Значи еве ви краток опис како функционира климата (фрижидерот дома-исто). Клучниот момент е фреонот кој под притисок од околу 20-30 бари излегува со температура од -70 степени. Па за да се изведе клима уред потребно е пумпа што ке го создава притисокот на фреонот, дизна (тесен вентил онаму каде што сакаме да ладиме) и ладилник. Па фреонот го лади ладилникот, низ кој поминува загреан воздух кој се лади и во кабината добиваме ладен воздух.
Е сега ова е онака, пазарџиски кажано, за да се оствари во кола, потребно е пумпата за притисок да се врзи на радилица и преку електромагнетна шајбна-ременица по потреба (нели сакаме да се пали-гаси уредот) да го задвижува фреонот низ системот. Од таму доаѓа зголемената потрошувачка на гориво, моторот врти екстра ременица нон-стоп, а има и оптеретување кога е вклучен електро-магнетниот склоп и пумпата работи. Плус треба да се внимава на работи од типот што ако притисокот во системот е преголем, притисокот е премал, има недостаток на фреон, и тн да не ја должам.
Е сега, сето од страна на механика е изводливо за монтажа во било кое возило, бидејки механичкиот дел е доста прост. Но, како би се монтирале електронските делови и колку ке биде тоа успешно е прашање, а споредба со фабричкиот клима уред кој е тестиран 1987961234 пати пред да е влезен во сериско производство, не правиме муабет.
Кога ке видиш дека не добиваш којзнае што од фабричките вградени уреди, единствено возило кое што може да гарантира константност на температурата во кабината на било кои услови на +-2% е Мерцедес Ѕ класа и Ролс Ројс. Останатите, кое климата е слаба, изолацијата е лоша и уште милион мали детаљи кои имаат огромна улога. За на крај да испадне дека џабе си дал ХХХ евра + имаш потрошувачка од 1-2 литри на 100 км екстра (зависно климата е исклучена/вклучена), имаш намалена сила на моторот а сончев кров отворен од задниот дел брка 80% од работата на климата. Е поради ова засега не планирам да правам нешто што не направила фабриката.