Вицеви без наслов 2 дел

Ристо-"Стално слушам гласови а не глеам луѓе разбираш"

Блажо-"Ејј..кога ти се случило тоа?"

Ристо-"Коа говорам по телефон разбираш"
 
Дечкото: Љубави ти купив поклон за роденден...
Девојката: Што ?
Дечкото: Го гледаш онаа црвеното ферари..?
Девојката: Мммм Те сакам љубов мојаа ...
Дечкото: Епа ти купив лак за нокти со иста таква боја...

 
Перо, студент во Скопје, и пишува на својата девојка која студира во Софија: "Драга Ивана! Мислам дека нашата врска веќе не е тоа што го замислував. Оддалеченоста помеѓу нас е премногу голема. Морам да ти признаам дека од твоето последно доаѓање тука те изневерив 4 пати. Мислам дека тоа не е во ред ниту за еден од нас. Прости ми и те молам да ми ја пратиш сликата која ти ја оставив минатиот пат. Поздрав, Перо."
Ивана, видно повредена, веднаш заминала кај својата колешка која работи во фото-студио и ги собрала сите слободни фотографии од згодни момци и на тоа ги додала сите фотографии од своите млади роднини, пријатели и бивши дечковци. Сите насобрани фотографии (50 на број) заедно со фотографијата на Перо ги ставила во еден коверт и му напишала: "Драги Перо! многу ми е жал но навистина не можам да се сетам на тебе. Те молам да си ја земеш твојата слика а останатите да ми ги вратиш назад. Поздрав, Ивана!"
 
За жал не сум оженет... додуша бев свршен, ама до свадба не дојде, а еве и зошто.

За Нова Година сакав на свршеницата да и подарам нараквици кои ќе и ги испратам заедно со писмо. Но, во продавницата се сретнав со колега од факсот кој исто така купуваше подарок за неговата девојка, долен веш. Неспретната продавачка ги заменила пакетите, па така колегата си замина со моите нараквици, а јас го испратив пакетот со долниот веш на мојата свршеница. Е сега, и не е така страшно ќе речете....и не би било, но, само ако го немаше и писмото со подарокот.

Замислете...во домашна атмосфера, кога домашните се собираат околу елката и со нетрпение ги отвараат подароците.....мојата свршеница го отвара пакетот и го чита писмото кое гласи вака:

„ Долго размислував како да те развеселам и да ти ја докажам својата љубов. Последниот пат кога бевме заедно, конечно забележав што ти недостига, па ете подарокот ти го испраќам во пакетот. Ти посакувам во нив да си поминеш многу убави моменти. Сакав да ти купам волнени, ама ми текна дека во нив премногу ќе се потиш, зашто тоа го забележав кај колешките на факс. Им ги пробав на две и едвај успеав да ги им ги слечам онака испотени. Се помислив малку, па ми текна дека за скоро време доаѓа пролетта, а тогаш ти ионака не ги носиш.
После сакав да ти купам кожни со народен вез, но во последен момент се сетив дека во нив тешко можам да го допрам она поради што и сакав да те побарам за жена.
Затоа купив намерно такви кои лесно се соблекуваат кога ти се брза.

Не заборавај да ги облечеш кога излегуваш во друштво. Знам, нема долго време да останат чисти, зашто ти со многу контактираш, но кога ќе сакаш да ги исчистиш, тркни до мојот пријател...знаеш, оној за кој ти раскажував кој е многу искусен и вешт.

Те сака твојот љубен.„
 
Tројца студенти полагале испит по историја. Првите двајца имале многу јаки „врски“, додека третиот немал. Професорот му поставува прашање на првиот студент:
- Колега, кажете ми сè што знаете за првата воена употреба на атомска бомба.

- Фрлена е на 6ти август 1945 во Хирошима.

- Добро е колега, добро е. Oсмица. Ајде кој е следен.

- Колега, истото прашање.

- Фрлена на 6ти август 1945 во Хирошима. Ја фрлиле Американци.

- Одлично колега! Деветка!

Влегува студентот кој нема „врски“.

- Колега, кажете ми сè што знаете за првата воена употреба на атомска бомба.

- Првата атомска бомба била фрлена на 6ти август 1945 во Хирошима во 8.15 часот по локално време. Атомската бомба со име „Little Boy“ била тешка 4 тони и долга 3 метри, а ја носел бомбардерот „Enola Gay“. Полетал од Tinian - мал остров во западен пацифик со придружба од уште два бомбардера B-69. Бомбата била детонирана на висина од 580 метри. Температурата на површината на земјата, во средиштето на експлозијата достигнала и до 5000°C. Моќниот ударен бран од ветар бил со брзина од 800 km/h и уништил сè во радиус од 13 квадратни километри. Експлозијата предизвикала и врел облак со прашина висок 15.250 метри кој можел да се види на одалеченост од 560 километри. Само во моментот на експлозијата загинале 140.000 луѓе, додека многу умирале години потоа како последица од радијација...

- Не е доволно колега, не е доволно... ИМИЊА колега, ИМИЊА! - му се обратил професорот со повишен тон на третиот студент.
 
Ова од времето на А1.

Седат двајца министри во влада, од кои едниот гледа низ прозор.
Вториот го прашува што гледа низ прозор, а првиот одговара - А1 во живо.
 
Хитлер фатил Американец, Французин и Македонец. Најпрвин му се обратил на Американецот:
- Овде имаш 8 ракии, колку ќе испиеш?
- 4!
- Имаш 8 проститутки, со колку ќе бидеш?
- 4!
- Не ми правиш ќеф, носете го во гасна комора!
Потоа го прашува Французинот:
- Овде имаш 8 ракии, колку ќе испиеш?
- 6!
- Имаш 8 проститутки, со колку ќе бидеш?
- 6!
- И ти не ми правиш ќеф, носете го во гасна комора!
На крај му се обратил и на Македонецот:
- Овде имаш 8 ракии, колку ќе испиеш?
- 9!
- Како 9?
- Си носам! – и извадил едно шишенце со ракија.
- Браво, ми правиш ќеф! Овде имаш 8 проститутки, со колку ќе бидеш?
- 9!
- Како бе 9?
- И ти ми правиш ќеф!
 
stallone.jpg


На бугарски:

Aс ште се врна!!!
 
Едното другарче му се фали на другото:
- Види, си купив нови патики!
- Да? Колку ги зема?
- 100 евра, оргинал.
- А зошто пишува like наместо nike?
- Па од facebook ги купив.
 
Здраво љубави

Еве јас ти пишувам,немој да по-
мислиш дека сум те заборавила.Сакам да по-
кажеш и ти интерес за мене.Овде сек-
ој ден е прекрасен.Средба,со братучетка ти
Сањето ми е секојдневна работа.Со сестра ти се ра-
скомотивме и долго разговаравме.Понекогаш ра-
ботиме заедно.Пари има!Пи-
јачката тука е скапа.Одиме на излет кај реки-
чката која како што ја знаеш ти не е веќе истата.Сега гра-
нките се зелени.Овде луѓето се поголеми а особено мла-
дите ми изгледаат покрупни.Ку-
повната моќност е подобра.Нема купувач за мото-
рот твој,тешко да го дадеш,тука се бараат помоќни

П.С.Мили,за да не направиш збрка, читај преку еден ред
Твоја Сашка
 
Маж и жена се разведуваа и одат на суд.
Судија (маж) ја прашува жената: - Госпоѓо зошто сакате да се разведете од машиот маж кога тој ви пружил се и никогаш не ве изневерил.
Жената: -Чесен судија се ова што го кажавте е во ред, но судијо тој сака да ме работи само од позади.
Општа смеа во судницата, на тоа судијата одговара.
- Што се смеете бе, знаете ли колку боли! :P
 
Двајца адвокати на паузата за ручек влегле во ресторан и порачале пијачки. Потоа си извадиле сендвичи од актовките и почнале да јадат.
Келнерот веднаш дотрчал и ги предупредил: „Овде не можете да јадете свои сендвичи!“
Адвокатите се погледнале – и си ги замениле сендвичите.
 
Архимедовиот принцип за одржување над вода гласи :"Секое тело потопено во вода ако незнае да плива ќе се удави" ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom