- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.834
- Поени од реакции
- 8.869
PurplePuma овој дел од твоето излагање ми забоде во очи:
За мене, да одлучам дали е нешто правилно, треба да ,,пројде,, само едно прашање:
- Дали тоа нешто, на било каков начин, попречува некоја друга личност да го живее својот живот како што сака?
Ако тоа нешто, на никаков начин не попречува никого, прифаќам.
е сега, јас верувам дека ако направам споредба со една друга твоја тема (забрана за деца во кафичи/ресторани) е контрадикторно.
да се вратам на оргиналната идеа на темата, верувањето (односно ставовите за нешто/некој) ги градиме од мали нозе. но, нашата (читај МОЈАТА) верба е вистина само за мене!!! за да имаме став, некакво верување, во денешно време потребни се две работи. вродени квалитети и социјалното опкружување. под вродени квалитети подразбирам афинитети спрема...... .... емоцијалност, НЕемоцијалност, инертен,.... да не набројувам уште. од тука почнува СЕ'. ако опкружувањето го поддржува некое од вродените својства, тогаш знаеме каква личност ќе испадне. да се задржам со примерот со музиката. детето се раѓа со вроден афинитет кон турбо фолкот!!! некој ќе каже “како па да не“. но така е, ако мајката додека била бремена по дома си слушала таква музика, тогаш тоа дете уште во утробата било бомбардирано со тој стил. нормално, кога ќе се роди детето и не се случи некоја голема промена, тоа дете ќе ја обожава цеца и ќе верува дека е најдобра.
но што се случува ако опкружувањето не ги подржува некои од афинитетите? пак со примеров. ако мајката се разведе додека е трудна, или набрзно по раѓањето на детето, ..... па најде нов партнер кој слуша метал (иако реално многу тешко да може да се спојат металец и фолкер), и од тој мом мајката почне да слуша метал по дома, ...... по неколку години детето ќе развие верување дека iron maden се цареви.
и трета опција е дека и покрај влијанието од околината тоа ќе си тера по турбо фолкот. ова последново е најмногу видливо (приметливо) кај неедуцираните или слабо едуцираните луѓе. зошто? па затоа што нема доволно информации за да може да донесе “реално“ верување.
а во светов најмногу е застапено првото. не тука така се менува средина.
Постов ти е страхотии.
Прво онака имам ,,збуњен,, фаца околу мојата контрадикторност, бидејќи, многу е просто.
Пример - носи си го детето во кафич, се додека не смета на другите.
Тоа беше мојот став низ цела тема, но за таа тема таму, не тука.
Вториов дел ти е бабини деветини. Тоа што плодот е способен да слуша, не значи и дека е способен да запамти ,,а сечаш ли се грому мој,,. Не, нема врска пренаталниот живот со афинитетите.
Генетското наследство има, но тоа е во вид на таленти и дарби, а не во вид на преферирана музика.
Е, откако ќе се роди, влијае семејството при изборот на се, вклучително и музика.
Музика како музика, не можеме да ја мериме онака како што ти замислуваш. Бидејќи, за многу луѓе класичната музика е единствена која претставува богатство, не знам, се релаксираат со класична музика, спијат итн.
Затоа се концентрирав на музика која има текст, затоа што немам намера да анализирам труби, програми за миксање и гитари, туку согласноста на еден човек (со тоа што се соживува со одредена песна) во однос на текстот.
Не мора да е турбо фолк, раке пуке раке шлаке има и во другите жанрови, турбофолкот го посочив како тињата на Балканот.
Не ми е целта во тема ,,верувања,, да оправам музички вкусови, затоа можеме да дискутираме околу моралните убедувања и верувања на луѓето кои во сабота навечер, облечени далеку од пристојно, со однесување далеку од пристојно пеат ,,знае ли некој шо е поза 69,, а истите тие следниот ден палат свеќи во црква.
Тоа мене ми зборува колку недоволно изградени ставови и верувања имаат луѓето, а не кој какво ,,уво,, има.
Во секој случај, тезата за пренаталниот музички афинитет, ти е неточна.
--- надополнето: 31 мај 2013 во 02:53 ---
Тврдам. прашај ја пумата ако не веруваш, таа знае фетусите што слушаат и што гледаат додека се во матката.
Знам, по нешто.
