Вицеви без наслов 2 дел

Некој човек оди по улица и гледа некоја убава жена и и вика:
- Леле ама мачкицаа. И таа вика:
- не сум ја мачкица туку тигрица.
И тој и вика:
- Ако де важно си животно.
:pos:
 
Како настанал земјотресот?
-Црногорец зел лопата да копа, а земјата отвотила уста да се смее
 
Се разбудил едно утро тигарот во џунглата и се чувствувал супер. Тргнал да се шета, видел некое магаре, почнал да кружи околу него, па го прашал:
- Абе, магаре, кое е насилното животно во џунглава?
Магарето цело потресено:
- Па, ти си тигре, нормално.
Продолжил тигарот понатаму, па видел елен. Се приближил до него и му го поставил истото прашање. Еленот пребледнел кога го видел, ама собрал сили па одговорил:
- Тигре, нема посилен од тебе!
Тигарот полн со самодоверба, оди понатаму, се доближува до еден слон и прашува:
- Еј, слону. Кое е најмоќното животно во џунглава, а?
Слонот го фаќа тигарот со сурлата околу вратот, го крева и треска двапати од земја, го витка како топка и го акнува од дрво.
Се созема тигарот, па коментира:
- Добро, бе слону, ако не го знаеш одговорот, не се нервирај толку.
 
Зајко имал многу моркови и веќе не знаел што да прави со нив. Му текнало и земал ги закопал во земја и над нив ставил еден знак што на него пишувало ОВА НЕ СЕ МОРКОВИ. Поминало некое време, дошол ежот и му ги зел морковите и на знакот напишал: ЕЖОТ НЕ ГИ ЗЕМА.
 
Оди некој човек на докторка и и вика докторке имам еден проблем, сакам да се соблечам пред вас ама ве молам да не е смеете. Докторката па на тоа му вели не се секирај ние тука имаме кодекс нема смеење не смее да се смееме. Тој и вика ама докторке сигурно нема да се смеете? абе не се смеам ајде само кажи што е работата. Ги соблекува тој пантолоните и кога гледа докторката најмалото можно пенисче што го видела, помало од смока, и почнала да се смее не можела да издржи и му вика извини стварно извини.
-Е добро што е работата со него?
- Абе докторке ми потеле бе нешто!
 
Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина и дал на жената. Потоа ги поделил компирчињата од помфритот, едно него едно нејзе и на крај претурил половина од кока колата во нејзината чаша. И тогаш, мажот почнал да јаде, а жената само седела и го гледала со скрстени раце. Се смилувал дечкото, отишол кај двојката и се понудил да им купи уште еден оброк. Мажот одговорил:
- Не, благодарам. Ние сме во брак 50 години и цел живот се сме делеле по половина.
Дечкото:
- А зошто госпоѓата не јаде?
Жената одговорила:
- Негов ред е да ја користи вилицата.
 
Само што заспал мажот дома,тоа го користи швалерот да излезе од шкафот и да си оди накај дома.Излегол полека,со јакна во рака,да не му е ладно надвор и во тој момент станува мажот,го гледа и така сонлив го прашува:
-Кој си ти бе?
-Молец!
-Па што си ми ја земал јакната?
-Дома ќе си ја јадам!
 
Си биле Американец, Јапонец и Македонец.
Американецот:
- Абе кај нас во рок од 6 саати знаеме кој ќе биде претседател.
Јапонецот:
- Ние за 2 саати знаеме кој ќе биде претседател.
и Македонецов:
- Кај нас се знае 6 месеци однапред кој ќе биде претседател.
 
Си биле два балони во пустина и му вика едниот на другиот:
Пази кактусссссссссссссссссссссссссссссс, а овој:
Касно палишшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшш
 
Двајца кампери се шетаат по планина кога пред нив излегува мечка и почнува да ги брка. Почнуваат да бегаат двајцата како муви без глави и во еден момент едниот од нив застанува, вади патики од ранецот и почнува да ги облекува. На другиот не му се верува што гледа па почнува да вика:
- Што правиш бе будало, зошто облакаш патики кога неможеш да ја наттрчаш мечката????
- Не морам јас мечката да ја наттрчам, доволно е да те наттрчам тебе
 
Си биле три жени и отишле на пазар.
Дошле до тезгата со краставици и ..
- Мене дајте ми прави и дебели!
- А за мене исто дебели, може и малку искривени.
- А за мене било какви, за салата ми се!- рекла третата.
 
Да, конечно! Се селиме! На нов и побрз сервер. Преселбата ќе започне викендов, ќе трае... х време... (сепак имаме огромна страна со огромна база на податоци).
Исто така, на наше огромно задоволство, после 4 години ќе си добиеме и сопствен домеин, но за тоа подоцна :)
До тогаш сите сервиси ќе бидат затворени.
 
Прават анкета луѓе низ факултетиве,за колку време би можел еден студент да научи кинески јазик.Одат прво на економски:
-За колку време можете да научите кинески?
-Ууууффффф......кинески заебан јазик е,многу симболи,заебанции.....за едно 6/7 месеци би требало.
Одат после на медицина:
-За колку време можете да научите кинески?
-Хммммм......па не е баш лесен кинескиот со сите тие симболи таму.....за едно 3/4 месеци ваљда.
Одат на крај на електро:
-За колку време можете да научите кинески?
-Скрипта имаш?
-Да
-За 3 дена го спремам!
 
Седел Трпе дома, си фрлал кикирики во вис и ги фаќал со уста. Во еден момент го викнала Трпана, он се свртел и кикириката му влегла во уше.
Се обидувал Трпе да ја извади кикириката од уше, никако не му успевало.
Дошла и Трпана на помош, но никако не им одела работата.
По некое време се вратила ќерката од град заедно со нејзиниот дечко.
Им раскажале што се случило, дека сакаат да одат кај доктор, но тогаш момчето рекло:
- Нема проблем, не треба да одите кај доктор, сега јас ќе ти помогнам, - му ставил на Трпе два прста во нос и му рекол силно да дувне.
Трпе силно дувнал и кикириката излетала од увото.
Сите биле среќни и весели, момчето се поздравило и си отишло. Трпана цела среќна му рекла на Трпе:
- Леле колку фино момче, што мислиш што ќе биде кога ќе порасне?
- Па, како му мирисаат прстите, сигурно ќе ни биде зет!

Некое девојче имало излез надвор до 9 саат, и татко и никогаш не ја оставал да седи повеќе. Еден ден девојчето го моли татко и да ја оствави до 12 саат, бидејки другарка и имала роденден. Татко и се согласил и ја пуштил.
Поминало 12, ќерката уште ја немало, поминало и 1, 2, 3, 4 и уште ја немало да се врати, и кога накај 5 сабајле еве ја таа си доаѓа.
Таткото: Кај си мори ти до сега?
Ќерката: Ама чекај да ти кажам...
Таткото: Што ќе ми кажеш те нема цела вечер!
Ќерката: Ама, тато ме силуваа...
Таткото: (се дере)Немој ти мене ме силуваа, силувањето е 5 минути работа, што се стори до сега.

Господ решил да ја посети земјата и да види колку се добри луѓето. И се симнал облечен како скитник седнал да проси. Поминало долго време никој ништо не му дал и тоа време досол некој наркоман и седнал до него и му дал Тревка на господ и пушеле и господ на сред пушење му рекол на наркоманот:
Абе гледам дека си добар човек, ај ке ти кажам една тајна, ама да не ја кажуваш.
И наркоманов рекол добро ај.
И Господ му рекол: Ја сум господ.
И наркоманот му рекол:
Абе ја кога ти викам добра е тревкава

Иде некој човек од некоја запустена област во град каде што не знае за ништо. Влегува во такси (мерцедес) и возејки се го прашува возачот:
Што е онаа рачкана ??? Менувач муодговара...
А тоа округлестото ??? Волан..
А тоа напред (за знакот на мерцедесот на хауба) ???Е тоа е нишан...
Се возат понатаму и шоферов налетува на некое дете и одвај со крајни маки го избегнува, но отпозади слуша како впрочем го удира...
Се врти и го гледа човеков целиот срекен му вика :
Ееее шофере ебате нишанот да не бев јас со вратата ништо немаше да направиш....

Дошол вампирот кај другар му на гости исто така вампир и му вика брат мртов гладен сум дај нешто да каснеме и овој на тоа вели брат немам ништо.
Откако другарот ги здогледал двацата мртовци под масата му вели а овие што бараат тука?
-А тие се дијабетичари баба ги чува за слаткo

Како се нарекуваат амортизерите во "Југо"?
-Патници
 
Ивица бил нон-стоп безобразен, зборувал сешто, ги малтретирал девојчињата, па на крај тие и се пожалиле на учителката. Учителката им рекла дека најдобро би било кога Ивица ќе каже нешто безобразно, тие да си ги соберат работите и да ја напуштат училницата. Утредента дошол Ивица и викнал:
- Еј луѓе, знаете што, преку улица отвараат јавна куќа!!!
Девојчињата вреснале, се собрале и сите истрчале надвор. На тоа Ивица:
-Чекајте курви, уште не е отворена!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom