D
Daedalus
Гостин
Ако има слична тема, ги замолувам модераторите да го префрлат текстов во истата.
Темата е за верувањата и како луѓето ги основаат своите погледи и ставови за било што, започнувајќи од нивниот љубовен живот, секојдневните и општи појави и завршувајќи со нивните религиозни погледи. Дали луѓето секогаш ги базираат своите ставови на реални и вистинити фактори или своите верувања ги основаат како резултат на нивните емотивни потреби или други работи кои не се поврзани со реалноста и точноста на верувањето само по себе?
Од друга страна, дали ставовите кои се поврзани со музиката, уметноста или било што друго за што не може да постои објективност имаат иста тежина како и ставовите кои можат да бидат поткрепени од евиденцијата? Моралните гледишта кои го содржат зборот "добро/лошо", "убаво/грдо", "балансирано" и слични зборови најчесто не се поврзани со реалноста туку со личното доживување на истата. Тие сепак се подеднакво валидни во умот на тој што ги верува како и било кое друго знаење.
Дали Пикасо е подобар од Салвадор Дали е нешто што не може да биде објективно проценето додека пак дали телата паѓаат со 9.81 м/с^2 е нешто што може да биде проверено и докажано и постои веројатност за вистинитоста на истото. Некои сметаат дека моралните гледишта може да содржат рационална премиса позади нив додека пак други сметаат дека не постои критериум кој ќе процени што е убаво а што не, што е морално а што не. Тоа е дебата која е обемна и кадешто и двете страни нудат свои причини за тоа што го тврдат.
Некои студии покажуваат дека цврстината на нечие верување која може да верира од фанатизам до променлив светоглед, не зависи од веродостојноста на ставот сам по себе туку од други фактори кои се од емотивен карактер. Со други зборови, можеш да веруваш во тотално невистинита работа поцврсто неголи во нешто друго што може да е многу вистинито.
Механиката преку која се создава верувањето е важна како и самите критериуми на човекот кој го има верувањето. Дали некој ги зема сите фактори во предвид, дали ја разгледува обемноста и квалитетот на евиденцијата која е понудена и дали ги вклучува емоциите како важни и релијабилни при создавањето на своето верување, влијае на тоа дали истото ќе биде прифатено и каква ќе биде природата на самото верување или став околу нешто.
Колку "силно" некој верува во нешто не е поврзано со тоа колку е истото вистинито.
Честопати, луѓето ги создаваат своите верувања како резултат на потребата да се вклопат во мнозинството, да ги задоволат своите лични интереси, веруваат на лажни авторитети и слично.
Кој е вашиот став на темава?
Кои се вашите критериуми за тоа кое верување ќе го прифатите како точно?
Како ги создавате вашите ставови за секојдневните работи и воопшто светот околу вас?