Вести од светот на модата

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
news.gif


J. Lo ја престави својата нова модна линија



JenniferLopez.jpg


Џенифер Лопез ја престави својата нова модна колекција во Њу Јорк.

Судејки според виденото изгледа дека Џенифер Лопез го сменила познатиот стил "Jenny from the block" во стил за црвениот тепих.

Ревијата прикажана во склопот на Olympus Fashion Week, а во нејзе се преставена уште една модна надеж во жената која дека дизајнерството е нејзината последна окупација, после глумата, пеењето и играњето.
 
Италијанска компанија лансира џинс за муслимани

news.gif


Една италијанска компанија лансирала линија на фармерки наменети за муслимани, што според објаснувањето на производителот значи облека доволно широка за да можат верниците непречено да се поклонуваат додека се молат.

Фармерките за муслиманите веќе се наоѓаат во продажба во 40-сетина стоковни куќи во Италија.

Произведувачот на овие фармерки, со седиште во градот Удине, објави на Интернет дека панталоните се инспирирани од исламот и арапската култура. Фармерките се широки, со висок струк, наменети исклучиво за мажи, и овозможуваат пријатно поклонување за време на молитвата.
 
Paris Hilton го отвори London Fashion Week

news.gif

Со спектакуларна ревија на Julien Macdonald се отвори London Fashion Week, кој ќе трае до 19 февруари и во лондонскиот Natural History Museumu кои ќе учествуваат околу 50 модни дизајнери со своите креации.

Главната ѕвезда на првата вечер беше сеприсутната џет-сетерка Paris Hilton, која заедно со останатите манекенки ја претстави есенско-зимската колкеција за 2006-2007.

А каква би можела да биде ревијата со Paris Hilton ако не раскошна, гламурозна преполна со блескави дијамнати и вистинско крзно.

На Лондонскиот Fashion Week можеше да се видат колекциите на Preen, Paul Smith, Karen Walker, Aquascutum, а до недела ќе се појават и моделите на Betty Jackson, Basso & Brooke, Tristan Webber, Gharani Štrok и уште многу други светски дизајнери.
 
Victoria Beckham на насловната страница во шветските часописи

news.gif

Сопругата на богатиот фудбалер и мајка на три деца позираше за швецкиот часопис "Stureplan" во провокативен кастим за капење, прикажувајки го своето витка линија благодарејки на јапонската диета.

Викторија ќе се појави во шветските часописи откако пред многу години се појави како членка во групата "Spice Girls".

31-годишната шминкерка која ужива во шопингот очигледно сватила дека во соло музиката не може да просперира па затоа ја смени професијата и почна да дизајнира женска облека, а наскоро планира да направи и модна линија за деца.

Исто како и Мадона, најави дека ќе напише книга за деца. "Ако може она зашто не можам и јас" Изјави Викторија.

victoriabeckh17v.jpg
 
Усните на Памела ја откажаа послушноста

news.gif


Времето полека ја гази најпознатата силиконска убавица, Памела Андерсон. На најновите фотографии се гледа како силиконот во нејзините усни ја откажаа послушноста, освен ако со такви усни не се родила.

Памела неодамна потврди дека ќе се појави како гостин во филмското издание на "Baywatch". Оваа убавица, која во истоимената популарна серија глумеше кога имаше 20 години, и на тој начин многу лесно се пласира помеѓу славните. Понудата за филм и ја даде нејзиниот колега Дејвид Хаселхоф, популарниот Мич од истоимената серија.

Некои мислеле дека Памела ќе ја има една од главните улоги, но сега е откриено дека оригиналната постава во Baywatch кои до сега беа Кармен Електра и Трејси Бингам, ќе бидат заменети со нови и свежи девојки.

Ели Рот, која ќе ја дели режисерската палка со Хаселхоф, изјавила дека Baywatch едноставно не може да помине без појавувањето на Памела.

Дејвид Хаселхоф додава дека филмот ќе биде сниман на различни локации во светот, а во филмот ќе се појавува и спасител кој освен спасувањето на луѓето што се дават, ќе го решава и криминалот на плажата. Кармен Електра и Трејси Бингам исто така на кратко ќе се појават во филмот.

Дали до тогаш Памела ќе посети естетски хирург, останува да видиме на филмот.

PamelaAndersonUsne3v.jpg
PamelaAndersonUsne2v.jpg
 
Кармен Елетра се пали на Кејт Мос

news.gif

carmenelectra.jpg



Поранешната "Baywath" девојка, Кармен Електра, се заљубила во манекенката Кејт Мос. Заносната Кармен признала дека оваа девојка многу ја привлекува и дека сака набрзо што може да се запознае со неа.

"Ја обожавам Кејт Мос. Има најмногу стил од сите познати. Луѓето треба да ја оставаат на мир. Сакам да се запознаам со неа. Никој не може да ја порекне нејзината убавина и сексипил" - изјавила Кармен за Loaded магазинот, кој што ги објавил нејзините фотки на насловната како таа позира во бикини со дијаманти.

Кармен е омажена за гитаристот Дејв Навар, и кажала дека многу често жените сакаат да легнат со неа во кревет, бидејќи била вистински магнет за жени (лез или би).

"Сакам жени. Многу сакаат да ме однесат во кревет, тие понекогаш знаат да бидат попривлечни од машкитe." - додаде Кармен.

Кармен била кратко време во брак со Денис Родман, а бракот им бил полн со пијанство, тепачки и седење во полициски станици.
 
Џесика Алба најпосакувана жена за долги врски

news.gif

AlbaJessica.jpg

Околу 2,5 милиони мажи гласаа за жената со која би сакале да бидат во врска. За романтична вечера и прошетка најголем број мажи ја избрале Џесика Алба, а после неа следат актерките Сиена Милер и Анџелина Џоли.

Посетителите на интернет-страницата AskMen.com сметаат дека актерката Алба претставува „најдобар материјал за долготрајна врска”.

Тие биле повикани да гласаат со која жена најмногу сакаат да бидат во врска, со која можат да се оженат и за која сметаат дека би била најдобра за да стане мајка на нивните деца.
 
Angelina Jolie си го покажа стомачето

news.gif

Angelina_Pit.jpg
Чекањето на папараците конечно им се исплатеше да го сликаат заобленото стомаче на познатата секси актерка Angelina Jolie кога беше во посета на Хаите за време на едена хуманитарна акција.

Големата хуманитарка и идниот татко Брет Пит ја посетија оваа сиромашна држава каде што многу деца гладуваат, во склоп на акцијата "Yele Haiti".

Заљубениот пар го поминале цело попладне со дечињата од Хаити и им пружиле надеш за подобра иднина.

Angelina_Pit-big.jpg

jolieHaitiV.jpg
 
Џордан, новата Бонд девојка

news.gif

KatiePriceJordanToples.jpg

Во трката за новата Бонд девојка се вклучила и препрасната силиконка Кети Прајс ака Џордан, со што има на ум да глуми во улогата на Бонд девојка во новиот филм "Casino Royale".

"Сакаме да имаме една пин-ап девојка како главен крупие во касиното и Џордан кажа дека таа би сакала да ја глуми таа улога" - кажаа продуцентите кои што наскоро треба да започнат со снимањето на првите кадри на најновото Џејмс Бонд остварување.

За тоа време, глумицата која што неодамна роди син, во последно време им дели совети на младите мајки.

"Откако ќе добиете дете не смеете да се запуштите. Прво што треба да направите по породувањето е да отидете на фризер, бидејќи и понатаму треба да бидете атрактивен" - изјавила Џордан.

Џордан веднаш почна да се припрема за улогата сончајќи се топлес заедно со својата пријателка која што веднаш се загрижила дали пред филмските камери ќе има убав тен.

KatiePriceJordanToples4V.jpg

KatiePriceJordanToples1V.jpg

KatiePriceJordanToples3V.jpg
 
Лажна Парис Хилтон во BigBrother со славните личности

news.gif

LaznaParis.jpg

22-годишната Chantelle успеала да се вметне во популарното реално шоу заедно со Џоди Марш и Денис Родман само благодарејки на сличноста со славната милјонашка.

Секси плавушата се надева на слава, а нејзината ангенција која ги застапува двојниците на славниоте личности не се многу задоволни од нејзиното однесување.

Во една прилика лажната парис Хилтон ја одбила работата бидејќи цела вечер се забавувала и и повредила ногата, а вториот пат не се појавила бидејки си го изгорела лицето пржејки помфрит.
Истоа така се пофалила дека пее во групата Kandyfloos кој до сега никој жив не слушнал за таа група.

Родман веднаш и ги запазил нејзините "квалитети" па брзо ја одвлекол во кревет.
 
10те најубаво облечени жени за 2005та година

news.gif

KateMoss.jpg

Иако оваа година ќе се памти по скандали, Кејт Мос доби едно утешно признание - таа е прогласена за најдобро облечена жена за 2005 година.

31 годишната манекенка оваа година е снимека како шмрка кокаин, но тоа неа воопшто не и се одрази на нејзината кариера.

Според годишното истражување на магазинот Грација, Скарлет Џохансон е избрана како втора, а следна е Сиена Милер.

Ви ги пренесуваме оценките според гласовите од магазинот Грација:

1.Kate Moss
Сакале или не, таа во секој случај стана модна икона на нашето време.

2.Scarlett Johansson
Што и да облече Скарлет, на нејзината безпрекорна фигура изгледа одлично.

3.Sienna Miller
Милер најмногу привлекува внимание со нејзиниот слободен дух.

4.Gwen Stefani
Ги поминува границите кога станува збор за облекувањето. Сепак нејзиниот ексцентричен стил останува забележан.

GwenStefaniG1V.jpg


5.Nicole Kidman
Нејзиното тело е сон на секој дизајнер. Има долго нозе, а изгледа витко како риба.

6.Angelina Jolie
Таа има имиџ секогаш спремен за акција, таа стана симбол на женската елеганција.

7.Kirsten Dunst
Кристен се противи на секој холивудски тренд.

8.Jennifer Aniston
Таа е симбол на американска девојка, која што е секогаш културно облечена.

JenniferAnistonG1V.jpg


9.Keira Knightley
Привлекува особено внимание со нејзиниот нов стил - убава халина, мека коса и гламурозни кондури.

10.Victoria Beckham
Негува еден стил додека не и здосади и тогаш се одлучува за сосема нов.

VictoriaBeckhamG1V.jpg
 
news.gif

Децата на Анџелина Џоли кои ќе го имаат презимето Џоли-Пит.

Судијата Еван Спајгел од Лос Анџелес соопшти дека е прифатено барањето за промена на презимињата на децата на Анџелина Џоли кои ќе го имаат презимето Џоли-Пит.

Минатиот месец Бред Пит изјави дека планира да ги посвои двете деца на Џоли, четиригодишниот Медокс и едногодишниот Захар.

Тоа се објаснува и како подготовка на славната двојка за доаѓањето на нивното заедничко дете.
 
Карлеуша за 100.000 евра ќе рекламира долна облека

news.gif

Карлеуша за 100.000 евра ќе рекламира долна облека
sps_karleusa3V_dolna_obleka.jpg
Една од најпознатите српски турбо-фолк ѕвезди, убавата Јелена Карлеуша, ќе го зголеми своето не толку мало богатство рекламирајќи ја познатата Шпанската марка за долна женска облека "Womens Secret".

Имено, српскиот таблоид Курир објави дека Карлеуша ќе стане заштитно лице на компанијата "Womens Secret" за цела Европа.

"Јелена наскоро ќе потпише договор за реномираната шпанска компанија за долна облека Womens Secret и ќе стане најново заштитно лице! Како што се зборува овој ангажман е договорен за цена од 100.000 евра" - изјавија од Курир, добро информиран извор.

"Еден нејзин пријател ги покажал нејзините фотографии на главните луѓе од оваа компанија. Кога тие ги видоа - едноставно се воодушевија! Го замолиле да го испита теренот и да види колкави се шансите Карлеуша да стане заштитно лице на тој бренд. На неа секако оваа идеа и се чинела многу интересна и привлечна и од маркетиншки и од финансиски аспект па затоа веднаш се согласила" - додаде нејзиниот извор.​

karleusa3V_dolna_obleka.jpg



karleusa3V_dolna_obleka_02.jpg
 
Бритни снима фитнес видео за мајки

news.gif

Бритни снима фитнес видео за мајки
sps_BritneySexiV.jpg
После породувањето на синот Престон, поп принцезата после трудоста успеала брзо да ги симне вишокот на килограми и својата тајна сака да ја подели со другите новопечени мајки.

Иако таблоидите шушкале дека Бритни го симнала вишокот на килограми со помош на пластична операција, а посебно на стомакот, нејзината портпаролка изјавила дека таа е само една млада девојка која што многу брзо се вратила во топ форма.

Покрај неа тие фитнес вежби ги правеле и други познати жени кои што неодамна родиле и после тоа успеале да ослабнат, и со оглед на тоа ова видео многу добро би се продавало.

Бритни се надевала на многу среќен брачен живот, но нејзиниот сопруг Кевин, скоро никогаш не е дома, па затоа таа има многу нови планови.

Покрај фитнес видеото, таа безуспешно сака да се пикне во популарната ТВ серија "Домаќинки", со што таа сака втор пат да се појави пред камерите во Холивуд. Ја чека и продолжетокот на музичката кариера, па затоа нејзината мајка ќе мора да ја превземе улогата на бејбиситерка.​
 
Кејт Мос: Топлес издание на Карибите

news.gif

Кејт Мос: Топлес издание на Карибите
sps_KateMossK2V_toples.jpg
Кејт Мос се одмара на плажите на Карибите во топлес издание. Неодамна таа беше во центарот на вниманието поврзано со нејзината афера за конзумирање на кокаин.

Супермоделот се опоравува на заливот St. Bart со тригодишната ќерка Лили Грејс и нејзината дадилка, по повод за фотосесијата што Кејт треба да ја презентира за накитот на David Yurman.

Да потсетиме, после скандалот поврзан со конзумирање на кокаин, Кејт ги изгуби договорите со Шанел и H&M, а наскоро ќе потпише договор со компанијата Vrigin Mobile.

За тоа време нејзиниот бивши дечко Pete Doherty е на рехабилитација во американската клиника, од која што таа неодамна излезе.

Doherty отиде на лечење бидејки тоа е еден од условите за да тие двајца повторно бидат заедно. Тој вели дека се осеќа осамено после убедувањето на Кејтината мајка, Линда и нејзините пријатели за разделувањето на овој наркомански пар.​

KateMossK1V_toples.jpg



KateMossK34V_toples.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom