душо, ова е за тебе.
- Зошто, па не ме боли главата?!
- Боже, фала ти!!!
 
Починала мирна девојка и оди кај Господ. - Господе, јас живеев чесно, не пушев, не пиев, не одев по мажи. Каква награда ќе ми дадеш? Господ се замислил и наредил: - Дајте и крилја - ООО, ќе ме правиш ангел? - Не – гуска! – одговорил Господpos
 
Шета некој дечко по продавници и гледа на еден излог многу убави часовници. Влегува внатре, па прашува:
- Колку ви е часовников овде?
- Извини дечко, не продавам часовници.
- Туку?
- Правам сунет.
- Па, што си ги ставил сите овие часовници на излог?
- А што да ставам?
 
Плакат на бандера:
- Исчезнати се маж и куче... Награда за кучето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom