Верувате ли во СОВРШЕНСТВО?

  • Креатор на темата Креатор на темата ANAMSHA
  • Време на започнување Време на започнување
Не верувам дека постои совршенство, според мене се зависи од тоа како ние самите гледаме на нештото...Доколку нас тоа нешто во моментот не исполнува, односно ништо друго не ни е потребно тогаш освен тоа, можеби ние гледаме на истото како да е совршено(иако не е), но не значи дека и друг гледа на истото така...Сите сме различни, така да јас мислам дека не постои нешто за кое секој би рекол дека е совршено...
 
Совршенство??? ПЕРФЕКЦИЈА??? како сакаш кажи , со колку сакаш фрази и јазици и зборови , постои само као збор кој е создаден да објасни нешто што е без никаква мана, аномалија, се што е под конец, и се НАЈ НАЈ но дали постои бар еден човек , бар една мисла , или еден разум кој не е оцрнет ? нема совршено ..... тоа е факт :smir:
 
реално не постои совршенство, но јас преферирам да си замислам дека фиктивно постои и да се стремам кон него.со таков ставсигурно идесх напред.
 
Според мене, совршенството сме го сретнале многу пати во нашите животи... може да се каже и премногу пати, само што секогаш кога ке го осетиме во себе си викаме....не ова не е можно, неможе да е вака, мора да има некоја грешка, и дури и да не постои ништо лошо ние го изнаоѓаме, го измислуваме, и совршенството го правиме несовршено... Мислам дека грубата реалност не прави толку отпорни, што буквално забораваме дека може да се случуваат и комплетно добри работи со ни една црна точка во нив...
Дури и jing jang е смислено од човек...не е паднато од небо...
незнам...ова е мое мислење
понекогаш треба да оставиме доброто да е добро, да не го анализираме премногу... сигурна сум дека ќе се изненадиме од резултатот, совршенство:toe:!
:smir:позз

П.С. Мислам дека совршенството е преценето, и од него е направена недостижна работа, а всушност може да се сретне мнооогу често...
 
Секој различно го сваќа овој збор, никој не е доволно совршен...може само да се каже дека живото е совршен и ништо друго...
 
Нема совршенство, на пример во врска со човекот, тој може само да се доближи до совршенството преку неговите постапки и дела, а да биде совршен никогаш :toe:

Додека за се друго, за животот, за природата, се зависи на начинот на кој ги гледаме нештата ако гледаме на нешто како совршено такво и ќе биде :smir:
 
Човечкото тело и организам е совршен.
 
секој "СОВРШЕНОТО" го гледа во различни нешта
секој има различно "СОВРШЕНО"
како фразата..
everyone has a different perfect.. is just so happens my prefect is in you (:
:pipi:


па затоа..
"дали постои бар еден човек, бар една мисла, или еден разум кој не е оцрнет?"
оцрнет е од оние луѓе кои нивното СОВРШЕНО не го наоѓаат на тоа место ..
 
Совршенство не постои. Може нештото да биде само подобро или полошо. А и кога нешто гледаш да биде најдобро и совршено, пак нешто ќе фали за да не биде целосно/совршено.

:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom