Верувате ли во СОВРШЕНСТВО?

  • Креатор на темата Креатор на темата ANAMSHA
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам дали постои совршенство..но знам дека сите живееме за да го најдеме совршенството..трагаме по него цел живот.. Тоа (според мене) е смислата на животот..:toe:
 
Не верувам во совршенството и сметам дека ништо и никој/а не е идеален/на.И самиот свет не е цовршен туку е полн спо страдања на невини и немоќни а богатите и моќните се расфрлаат со своето расипништво.
 
Ne veruvam deka postoi sovrsenstvo nikoj ne e sovrsen i kolku i da se obiduvame da dojdeme do sovrsenstvoto svakame deka sme ponazad otkolku i sto sme mislele
 
Не верувам дека постои совршенство... Едноставно би било премногу добро за да постои...
 
Дали верувате во совршенство,како моменти кои што доколку би имале моќ да ги измените не би измениле ниту една најмала работа, ниту една најмала минута во нив? Дали мислите дека воопшто постои такво нешто, таков збор, таква појава, нешто што целосно ве исполнува и не му фали ама апсолутно ништо?
Зошто да не верувам во нешто кое што го имам искусено ако така се дефинира совршенството, како момент, иако јас би потенцирала дека е состојбата во која што сме додека постои моментот, минутата, саатот, денот ...
Нормално дека постојат работи кои што ме исполнуваат, за кои работам, за кои се борам, работи кои што се моето совршенство.
 
Ако постоеше совршенство и ако сме го достигнале, кој би бил мотивот за наше понатамошно постоење?
 
Ако постоеше совршенство и ако сме го достигнале, кој би бил мотивот за наше понатамошно постоење?

Квази-патриотизмот зачинет со хејтеризам на се од машки пол и пошироко.
Колку не сакам луѓе што не читаат постови, чудо едно!
 
сега за сега не сум слушнал дека има нешто што е совршено , а не се ни надевам дека наскоро ќе се случи тоа , зошто според мене обидите да се стигне до совршенство е како броење до бесконечност.
Јас искрено никогаш не се ни обидувам го постигнам совршенството , но секогаш се трудам барем да бидам колку е можно поблиску до тоа.
заклучок СОВРШЕНСТВО можеби постои но за нас обичните смртници е не достижно.
 
Дали верувате во совршенство,како моменти кои што доколку би имале моќ да ги измените не би измениле ниту една најмала работа, ниту една најмала минута во нив? Дали мислите дека воопшто постои такво нешто, таков збор, таква појава, нешто што целосно ве исполнува и не му фали ама апсолутно ништо?

Не постои совршен живот но,постои совршенство во мигови кои знаат да траат секунда,час,ден,недела,месец,година,деценија....само доколку го гледаме како наше совршенство.
 
Според мене не постои совршенство. Сите тежнееме кон тоа но никој не го пронајдува она "вистинско" совршенство, секогаш недостига некој мал детал за да биде најнај...
 
постои совршенство во скоро се околу нас, само ние не сме доволно совршени за да видиме
 
Верувам во совршенство, совршени се вистинските емоции, вистинската љубов на која доколку ја имаме не би сакале да ја менуваме затоа што би го смениле нејзиното совршено влијание врз нас, совршени се сите нешта додека не започнеме да им ги пронаоѓаме недостатоците, затоа што нашите сетила се оние кои ја детерминираат перцепцијата за светот.
Нема поим за совршено, самите го креираме, објективното е лесно да биде совршено во овој поглед, духовното-секој треба да го насочи кон совршеното , затоа што постои се додека длабоко во себе знаеме дека е така . А е...
 
Зависи до каде сме ја поставиле ние границата на совршенство, но има некоја точка која можеме ние да ја наречеме доволна, но не и совршена.И совршен според мене не е никој,и самиот јас не сум совршен, сите правиме грешки и неверувам дека некогаш ќе бидат сите совршени но сите чекориме по патот до совршенство.
 
Квази-патриотизмот зачинет со хејтеризам на се од машки пол и пошироко.
Колку не сакам луѓе што не читаат постови, чудо едно!
Психоанализата дефинитивно не ти е јака страна, а и тактот исто така. Постот кажува дека сум перфекционист и скептик, или како што јас се дефинирам сама себе, осознаен оптимист. Убавите моменти ме провоцираат да се осмелам да достигнам уште поубави, да трагам без запир, ќе да е тоа проклетството на трепетликата во моите гени......
Инаку вистински, а не квази си ја сакам татковината, а уште повистински сум педер, сакам мажи, нека ми судат за гревот, море и на клада нека ме запалат ако треба:pos2:, ама, не се чувствувам инфериорно во однос на нив:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom