Верувате ли во психијатрија/психологија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали верувате дека психијатријата и психологијата се науки?


  • Вкупно гласачи
    87
...одговорот стои во самото прашање...дали верувате...е ако верувате тогаш и помага :)
 
Прво, нема шо да верваш или не на нешто кое постои и има добар % на позитивни резултати. За жал, има психолози кои не се доволно стручни за клиничка пракса и требало да се насочат на нешто друго.

Второ, психологот, ни пак психијатарот, не се тука да ви ги решат проблемите. Тие ви помагаат да стигнете до коренот на проблемот, и да видат работи од професионален аспект додека зборувате што самите вие и пријателите околу вас не можат да видат. Пример, ќе ве праша која ви е најрана меморија со мајка ви и вие ќе кажите. За вас е само меморија ама зависно кога ви е најраната меморија и каква, има одредено значење за психологот и го насочува разговорот соодветно. Многу од проблемите со ментално здравје се манифестираат покасно, а започнале ради "грешка" во некои рани стадиуми на развој.

Трето, ако сакате некој да ви реши проблемите, најдете си советувач.
 
Не верувам во психолози зошто да се трујам во еден куп седативи што ќе ми ги препишат и притоа да станам зависник од нив и да си ги оштетам желудникот и црниот дроб...
 
Не верувам во психолози зошто да се трујам во еден куп седативи што ќе ми ги препишат и притоа да станам зависник од нив и да си ги оштетам желудникот и црниот дроб...
Психолог не смеј да ти препиши лекови. Психолог најчесто држи психотерапија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom