јас вградив клима во мојата кола ова лето... да, зголеми на потрошувачка, да искусен (манијаклано) шофер сум и ја осекам разликата кога климата работи.... да, одзима снага од моторот и до 30%... е да ама колата ми е црна и немам веке 60 степени во нејзе... значи секој кеиф се плака... дали се исплати или не тоа секој треба да одреди според кеифот кој го плака... јас сметав дека ми треба, имам 150 кила и ми треба разладување кога возам... па нека троши и дупло ако треба.. клима си е клима...
некој спомна горе за автобус клима... зар мислите дека капацитетот на климата за втобус е иста како и за на кола? исто и за камион? колку по јака клима толку по голем капацитет ама и се разбира дека различен отпор за различен мотор....
инаку, колку за инфо, клима за во коли е со пресметан отпор или снага од околу 7 коњски сили... па вие удрете калкулација колку е во проценти, различни мотори, различна снага... колите што се на плин, поубаво ја осекаат разликата... исто и јас осетив бидејки возам на плин... на бензин и не е некоја голема разлика иако се осека, во лер работи на пониски обртаи и на плин и на бензин, ама затоа кога возиш, на плин сериозно се осека дека има изгубено снага... тоа е далеку од влечкање и мачење на моторот, ама како што реков, се осека на забрзување... СЕ ОСЕКА а не да ти ја земе силата...
нај малку се осека на дизел автомобили со снага над 2.000 кубика... кај нив скоро и да не намалува на снага... ама на потрошувачка секако си крева... климата дома троши ли струја? е па тоа е тоа, исто ти е...