James Victor "Vic" Chesnutt, музичар, изведувач, текстописец, инспирација.
Вик, роден на 12ти ноември 64', уште како дете имал претензии да стане одличен музичар. Бил посвоено дете во еден дом во Zebulon, Georgia, ЈуЕсЕј. Пишувал текстови од најрана возраст, на 13 години самиот се декларирал како атеист и тој став не го променил во својот живот. На неговата 18 годишна возраст тој доживеал сообраќајна несреќа од која излегол со сериозни последици меѓу кои инвалидитет. Тоа не го скршило неговиот сон, напротив, иако имал и проблеми со неговите раце, останал во музичките води творејќи големи уметнички дела.
Во текот на неговата кариера има објавено 17 официјални албуми, од кои првите два, "Little" 90' година и "West of Rome" 91' година. Има соработувано со големи музички имиња, учествувано во филмски и документарни проекти како "Speed Racer" во 1992 година. Одлични настапи во живо, харизма, позитивен дух кој ретко се наоѓа кај човек со ваков проблем. Не дозволил неговите недостатоци да го скршат. Од мене има огромно почитување. Бил поддржувач на движењата за легализација на медицинската марихуана која нему многу му помогнала.
Во 2009 година, на 45 годишна возраст, Вик умира од предозираност од лекови за опуштање на мускулната маса од кои пред да почине паднал во кома. Пред неговата смрт имал неколку обиди за самоубиство поради запаѓање во депресија и во тешка финансиска состојба и долгови спрема болниците за негово одржување во живот.