Дебела жена оди на доктор и го прашува:
– Докторе, има ли некоја лесна вежба што би ми ја препорачале за слабеење?
– Секако, само во точно одбрани моменти, движете ја главата лево – десно. – Ја советува докторот.
– А како да знам кои се тие моменти? – Прашува жената заради леснотијата на вежбата.
– Во моментите кога ќе ви понудат храна.[DOUBLEPOST=1422729380][/DOUBLEPOST]Едно црнче пронашло вреќа со брашно и одлучило да се напудри. Се видело во огледалото и одлучило да се истркала во брашното. Потоа отишло кај мајка си и ја прашало:
– Мамо, ми личи ли да сум бел?
– Абе, ти белец ли ќе ми се правиш? – Вреснала мајка му и го истепала.
Отишло црнчето со истото прашање и кај татко си – повторно ќотек. Потоа и постариот брат исто така го исчукал.
Излегло надвор да се прошета целото во солзи и си вели:
– Ееее, само 10 минути сум бел, а веќе ги замразив црните![DOUBLEPOST=1422729604][/DOUBLEPOST]Тројца пријатели си седат во кафаната, си пијат ракија и се расправаат.
Првиот вели:
– Јас сум таков инает што жената кога ќе ме налути по еден месец не и зборувам.
Вториот вели:
– А јас сум толку инает што кога ќе ме налути по три месеци не и зборувам.
Третиот:
– Јас сум таков инает што жената ме налути уште на првата брачна ноќ и уште не сум ја е… до сега, веќе 15 години!
Другите двајца:
– Доста бе, 2 деца имаш!
– За инает не ја прашувам од кого се…