Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Ви благодарам на сите што ми помогнавте.
Најдов ветеринарна аптека ми дадоа апче за глисти, пола му го дадов сега го голтна.. и медицински јаглен едно апче му го здробив во млеко и му го вшприцав. Па се надевам дека сега ќе се подобри.
 
Ти дадоа апче за глисти??? Со кое објаснување ти го дадоа апчето?
 
Ти дадоа апче за глисти??? Со кое објаснување ти го дадоа апчето?

Ми рекоа дека можно е да има глисти затоа да не можела да му се вари храната и повраќало.
 
Ми рекоа дека можно е да има глисти затоа да не можела да му се вари храната и повраќало.
Многу потешко може да е од глисти.Глисти не се фаќаат тукутака освен тоа штом е домашна мачката досега ќе си забележела промени во исхраната бидејќи за да развие глисти е потребно време а најчесто јајцата и глистите се видливи и во изметот.Верувам дека е колитис тоа е инфекција на дебелото црево која се случува во изненадна промена во исхраната затоа што пиша дека испушта крв од анусот и повраќа или кога мачката/кучето ќе изеде нешто невообичаено што не јадела досега.Не е исклучен факторот и да има алергија од јајцата.Сепак треба да го прегледа ветеринар.Додека се случи тоа не му давај ништо да јаде и држи го дехидриран само на вода.
И не е труење,досега ќе ти беше мртов мачорот со пена на устата.
 
Од Битола сум.. ветеринари кај нас нема, колку шо знам.. има само една ветеринарна аптека ама таја можно е да е затворена.
Значи да побарам медицински јаглен го има во сите аптеки, а ќе му помогни тој? Друго нешто шо да му дам за до утре да го однесам на ветеринар ако најдам негде
Како бе нема?! Имаш тема за ветеринари и нивни броеви и локации, има и за Битола... нема рече... :tapp:
За нешто што е сериозно, како крварење и интензивно повраќање, прво што треба да го правиш не е седнувањето на форум!
 
А добро тогаш ако не треба да седнам на форум тогаш која е функцијата на оваа тема и воопшто на овај подфорум, секако за да побарам помош.
Како што гледаш т.е. како што кажа форумџивката погоре дури и ветеринарот погрешно проценил..
ете откако ги испи апчињата што му го дадов, после му дадов јогурт не го поврати.. а пред тоа ја поврати дури и водата што ја пиење. Значи имаа некој ефект апчињата..
се надевам дека до утре ќе оздрави, ако не тогаш ќе го однесам кај некој друг ветеринар.
Инаку фала ви за помошта на сите, сепак добро е што се посоветував и со вас.
 
Види да не ме сватиш погрешно но штом повраќал,не може да оди во вц,исфрлил крв тоа се знаци дека се работи за потежок случај од обичен дисбаланс во исхраната.Кажав и погоре,има три можности да е проблемот во дигестивен систем (желудник или црева),алергија или пак не дај боже во краен случај да голтнал нешто што не треба (тврдо тело) иако кај мачките ретко се случува.Немој да го оставаш без дијагностички преглед мачето затоа што најчесто симптомите се прикриени за наеднаш да избијат.Добро е што си му дала јогурт,но ти препорачувам да не му даваш ништо освен вода додека не утврдат што му е.
 
А добро тогаш ако не треба да седнам на форум тогаш која е функцијата на оваа тема и воопшто на овај подфорум, секако за да побарам помош.
Како што гледаш т.е. како што кажа форумџивката погоре дури и ветеринарот погрешно проценил..
ете откако ги испи апчињата што му го дадов, после му дадов јогурт не го поврати.. а пред тоа ја поврати дури и водата што ја пиење. Значи имаа некој ефект апчињата..
се надевам дека до утре ќе оздрави, ако не тогаш ќе го однесам кај некој друг ветеринар.
Инаку фала ви за помошта на сите, сепак добро е што се посоветував и со вас.
Форумот е за совети, но не за совети од овој тип. Колешката ти даде три(најмалку) можни дијагнози, но ни таа додека не го види мачето не може да каже дефинитивно. Ниедна од нас не знае која му била моменталната состојба, каков бил тријасот и првичниот клинички преглед, затоа што е неможно да се изврши. Од тоа како ти го опишување, мачето беше во ургентна состојба, а стабилизација на такви состојби не се прави на форум, се прави во ветеринарна амбуланта. Да си го однела на ветеринар, значи да си успеала да најдеш, тој сигурно одма ќе му дадел нешто да му се смири мешето и може малку инфузија за да се стабилизира. Вака пишувајќи и чекајќи само му имаш отежнувано. Сега му е подобро можеби, ни јас не верувам дека е од апчето за глисти, ама како што му станало подобро, така можело да му стане полошо.

Затоа за такви работи не се консултира на форум. Подобро времето што си го потрошила во пишување да го искористиш за барање контакти од ветеринари и да го однесеш мачето. Немој да ме сфатиш погрешно, но јас ти кажувам во кои ситуации ние можеме да дадеме одговор а во кои не.

Колеги @Лигеја @Lu @Doc Holliday мислам дека сите заедно ќе треба да напишеме нешто како правилник во кои ситуации и на какви прашања поврзани со ветерината можеме да одговориме, а во кои ситуации сопствениците помош треба да побараат право кај ветеринар.
 
Јас,@SaltNPepa,@Doc Holliday,@Uluru и @tomy1.Повели?
Една другарка има мачка 4-5години , во бугарија е и во стан ја чува ,кога имаше полов жар истрпуваа и не ја пушташе надвор,на неколку пати и апче и даваше да и престане. Еднаш избега и остана трудна, имаше едно маче во нејзе и едвај го извадија ,мртво,смрдливо,мачката се онесвестувала од болки пошо мачето било огромно.
Е сеа од кога се деси тоа секој пат кога е во полов жар прска течност од вулвата како што прават мачорите ама скроз исто ,и мириса така на мачорина.Јас и реков да ја носи на катрирање ,али некако не може да најде таму некој ветеринар асален и се плаши ,таму кај што ја носеше на вакцини/чипување/пасоши не кастрирал.
Од што може да прави така т.е. можно е женска мачка тоа да го прави? Јас ја видов на вајбер и се чудев ,скроз исто ко мачоров мој прави
 
Мислам дека хормонални инекции ќе завршат работа,регулација на нагонот за парење кога веќе не може да се кастрира иако малку ми е чудно ова што го кажуваш феромонско исфрлување во толку големо количество.Можеби и има некое хормонално пореметување или пак повреда штом немала нормално породување од првата бременост па сега е во недостаток на естроген или прогестерон.Тоа е мое мислење,да видиме и другите колеги што мислат.
 
Ако се јас добро сеќавам, мачките се полиестрични животни со тоа што кај нив овулацијата настанува кога мажјакот ќе купулира. Во превод, не овулираат беспотребно :D Е сега, мене не ми е јасно како е тешко да се најде ветеринар, второ ако живее во Софија нека ја однесе на универзитетска клиника.

Ќе се согласам со колешката дека постои шанса да се работи или за хормонално нарушување и евентуално некоја повреда, но не сум сигурна за хормоналните инекции. Тие не се трајно решение, а последиците кои можат да настанат од нив се доста комплицирани. Ако еднаш пореметиш хормонален систем, си ја заебал работата увелико. Јас би рекла да се отиде кај некој подобар ветеринар, ако ништо друго некој општ преглед и по можност ултразвук.
 
Мачорот денес добар, тоа што го јадеше го нема повратено. Нормално си се однесува, расположен си е.. сака да игра.
Така да мислам дека нема потреба од толкава паника. Сигурно му беше од јајцата бидејќи последно време само тоа најпоќе јадеше.
Инаку @SaltNPepa јас фино и културно се обратив овде затоа што сметав дека има стручни лица кои ќе можат да ми дадат одговор, се јавив кај ветеринар и тоа беше тоа што ми го дадоа. Не знам зошто ме обвинуваш или мора во секоја ситуација овде на форум да постои некој препаметен кој ќе ги напаѓа членовите било какво прашање да постават.
Јас и без тоа ќе се консултирав со ветеринарен лекар побарав најдов а не благодарение на тебе. И друг пат ако сте за тоа на форум и ако воопшто оваа тема постои да му помага на членовите околу нивните миленици тогаш вршете си ја таа работа а не солете памет.
Ако си ти стручен ветеринар тогаш нема разлика дали ќе те прашам тебе или некој од амбуланта.. ама очигледно толку од стручноста,:rolleyes:
Поздрав!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom