Вицеви без наслов 2 дел

Жената му вели на мажот;
- Миличок наскоро ќе бидеме тројца!
- Навистина? Колку сум среќен!
- Да, мама се скарала со тато и ќе дојде да живее кај нас!
 
Колегите го прашуваат Трпе што и земал на девојката за роденден.
- А бе имаше само 500 денари во новчаникот, да имаше повеќе и тие ќе и ги земев.
 
Желката трчала панично низ шумата и налетал на жирафата.
- Желко што брзаш толку?
- Ќути не ме прашувај ме брка финансова полиција. Ја куќа, жена ми куќа, децата куќа, ако ме фатат тешко мене!
Кога го чула ова жирафата се дала и таа на бегање. И така налетува на мечката.
- Жирафо што вака брзаш?
- Ќути не ме прашувај ме брка финансова полиција. Јас живеам на висока нога, жена ми на висока нога, децата исто!
Кога го чула ова мечката и таа се дала на бегање, и налетала на мајмунот.
- Што брзаш вака мечко!
- - Ќути не ме прашувај ме брка финансова полиција. Јас со бунда, жена ми со бунда , децата со бунди, тешко мене.
Кога ова го чул мајмунот и тој се дал на бегање. Трчал,трчал, и наеднаш застанал.
- Добро бе зошто бегам, јас со гол газ, жена ми со гол газ, децата со гол газ...
 
~Умрел Бил Гејтс и отишол кај Господ и бидејки направил многу за општеството Господ му рекол да бира каде сака да биде во рајот или пеколот. Оди Бил во рајот гледа потоци славејчиња, добри луѓе, и потоа оди во пеколот. Таму гледа журки, пиење стриптиз свашта! и се враќа кај Господ и вели во пеколот ке одам. Господ рекол добро како сакаш ти, и оди Гејтс во пеколот и веднаш го стават во казан и го варат! и Бил го прашува на Ѓаволот - абе кога дојдов не беше вака ! еее епа тоа беше SCREEN SAVER братче!!!

~Се нашле Македонец и Грк во Индија и Гркот на Македонецот му вели:
-Леле колку е мал светот,а Македонецот му одговара:
-Светот не е мал туку Македонија е голема.
:oeoeoe:
 
Родителите го однеле малиот Блаже на нудистичка плажа...Блажето првпат во својот живот видел многу луѓе како од мајка родени на едно место. Тогаш забележал нешто чудно и го прашал татко му:
"Тато, како може сите жени да имаат поголеми ци*ки од мама?!"
"Гледај вака сине, мали ци*цки- паметна жена, големи ци*ки-глупа жена."- му одговорил татко му.

Блажето задоволен од одговорот продолжил понатаму да се зјапа во народот наоколу.
Не поминало ниту една минута Блажето ја прашал мајка си:
"Мамо, зошто сите мажи имаат поголем патлак од тато?!"
"Слушај сине тиа што имаат голем патлак се глупи мажи а оние со мал патлак се паметни".


После некое време Блажето викнал:
"Мамоооо, мамоо, мора да го спасиме тато!!!
Тато зборува со најглупата жена овде и што подолго зборува со неа станува се поглуп и поглуп."
 
Полицијата во Обединетите Арапски Емирати поради пијанство апси Албанец, Македонец и Грк. Ги носат на суд и судијата пресудува:
"Пошто не знаевте дека тука не се пие алкохол, нема многу да ве казнам. Сите ќе добиете 50 стапа по грб, но на секого ќе му исполнам по една желба во врска со казната, а на Македонецот две."
Албанецот се спрема за казната и вика: "Пред да почнете со казната сакам да ми врзете перница на грб." После 25 удари паднала перницата.
Гркот исто бара: "Пред да почнете со ќотекот заврзете ми 2 перници." После 25 стапа и на него му паѓаат перниците.
Македонецот последен се спрема за казната и му вика на судијата: "Прва желба ми 100 стапа наместо 50" Судијава чудно го гледа, ама ја прифатил со задоволство казната. "А втората желба е да ми го врзете Гркот на грб!"



Во купе во воз седат Грк, Македонец, стара баба и плавуша.
Влегува возот во тунел и за неколку секунди се слуша силен сочен шамар. Кога возот излегол од тунел гркот имал црвен образ, но никој не прозборел - па така секој размислува во себе:
Бабата си мисли:
- Сигурно Гркот ја фатил плавушата па оваа му плеснала една...
Плавушата мисли:
- Хмм, Гркот сигурно сакал да ме фати, но во темница ме промашил ја фатил бабата и оваа му плеснала една...
Гркот мисли:
- Македонецот сигурно ја фатил плавушата, а таа сакала да му удри шамар, но го промашила и ме удри мене...
Македонецот мисли:
- Уф, едвај чекам да дојде друг тунел и пак да го расшамарам Грков!
 
Шетаат Прилешчанец и Охриѓанец, и Прилепчанецов му вика:
- Зошто вие Охриѓаните на секој збор клавате "Т"
Охриѓанецов:
- Се заприметвит?

:pos2:
 
Мајка му на Цветко го прашува:
- Да не си ја видел мојата цедалка?
- Да, ја фрлив. Полна беше со дупки.:pos:
 
ТУРСКИ РЕЧНИК
МАНЕКЕН - дуздисан калтабан
ПИЈАНИЦА - ќор ќутук
СЕМАФОР - ишарет фенер
ЗАПЕК - алјаз газ
НОВОРОДЕНЧЕ - сефте чоџук
БЛИЗНАЦИ - сарадан чоџук
ГРУПЕН СЕКС - буљук фукара
БИНГО - ќелепур к’смет
РАСПУШТЕНИЦА - сиктер ан’ма
ПРЕМИЕР - далаверџи чауш
МИНИСТЕР - резил чауш
ПРАТЕНИК - орта калпазан
АМБАСАДОР - џенем суртук
САКСОФОН - тенеќе зурла
ВОЈСКА - чифте сурија
БРАК - ујгун јарем
ВЕСНИК - абер јазија
ФАРМЕРКИ - ѕевгар ѕиври
ЦАРИНИК - арач намќор
СТЕЧАЕЦ - ептен борчлија
АЛАДИНОВА ЛАМБА - ѓурулти бардак
ПАДОБРАНЕЦ - чад’р будала
ОГЛЕДАЛО - карши сурат
ЛИМЕНКА ПИВО - тенеќе бира
СЕПАРЕ - башка лезет
МОБИЛЕН - џенем абер јок гајтан
ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ - алтан биљбиљ
БРЗА ПОМОШ - турбо еким
ТЕЛЕВИЗОР - сурат кути
ПОВРАТЕН БИЛЕТ - пишман карта
КОЈОТОТ - ем баксуз ем абдал
ЛЕКАР-СТАЖИСТ - аџами еким
ШВАЛЕРКА - јабанџи мерак анама
СОПРУГА - дибидуз баксуз
СОПРУГ - тапија абдал
ВИАГРА – резил иљач
КОНДОМ – лезет најлон
СИДА ТЕСТ – резил проба
ЗЛАТЕН ДАБ – алтан ќутук
КИНДЕР ЈАЈЦЕ – чоџук ташак
ЛИЧНА КАРТА – сурат тапија
ПАСОШ – џенем сурат тапија
ШВАЛЕР – резил ортак
СВЕКРВА – катил ан..ма
ПЕДЕР – г..з мераклија
КАБЕЛСКА ТЕЛЕВИЗИЈА – гајтан ѓурулти кути
КЛАДИЛНИЦА – апаш чекмеџе
КОМПЈУТЕР – ѓурулти есапџија
ЗАСТАВА 101 – КОНФОРТ - барјак бир ич бир – раатл..к
ШТАЛА – муу харем
ШВЕДСКА МАСА – јагма софра
ПЕНДРЕК – сус гума
ПОЛИЦАЕЦ – сус гума ефенди
ЦРЕШОВО ТОПЧЕ – ѓурулти дибек
АПТЕКАР – еким бакал
ИНКАСАТОР – зијан есапџија
АДВОКАТ – јанл..ш пезевенк
ФУДБАЛСКИ СУДИЈА – шејтан кабаатлија
ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК – јанѕа јавашлија
ШМИНКЕРКА – сурат тафраџика
СТАР ЕРГЕН – маанџи ќопек
СВАДБА – узур џева
МЛАДОЖЕНЕЦ – јарем к..сметлија
ВДОВЕЦ – куртул сајбија
РАМКОВЕН ДОГОВОР – таксират пазарл..к


:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom