Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе, имам сериозен проблем со моето куче. Кучето чудно ја мрда главата, успорено. Ако го убрза движењето на главата, цвили најверојатно затоа што го боли. Му се појави некаква инфекција на ушињата и го однесов на ветеринар ама попусто. Прегледот и дијагностицирањето беа извршени од далечина и нецелосно. Ми беше кажано да му ставам капки дексаметазон. Ги купив капките и првиот ден немав никаков проблем: 2 пати успешно му капнав во двете уши. Следниот ден кога ме виде со капките почна да бега. Не ме остави ниту да му ги исчистам ушињата од насобраниот серум. Почна агресивно да се однесува и за малку ќе ме каснеше. Првпат го гледам таков (претпоставувам дека го боли). Пробав со маска, ама не седи мирен, значи се отима и скока и никако не успеав да му ставам капки подлабоко. Зборував со еден човек кој цел живот чува кучиња и тој ми рече да ги баталам капките затоа што колку што биле добри, толку биле и лоши. Тој никогаш не им ставал капки на неговите кучиња. Ми рече да земам цефалексин и олигојак (витамини и минерали). Вчера почнав да му ги давам таблетите, ама не забележувам никаков напредок. Многу сум загрижен и не знам што да правам. Затоа ве молам сите што имате било каков совет или слично искуство споделете и помогнете ми.
 
Promeni veterinar drugar. Na forum ne mozeme da ti pomogneme
 
ДЕЧКИ ПОМАГАЈТЕ.
Планирав да ја парам деновиве питбулката со питбул, ама еден загар што ми се вртеше во двор искршил се што беше заградено и се спариле утрово :( :( Што може да направам сега за да не остане бремена, слушнав дека имало некој спреј...да ја спарам и со питбул, што ќе биде? :/
 
Ako може малку помош имам цане корсо и приметив дека не гледа добро и очите му се зеленкасти, што би можело да биде ?
 
ДЕЧКИ ПОМАГАЈТЕ.
Планирав да ја парам деновиве питбулката со питбул, ама еден загар што ми се вртеше во двор искршил се што беше заградено и се спариле утрово :( :( Што може да направам сега за да не остане бремена, слушнав дека имало некој спреј...да ја спарам и со питбул, што ќе биде? :/
Постои опција стерилизација и абортус во исто време. Спреј? Сериозно?
Патем, тоа што лично ме интересира, а сепак е поврзано со твојов проблем, зашто побогу сеуште ги парите кучињата? Нели гледате колку пит були има на улица? Кај ќе ги продадеш? Знаеш ли кој ќе ги земе и за што ќе ги користи?
Олабавете сериозно, ебавте матер на расава! За 100 или 200 евра нема да се збогатите, ако тоа ви е планот...
 
Дечки, вчера вечерта и сабајлево тигрицава некако не е ко што треба. Седи подуена со пердувите и не пее ич. Ако ја земам на прст доаѓа, коа ќе пуштам лета(што е добро) ама цела е потиштена некако. Има пролив и повраќа. Ја однесов на ветеринар одма уште сабајлево, и ми даде антибиотик и витамини со шприц да и давам. У 10 сабајле и дадов антибиотик ама рано е да се каже. Седи на лулашката и дреме цел ден. Ветеринаров ми рече може до 7 дена да потрае дур се видат резултати добро е што одма сум ја однел. Вода не сака да пие па ќе пробам после со шприц да и давам.

Е сега, споделете искуство колку е страшно ова да се секирам или ќе и помине? Не е на промаја седена, не сум и дал да јаде нешто што не треба.. не знам стварно што е. Ветеринаров рече многу биле осетливи на временски промени, и времево ваљда влијаело. Дајте некој совет како да и направам поудобно да и биде? Ја ставив у ќош со марама и имам едно греалче мало дува накај кафезот да и биде топло...читав дека требало да одмараат и да бидат у тивка средина и пред се да и биде топло..

Ептен сум загрижен 1 година е старо :confused: машко е
 
Постои опција стерилизација и абортус во исто време. Спреј? Сериозно?
Патем, тоа што лично ме интересира, а сепак е поврзано со твојов проблем, зашто побогу сеуште ги парите кучињата? Нели гледате колку пит були има на улица? Кај ќе ги продадеш? Знаеш ли кој ќе ги земе и за што ќе ги користи?
Олабавете сериозно, ебавте матер на расава! За 100 или 200 евра нема да се збогатите, ако тоа ви е планот...
Кој ти е проблемот, АЛО?
Прво парење беше и немав ни крајна намера да продавам кучиња, како и да е не пишав тука ова за да ми соли памет некој !
 
Кај кучкава на предните лактови забележав дека кожата и е црвена и перутава, а крзното грубо. Мислам дека се работи за почетен стадиум на ова: https://theblissfuldog.com/pages/dog-elbow-callus-info. Задебелување или груба кожа на лактите. Се чини дека ја боли кога ја допирам. Да ја мачкам со нешто или да ја носам на ветеринар? Инаку, се работи за златен ретриевер, женка, 10 месеци.
 
Да погодам,на бетон или др тврда подлога спие,така?
Спие во дрвена куќарка и се што и ставаме (јорган, ќебе, прекривка итн.) го кине, партал го прави. Последниов месец спие без ништо. Да и постелам нешто пак?
 
Постели и,и на местата мачкај ја со флогоцид,и цинк-витаминска маст ако најдеш.Нема да и помине тоа,ама колку толку ќе ја одржаваш
Фала многу. Не е сериозно до толку, барем мислам. Еве слика. Но на допир се сеќава и не сакам да се влоши. IMG_20160321_181320.jpg
 
Постели и,и на местата мачкај ја со флогоцид,и цинк-витаминска маст ако најдеш.Нема да и помине тоа,ама колку толку ќе ја одржаваш
Ako e dekubitus ne mozes nisto da napravis, toa e normalen proces. Flogocid e antibiotska mast zosto bi mackal? Toa e isto kako na pernicinjata odozdola da mackas mast zatoa sto se cvrsti. :)
 
Чувам Зајак, му течат солзи од едното око, да не имал некој ваков проблем со неговиот мал пријател, да ми каже некое решение?
 
Што лек треба за ова

денес му се појави кашлицава и повраќањето

Здраво дечки. Имам куче самојад старо една година, и пред одприлика месец и пол, левата предна нога започна да му се тресе како да му е повреден некој нерв и почна да ја витка шепата премногу-едвај оди. Побаравме мислења од повеќе ветеринари, кучето еден период беше и на инекции меѓутоа се уште нема никакво подобрување. Ме интересира дали некој има вакво искуство со своето милениче бидејќи ниту ветеринарите неможат да кажат што поточно му е, ниту знаат како да му помогнат затоа што порано немале вакво искуство. Искрено ве замолувам за помош доколку некој има искуство со ова. Поздрав!
 
image.jpeg Вознемирувачка фотографија ! Молам за помош :( денес забележав нешто кај мојата кучка . Имате претстава што може да е :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom