Верувате ли во СОВРШЕНСТВО?

  • Креатор на темата Креатор на темата ANAMSHA
  • Време на започнување Време на започнување
:helou: човекот е совршенството :smir: :smir: :smir:
 
Prashanjeto e kako voopshto ke znaete deka nesto e sovrshenstvo..
Vo odnos na sto ke go sporedite???
 
СОВРШЕНСТВО ПОСТОИ само ретки се оние кои можат да го достигнат затоа човекот е егоист- колку повеќе има тој толку повеќе ќе бара........оние луѓе кои се амбициозни но и си ги задоволуваат своите амбиции и притоа знаат да кажат-сега е доволно....во тој момент тие го почувствувале совршенството....
 
Совршенство како совршенство не може да постои затоа што за секој човек тоа е различно.Сите ние бараме совршенство.Но секогаш има некоја мана.Ако ја преминеме можеме да кажеме дека е совршено но за нас не и за останатите.
 
Постои само нешто што може да биде блиску до совршенство ако ги прикрива маните а истакнува квалитетите ама секогаш ќе зависи од тоа кој како гледа на тие квалитети.
 
~*~

Дали верувате во совршенство,како моменти кои што доколку би имале моќ да ги измените не би измениле ниту една најмала работа, ниту една најмала минута во нив? Дали мислите дека воопшто постои такво нешто, таков збор, таква појава, нешто што целосно ве исполнува и не му фали ама апсолутно ништо?

Секако дека постои совршенство, фактот дека луѓето тоа си го поставуваат како мерка/граница која што не можат да ја достигнат е сосема друга тематика.
Поимот е тука за да биде реализиран, битниот фактор е дека сите гледаме на совршенството на различен начин, впрочем како и на се друго.Совршенство по сопствени мерила и стандарди.
Сум го имала совршенството и ќе го имам во иднина, се разбира, моментите во кои што не ми треба апсолутно ништо друго освен тоа што го имам.Тоа е просто ... совршено.
 
Не постои совршенство, не постои совршен партнер, совршена врска, совршен живот, бидејќи секогаш ќе сакаме нешто повеќе, но постои совршенство во некои ситници кои во еден миг значат многу.
Совршенство... некој умира од жед, единтвено нешто кое му е потребно тогаш е капка вода, мигот кога ќе ја угаси жедта е совршен, капките вода се совршени.
 
Не постои совршенство, но сепак она што е за мене совршенство може за некој да е тотална глупост. Би рекол дека некогаш знам да барам нештата да се совршени, но и кога не се знам да се задоволам со она што го имам, едноставно тоа си е мое и совршено е за мене.
 
Се сложувам со тие што мислат дека совршенство не постои. Така е изгледа, нема никој ни блиску до совршенство.

И човекот е предалеку за совршенството, така да можеме да кажеме дека не постои или дека постои ама ние, секој на свој начин си го замислуваме.
 
секогаш постои, секогаш кога го гледаш она без кое срцето не може, и знаеш во себе дека нема ништо поубаво од него на целиот свет, нема ништо што можеш така да сакаш, постојат и тие, совршените зборови кои срцето знае дека нема од никој друг да ги чуе, ниту може некогаш на некој друг да ги каже, знаеш дека совршен е кога ќе го сретнеш Ангелот и гледаш во него дека толку ист е како што верувало срцето секогаш.
 
Јас верувам дека работите се или блиску до совршени или далеку од
совршени.Не верувам во совршенство оти ниту јас ниту вие немаме видено нешто шо е совршено за нас, а нема ни да видиме.
 
Ма какво совршенство бе. нема ништо без мана, се нешто мора да киксира.:toe:
 
Не верувам во совршенство и не го ни посакувам совршенството. Па замислете колку би бил монотен светов кога сите би биле совршени!?
 
Veruvam vo SOVRSENSTVO,sitnicite go pravat sovrsenstvoto jas sum sitnicar i znam deka eden den ke e se sovrseno i bas kako sto zamisluvam deka ke bide isto taka veruvam i vo SOVRSENA LJUBOV MMMMMMM MI SE OSTVARUVA :back:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom