Остарела некоја жена, па децата една вечер ја однеле во старачки дом, за подобро да се грижат за неа. Утрото, две сестри ја станале старата, ја избањале, ја облекле, ја најале и ја седнале на столица на терасата со поглед на прекрасна цветна градина. Поминало некое време, старицата почнала да се наведнува на едната страна. Го забележале тоа сестрите, притрчале и одма ја исправиле. Поминале уште пет минути, ете ја пак старата пак се наведнува сега на другата страна. Пак притрчале сестрите и ја исправиле. Така си правеле они некое време додека не дошле децата на жената. Ја прашуваат тие:
-Како си мамо, се грижат ли за тебе добро, ти се бендисува ли?
- Абе добро е све, супер е, само од сабајле не ми даваат да прднам!
_____________________________________________________________
Отишла некоја бабичка на доктор.
- Докторе помагај, нешто не е во ред со мене, кога ќе прднам ниту нешто се слуша ниту нешто мириса.
Ја прегледал докторов и и дал некои апчиња. После некое време ете ти ја бабичкава доаѓа на контрола.
- А бре докторе сега кога ќе прднам ужасно смрди, ама пак ништо не можам да слушнам.
- Добро е, значи го отпушивме носот, сега останаа да ги отпушиме уште и ушите.