Вицеви без наслов 2 дел

Ѕвони телефонот. Се јавува Трпе, и изнервирано се развикува:
- Ај ве молам, внимателно вртете го бројот.
Ова не е служба за информации за состојбата на патиштата!
Потоа и се обраќа на Трпана:
- Замисли, еден будала ме прашува дали е слободен патот!
 
Еве неколку духовити дефиниции што претставува брак
Бракот е религиозен чин, во кој има една девица помалку и еден распнат маченик повеќе
Бракот е собирање на задачите, одземање на слободата, множење на проблемите и делење на парите
Бракот е единствена војна во која спиеме со непријателот
Бракот, за многумина, е начин да се здебелат и изгубат интерес за водење љубов
 
Двајца патуваат во авион од Мајами за Њујорк:
- Јас сум психолог.
- Јас пак сум крупен мафијаш... Ај да те видам што за психолог си? Пробај да погодиш што мислам! За секоја мисла што ќе ја погодиш, ќе ти давам по сто долари.
- Ама јас сум психолог, не сум гатачка!
- Абе се работи за сто долари, пробај!
- Па, се враќаш од море. Значи сега се сеќаваш колку убаво ти било.
- Браво! Точно! Еве ти стотка.
- Штом ти било убаво, тогаш си бил со жена. И сега мислиш на неа.
- Токму така! Еве ти уште една стотка.
- Покрај тоа, не ти се сака да се вратиш дома.
- Правилно, еве ти уште сто долари...
- Штом не ти се враќа, сигурно си оженет. А штом си мафијаш, сигурно мислиш дека нема да е лошо да убиеш жена ти и да останеш со другата.
- Аха! Еве ти илјадарка!
- Ама зошто илјада? Нели требаше да даваш по сто на мисла?
- Ова не е мисла, туку идеjа![DOUBLEPOST=1421533719][/DOUBLEPOST]Оди млад човек во матично:
- Можe да закажам венчавка за во вторник?
- Можe бе дечко, ама сите бараат во сабота или недела, ти зошто во вторник?
- Е па за да не си го расипам викендот.[DOUBLEPOST=1421533760][/DOUBLEPOST]Toj: Здраво.
Таксист: Појако!
Toj: Здраво!!
Таксист: Појакооо!!!
Toj: ЗДРАВОООО!!!
Таксист: ВРАТА БЕ ГЛУПАК!!!
 
-Зошто Кина има 2 милијарди жители?
-Затоа што користат кинески кондоми!


Едно семејство оди на ручек во некоја кафана и таму јаделе ќебапчиња.
Се најале убаво но и им останало едно ќебапче.
Дошол келнерот го видел ќебапчето и му рекол на детето:
- Дете, ај изеди го ќебапчето да ти порасне "малиот"
Кога го слушнала тоа мајката го удрила детето по рака и му рекла:
- Не ти,татко ти нека го изеде!!!
 
У продавница:
-Шо сака младата дама?
-Сака шише вино, добар маж, чоколадна торта, добра книга, редовен секс...
-Иначе дојде по леб..
 
Во некој град се случил катастрофален земјотрес. Веднаш дошле спасувачки екипи, и спасителите барале преживеани под урнатините. По некое време барање, спасителите под урнатините на една зграда нашле еден човек седнат на ве-це шолја кој непрекинато се смее.
- Зошто се смееш? Како можеш да се смееш на ваква катастрофа?
- Како да не се смеам? Го тргнав синџирчето од казанчето за да пуштам вода и се сруши зградата.
 
Кумот му вели на Трпе:
- Трпе морам да ти кажам една лоша и една полоша вест.
- Ај да не ме шокираш два пати, кажи ми ги наеднаш, со една реченица.
- Трпе, некој ни ја работи жена ти!
 
Влегува Трпе во автобус. Седнува и ги става нозете на другото седиште.
Доаѓа една пензионерка и му вика:
-Тргни ги нозете од седиштето, така ли седиш дома?
A Трпе одговара:
- Па јас дома немам автобус.
 
Дневник на еден мисионер пронајден во густите џунгли на Амазонија.

Ден 2-Се изгуби жената на главатарот.Ја баравме насекаде и на крај ја најдовме.Добивме дозвола од главатарот да и се изнаредиме

Ден 5-Се изгуби ќерката на главатарот.Ја баравме насекаде и на крај ја најдовме.Добивме дозвола од главатарот да и се изнаредиме

Ден 8-Се изгубив.Страв ми е...


Менаџер има вишок работник и мора да отпушти еден
Црнец
Жена
Старец
Млад дечко

Црнец-ако ме отпуштите мене ќе ве тужам за расна дискриминација
Жена-ако ме отпуштите мене ќе ве тужам за полова дискриминација
Старец-ако ме отпуштите мене ќе ве тужам за старосна дискриминација
Дечкото нема што да каже-Денеска се чуствувам нешто Геј

Сите печурки се јадат.Само штосе делат на печурки што се јадат еднаш и печурки што се јадат по повеќе пати

Велат дека Бракот претставува институција.Па добро бе луѓе кој сака да живее во иституција?
 
Модерни фејсбук поговорки
-Секој статус за три дена.
-Мижи да те тагнам.
-Волкот профил слика менува, ама табиетот не.
-Гладна кокошка, Фармвил сонува.
-Покажи ми листа на пријатели, ќе ти кажам каков си.
-Убав коментар, железен профил отвара.
-Петко уште нероден, има Ѕид.
-Види му го профилот, суди му за умот.
-Зад добар фото албум, прашина се крева.
-Што на ум, то на статус.
-Двајца се караат, третиот ги чита.
-Пријателот во фејсбук се познава.
-Ѓаолот, нит шернуе, нит лајка. :pos:
 
Цветко гледал емисија по географија и видел дека сонцето ќе згасне за 4-5 милијарди години. Загрижен си рекол:
- Таман ќе влезиме во ЕУ,ете ти нов проблем.
 
Таткото го прашува синот:
- Сине, што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
- Водоводџија, чистач на базени, пожарникар....
- Женоооо, малиов ги нашол порничите!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom